• Latest

Неделна анализа: Завеана Македонија пред нови политички предизвици!

January 9, 2017

Синдикатот на „Нова“ и „Радар“ бара повлекување на одлуките за затворање на весникот и отпуштање на соработници

October 28, 2026
Немања Каровиќ, Студентска листа

Каровиќ, Студентска листа: Власта во заминување се обидела да извлече милијарда динари од банка во Србија

October 28, 2026

Израел по изборите: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена околу формирањето нова влада

October 28, 2026
Неуморни и сеприсутни: Државната служба  за вонредни состојби на Украина (ДСНС): Кијив, 27 октомври 2026

Студот и темнината како оружје на рускиот агресор – Комисија на ОН: воени злосторства и злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Протести во Франција: Владата најави мерки од 5 милијарди евра, нови протести на 31 октомври и 5 ноември

October 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Кој ќе биде оревокршач во Македонија

October 28, 2026
Амбасада на Израел, Белград,  28 октомври 2026 (Фото: Министерство за внатрешни работи на  Србија)

Втор напад за две години пред израелската амбасада во Белград, прогласено црвено ниво на закана

October 28, 2026

ШТО Е СНОБ: Легендата за sine nobilitate и опседнатоста со докажување на сопствената вредност

October 28, 2026
Џелал Хоџиќ

Време е да се растераат темните облаци на Путин над Западен Балкан

October 28, 2026

РЕАКЦИИ: Србија по студентската победа – надеж за промени или страв од повторување на старите грешки?

October 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Неделна анализа: Завеана Македонија пред нови политички предизвици!

January 9, 2017 18:27
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Еродирана Македонија по сите шавови, со институции во празнична еуфорија, изминатава недела остана завеана, дури и со отсечена метропола речиси цел ден. Врвот на „успешната“ социјална политика беше бездомникот кој на минус 28 степени го загуби животот, додека социјалните работници го славеа Божик. А, ниту Нова година, ниту свечените литургии за Божик, не ги избришаа обвиненијата на актуелните политичари од владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

Календарски, новата страница Македонија ја започна со полни, испишани страници со безброј општествено-политички и економски проблеми. А, граѓаните смрзнати, исплашени дали ќе имаат доволно средства за греење ако продолжи поларната зима, празничното расположени го заменија со неизвесноста околу исходот на политичката криза, по Пржинскиот договор и предвремените парламентарни избори на 11-ти декември.

untitled

ДУИ, Беса и Алијанса за Албанците усвоија заедничка Платформа

Усвоена Платформа на партиите на етничките Албанци

По советувањата во Тирана и Приштина, лидерите на партиите на етничките Албанци во Македонија, ја усвоија Платформата којашто е услов за коалицирање со идниот партнер во владата. Свесни дека имаат клучна улога во формирањето на идната коалиција, ДУИ, Алијансата за Албанците и Беса составија 30 барања, а „Платформата  е со рок за нивна имплементација. Меѓу нив, постигнување на целосна еднаквост во согласност со Охридскиот договор и Уставот, строга примена на принципот на мултиетничност на Уставот на Република Македонија, каде Албанците се признаени како државотворен народ. Поддршка на секоја законска или уставна иницијатива со која се зајакнува етничката еднаквост на албанското население. Постигнување на целосна јазична еднаквост, употреба на албанскиот јазик на сите нивоа на власта, и обезбедување на неговата употреба како основно и уставно право.Во Уставот да стои ‘македонскиот јазик и неговото кирилско писмо, албанскиот јазик и неговото писмо се службени јазици во Република Македонија’. Сеопфатна дебата за државното знаме, химната и грбот на Република Македонија, со цел државните симболи да ја одразуваат државната мултиетничност и етничката еднаквост. Усвојување на резолуција во Собранието, со која се осудува геноцидот врз албанскиот народ во Македонија во периодот 1912-1956, поддршка на непристрасното работење на Специјалното обвинителство, без етнички и политички предрасуди…“

Овие барања на ДУИ, Беса и Алијансата за Албанците дополнително ги разбрануваа духовите, а политиколозите и аналитичарите се со оценки дека Платформата ја усложнува и така сложената политичка состојба во државата.

proslava-pred-palata2

Македонската јавност во очекување на нова влада

Иако легитимноста на изборите на 11-ти декември и целиот изборен процес за овие превремени парламентарни избори се многу дискутабилни, со фактот што Државната изборна комисија ги додели мандатите на идните пратеници, а  на првата конститутивна седница се и одобрени, исполнети се формално условите за следниот чекор. Со оглед на мнозинството од 51 пратенички мандат, ВМРО-ДПМНЕ, го доби мандататот од претседателот Ѓорге Иванов. Но, останува неизвесно, кои потези ќе ги повлечат партиите следниве 20 дена.

Многу прашања се отворени: дали сите партии на етничките Албанци ќе се согласат да седнат на тркалезна маса со Груевски, кој е обвинет за кривични дела од аферата „Прислушување“ и колку тој е подготвен во име на своето членство да отстапи, ако се имаат предвид жестоките навреди и националистичката реторика за време на изборите, упатена до етничките Албанци во Македонија.

Кочено, дали СДСМ на Зоран Заев, која освои 49 мандати, сега ќе биде новата владејачка партија која ќе ги договара деталите од албанската „Платформа“ или нé чекаат нови избори во септември?

vanhaute-civil

Ванхауте со пораки до македонските пратеници

Меѓународната јавност со препораки да се формира стабилна Влада

Меѓународната јавност будно ја следи состојбата во Македонија. Остануваат препораките да се формира стабилна Влада, којашто ќе ги реализира потпишаните политичи договори, земјата да продолжи по патот на реформи за враќање на владеењето на правото, на слободата на медиумите, за враќање на демократијата…

А, белгискиот дипломат Питер Ванхауте на македонските парламентарци им порача да изберат спикер на парламентот, без да чекаат нова Влада. Спикер кој ќе биде „среќно решение за сите парламентарни партии“. Тој му порача и на претседателот Ѓорге Иванов, да му го довери мандатот за нова влада, на кандидат за кој верува дека нема да ја „доуништи македонската демократија и кој, меѓу другото, ќе се залага за доследна работа на Специјалното јавно обвинителство, и независно македонското судство во целина.

Моника Талеска

Tags: БесаДУИизбориМакедонијаплатформаснегЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ