ЗОРАН ИВАНОВ
Без битки нема ниту победи. Од ниту една битка не се излегува без рани, без трауми. Но важното е да се бијат и да се добијат. Сега нѐ чека европската.
И таа, како и сите наши досега, ќе биде и долга и тешка и мачна.
Честит празник Македонија, Северна, ама Македонија! Честит 11-ти Октомври, Денот на востанието на македонскиот народ и на сите слободољубиви.
Востание против фашизмот, а за своја слободна држава!