• Latest

Недоследност, неодговорност, незрелост… И скандали

May 26, 2020

Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

October 30, 2025
Фото: Град Скопје

Арсовска го назначи Александар Јовановски за нов в.д. директор на Комунална хигиена – Скопје

October 30, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО ТЕТОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

October 30, 2025
Тепање на руски војник со повикувачки знак „Фикса“ од 80-тиот тенковски полк на 90-та тенковска дивизија на Централната група. Фотографија: Скриншот од видео разговор со роднини/Верстка

Руските армиски началници мачат и егзекутираат војници кои одбиваат да се борат во Украина, открива истрагата на независниот медиум Верстка

October 30, 2025

Словенечкиот проблем: Кога стравот станува политика

October 30, 2025

Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

October 30, 2025
Скриншот од видео на CNN-News18

„Ова беше колеж, а не операција“- фавелата се тресе од најсмртоносниот полициски напад во Рио

October 30, 2025
Фотографија: Скриншот

Аналитичари за укинувањето на санкциите за Додик -„возвратена услуга“ за повлекувањето од функцијата претседател на РС, аналитичарите за укинувањето на санкциите за Додик

October 30, 2025

Нов фронт меѓу Албанците: Таравари и Села се борат за печат, а електоратот бега и апстинира!

October 30, 2025
Скриншот од видео на Firstpost

„Убиваа цивили во нивните кревети“- хаос и бруталност владеат во Судан по падот на Ел Фашер

October 30, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ТЕЖИШТЕ

Недоследност, неодговорност, незрелост… И скандали

Овде ни оддалеку не се работи за тоа да се анализира само дволичноста, туку да се разбере фактот дека се работи за сосема различни, поточно, спротивставени концепти и постапки кои немаат врска една со друга. Од една страна се хуманитарните активности, а од друга - партиска пропаганда која кризата со коронавирусот ја злоупотребува за свои цели.

May 26, 2020 09:59
in ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТЕЖИШТЕ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Со различен интензитет, Мицкоски(!) од ВМРО-ДПМНЕ ја бомбардира јавноста со повици за предвремени парламентарни, без малку од првиот ден кога беше поставен за претседател на партијата. Сега, кога му се на тацна, тој ги одбива, одолговлекува и блокира. Причините за тоа се познати. Неговиот трон се ниша („Пердуви летаат…“), затоа што и неговите најблиски соработници, освен што се лакоми за моќ, реално оценуваат дека е пропаднат, не само како спортист.

Истовремено, тој и неговата партија, заедно со клерот, антиваксерите, путинистите, анти 5Г рамноземците, квази зелените „природњаци“ и други параноици, прикриено или отворено повикуваат на непочитување на мерките за заштита од коронавирусот. Да не заборавиме, во истата насока одат и настаните поврзани со поглаварот-љубовџија (оној што се ожени со 50 години помладо чупе), кој прогласи смрт на коронавирусот. Џанам, со сабјата сам го убил. На врвот од овој горчлив колач, најгласен и со најмоќна агитпроп машинерија зад себе, се наоѓа Мицкоски(!) и, се разбира, неговиот шеф од Будимпешта.

Додека тонат во „отсјајот“ на секојдневните скандали, Мицкоски(!) и неговиот „технички“ Наќе, поврзани токму со непочитување и минирање на мерките за заштита од коронавирусот, непрекинато ги повторуваат фразите дека се загрижени за јавното здравје. Но никако не им текнува да се откажат од еден милион евра, колку што изнесува државниот буџет за нивната партија, а милионските долгови да ги покријат со огромниот капитал со кој располагаат.

Не го видовме ниту Мицкоски(!), ниту било кој друг функционер на ВМРО-ДПМНЕ да донира пари за солидарниот фонд за борба против коронавирусот. Но затоа агитпроп машинеријата им работи со полна пареа, почнувајќи од опскурни Фесјбук страници како Јован Кукузел, завршувајќи со ТВ Алфа и интернет куртоните, како што би ги нарекол самиот Латас. За тоа се потребни пари. Наместо за солидарност, тие ги трошат парите на црна пропаганда со лажни вести и говор на омразата.

Со изјави чии ефекти траат само до следната контрадикторна изјава, а некогаш и само неколку секунди, Мицкоски(!) и неговиот политичко-пропаганден ентураж, веќе одамна (никогаш) не нудат доследност и аргументи во јавната комуникација. Со своето дејствување на јавната и политичката сцена, не само што не придонесуваат кон општите напори да се победи злото на пандемијата, туку се обидуваат да го разнишаат системот на тој начин што го загрозуваат јавното здравје.

Европските и светските институции веќе одамна прогласија дека светот е зафатен со инфодемијата која ја генерираат и шират одредени антизападни центри на моќта. Однесувањето на Мицкоски(!), на неговата партија и на нивните истомисленици е идентично на однесувањето на тие центри. Накратко, недоследноста, неодговорноста, незрелоста и скандалозните постапки на Мицкоски (!) и на блиските до него, им станаа заштитен знак (или „математички“, 3хН+С: недоследност, неодговорност, незрелост + скандал).

Колку и да се обидуваме, не можеме да ги наброиме сите изјави и постапки што се аргументи за формирање на овој став. Само еден од многуте примери е тврдењето дека јавното здравство располага само со 100 тестови, по што јавноста беше крајно вознемирена, со право. За среќа, тоа беше лажна вест, побиена веднаш, со околу 10.000 тестирања. Солидарноста што ја манифестираат граѓанките и граѓаните, за Мицкоски(!) е кампања на СДСМ за поткуп на гласачи. Нивните експерти за водење агитација и пропаганда сигурно се фаќаат за глава, бидејќи настапите на Мицкоски(!), на крајот, оди во прилог на СДСМ, но тоа е веќе внатрешна работа на оваа структура.

Навистина, има обиди за вклучување на ВМРО-ДПМНЕ (задоцнето) во делењето хуманитарна помош, но исклучиво со партиски ознаки. Но тоа, според нив, не е поткуп. Значи, кога СДСМ помага, тоа е поткуп на гласачи, а кога некој пакет ќе подели ВМРО-ДПМНЕ, тоа е хуманитарна акција. Некои ова би го опишале како двоен аршин…

Заинтересираните може да се уверат во ова со преглед на социјалните профили на партиски функционери на партијата на Мицкоски(!), од кои се гледа дека водат партиски организирана кампања во која делат пакети со помош. Комитетите на ВМРО-ДПМНЕ, со не мало задоцнување во оваа криза, биле во општините Битола, Куманово, Штип, Петровец, Гази Баба и неколку други, каде што посетиле по неколку сиромашни семејства. Според нив, тоа е хуман гест, што секако не смее да се одрече, но само доколку не се злоупотреби во политички цели. Особено не ако тоа го прави и некој друг (граѓани, поединци и групи), а тие тоа го етикетираат како поткуп. Да не говориме за тоа дека на фотографиите на социјалните мрежи може да се забележат партиски симболи на пакетите. Тоа е попрво предизборна кампања, а не хуманитарна акција. Нека е и кампања, ама редно е да се каже тоа.

Наспроти овој пример, стои хуманитарната акција на граѓански здруженија и активисти во Струмица. За ВМРО-ДПМНЕ тоа беше поткуп организиран од СДСМ, но и повод да се интервенира со полиција преку техничкиот министер за внатрешни работи. Наќе Чулев испрати конвој со шест полициски возила. Според сведоштвата, млади луѓе, волонтери што учествуваа во акцијата, беа малтретирани и апсени во овој „херојски“ подвиг на техничкиот министер кој, во меѓувреме, се „прослави“ и со изјавата дека ракавиците на високите полициски службеници во придружба на Мицкоски(!) во скандалот „Теретана“ е само отсјај од светлината, а не ракавици.

Струмичките волонтери, дел од граѓанско здружение, пакуваа хуманитарна помош која потоа ја предаваат во општинскиот кризен штаб, дел од системот за справување со корона кризата. Ако тоа беше повод за малтретирање и апсење, што е вон секоја логика, каде е првиот „технички“ полицаец кога ВМРО-ДПМНЕ дистрибуира пакети со партиски ознаки и тоа го разгласува наоколу во манир на типична партиска кампања? Од функционирањето на МВР(О) овие месеци, произлегува и логичното прашање: „Колку министерства за внатрешни работи има во нашата земја?“

Значи, овде ни оддалеку не се работи за тоа да се анализира само дволичноста и „формулата“ 3хН+С, туку да се разбере фактот дека се работи за сосема различни, поточно, спротивставени концепти и постапки кои немаат врска една со друга. Од една страна се хуманитарните активности, а од друга – партиска пропаганда која кризата со коронавирусот ја злоупотребува за свои цели.

За крај, (уште еднаш) да се потсетиме. Јанкулоска (МВРО) и режимот на Груевски влечеа луѓе за уши и врат, тепаа, апсеа, поткупуваа и местеа избори со индустриски размери. И Протуѓер ги фрлаше политичките противници во ендек сосе фамилии. И Миле-ми текна-Јанакиески „сведочеше“ дека имало „пишчејне-вришчејне“. Батето правеше „дагау“… Техничките министри на Мицкоски(!) се потрудија прописно да нѐ потсетат на годините на режимот.

Веќе некое време живееме со поинаква политичка култура, кога јавноста може многу полесно да ги препознае триковите и лицемерието, лагите, омразата, насилството и црната пропаганда. Сега е време и кога секој слободно и гласно може да проговори за сѐ. До пред три години луѓето не се осмелуваа ни да шепотат за сево ова.

 


Сите права се задржани.  Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста.
Print Friendly, PDF & Email
Tags: ВМРО-ДПМНЕГруевскиЈанкуловскакуртонилажни вестиМицкоскипропагандаПротуѓерхуманитарна акција
Share71Tweet45Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    146 shares
    Share 58 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    138 shares
    Share 55 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ