„Национализмот е најголем непријател на мирот“, како што кажал Џорџ Орвел и затоа сметам дека има огромна разлика помеѓу национализмот и патриотизмот. Национализмот негува културно наследство кон јазикот на својата нација и доведува до чувство на ривалство со останатите, и непочитување и неподнесување на подредените. Додека, патриотизмот повеќе се базира на емпатија и вреднување на вредносен систем кон својата нација. Ако сум патриот го сакам својот народ, но, истовремено ги почитувам и останатите, ги почитувам различностите, додека кај национализмот – ги сакам толку многу моите што другите не можам да ги смислам“.
Акиф Кариман
Кариман: Политичарите да се борат против национализмот, а не да го хранат
07 август 2018 година