Израел нема да ги повлече своите сили од границата Газа-Египет, како што се предвидува според потенцијалната втора фаза од прекинот на огнот со Хамас, според израелски извор за Си-Ен-Ен.
„Нема да излеземе од коридорот Филаделфи“, изјави изворот, осврнувајќи се на 14-километарскиот појас долж границата. „Нема да дозволиме убијците на Хамас повторно да се шетаат со камиони и пушки по нашите граници и нема да дозволиме повторно да се зајакнат преку шверц.
Најавата доаѓа неколку дена пред да истече првата фаза од договорот меѓу Израел и Хамас за прекин на огнот и само неколку часа откако Хамас ги предаде последните заложници кои требаше да бидат ослободени според првата фаза.
Подготви: Д. Мишев