Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху одржа прес-конференција на која вети дека ќе ја продолжи копнената офанзива „со сè поголема сила“, велејќи дека тоа е единствениот начин да се постигне целта на Израел „да го елиминира Хамас и да ги ослободи заложниците“.
Тој истакна дека ИДФ и безбедносните сили продолжуваат со копнениот упад согласно меѓународното право – тврдење што некои набљудувачи за човекови права и светски лидери, вклучително и шпанскиот премиер минатата недела, постојано го доведуваат во прашање.
Нетанјаху нагласи дека војниците се подготвувале за тековните борби „со полна сила“ за време на прекинот на борбите.
„Завчера им наредив на ИДФ, заедно со Воениот кабинет, да продолжат да се борат со зголемена сила. Во последните 24 часа уништивме повеќе од 400 терористички цели на Хамас. Извршивме опсежни воздушни напади во Кан Јунис. Ги елиминиравме терористите и инфраструктурата во Беит Лахија. Продолжуваме да работиме во северниот дел на Појасот Газа“, додаде израелскиот премиер.
Г. Т.