• Latest
Photo by Markus Winkler on Unsplash

Николовски, Поповски, Абдурахмани, Колозова, и Јовановиќ за соработката со руски служби; рајот и пеколот на МПЦ-ОА; слонот во политичката соба; високото образование; разнишаниот авторитет на Путин

July 3, 2023

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
Премиерот Христијан Мицкоски, седница во Собранието за реконструкција на владата, 13 јули 2026 (фото извор: Влада)

Скандалозна реконструкција на Владата: Навредите на Стоиљковиќ – мрачен потсетник за состојбата на политичката култура и демократијата во земјата

July 14, 2026
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Сеќавањето на Сребреница е цивилизациска обврска – последната фаза од геноцидот е неговото негирање

July 14, 2026

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
РУСКА ДЕСТРУКЦИЈА: Мариупол, Украина (фото извор: Фејсбук страница - Mariupol Destruction and Victims)

Крвавиот објектив на Кремљ: Како преку престижна германска награда се пере рускиот геноцид во Мариупол

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Николовски, Поповски, Абдурахмани, Колозова, и Јовановиќ за соработката со руски служби; рајот и пеколот на МПЦ-ОА; слонот во политичката соба; високото образование; разнишаниот авторитет на Путин

July 3, 2023 21:00
in ДНЕВНИК, ТОП 5
Photo by Markus Winkler on Unsplash

Photo by Markus Winkler on Unsplash

Share on FacebookShare on Twitter

Во текот на викендот и денеска во рубриката Слободна пишуваат неколку автори, на неколку актуелни и исклучително интересни теми.

„Навистина мислев дека оваа “дилема” дали сте за Русија или за Америка е многу одамна затворено прашање, но очигледно некој како да е платен да ја отвора. И тоа секогаш кога е Македонија пред историска одлука.“, пишува Љубиша Николовски во колумната Пендаровски да каже кои партии и личности соработуваат со руските служби.

Авторот Тони Поповски во колумната „Изгубени во преводот, пронајдени во рајот или пеколот“, се осврнува на учеството на академик Катица Ќулавкова на протестите против носењето на законите за родова еднаквост и матична евиденција, во организација на МПЦ-ОА.

„Како истакнат филолог, Академик Ќулафкова освен што укажува дека англискиот збор gender погрешно е преведен како род, би било коректно да понуди алтернативен превод. Тоа наместо „родова“ може да биде „еднаквост на сите видови или типови луѓе“, но дали формата во овој случај е навистина позначајна од суштината, односно дали е човечно и христијански, едните да сме по еднакви од другите?“.

„Дијаметралните спротивни ставови помеѓу политичките партии можат да предизвикаат предизвици и пречки за формирање на стабилна влада. Вакви спротивни ставови можат да резултираат во политичка парализа и блокада на процесот на одлучување. За да се формира стабилна влада, потребно е да има доволна сличност во ставовите и спремност за компромиси и колаборација помеѓу политичките партии.“, пишува  меѓу другото авторот Назми Абдурахмани, во анализата „Слонот во стаклената соба – Политичка криза која не се решава со избори“.

„Бидејќи нам, како на политичка култура, од оние кои управуваат со земјата до „управуваните“ (граѓаните, фирмите, организациите, итн.), ова ни се чини сосема природно – како да се владее ако не со носење и спроведување закони? Не постои концепт дека управувањето (governance) со институции и држава може и треба првенствено да се потпира на добри пракси, па вештини на управување (споредливи со менаџмент), та дури на крај со пишување и спроведување закони.“, посочува авторката Катерина Колозова во колумната „Коренот на авторитарниот ум: Високото образование во Македонија“.

„Историјата е, барем во денешниот контекст, голема ироничарка за оние земји кои се „тројански коњи“ на Русија. Ние, фала му на Бога, не сме дел од таквите коњи, барем што се однесува до актуелната и доминантна политика во земјава. Ама тоа не значи дека такви „тројански коњи“ на Путин не дремат (и повремено урлаат!) во нашата опозиција.“, пишува авторот Ненад Јовановиќ во колумната „Авторитетот на Путин е разнишан, Зеленски ја добива војната?!“.

Д. Т.

Tags: слободна зонаЦивил Медиа
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ