• Latest

НЕДЕЛНА АНАЛИЗА: Македонија – земја на протести, на шест дена пред историските избори!

December 5, 2016
Мурал Ратко Младиќ во Белград, Фотографија/ скриншот од видео на Ал Џазира

Србија и Сребреница: Од гласна тишина до бучна релативизација

July 5, 2025
„Жолто копче“ дигитално здравство
Фотографија/ Министерство за здравство

МЗ: Северна Македонија меѓу првите држави со европски стандард во дигиталното здравство – „Жолто копче“

July 5, 2025

Дојава за бомба во косовскиот парламент, евакуирани пратениците

July 5, 2025
Ванг Ји, министер за надворешни работи на Кина во Брисел
Фото/ скриншот од видео на ЦНА

Кина е подготвена да ги координира мировните напори за Украина со Франција, изјави кинескиот министер за надворешни работи

July 5, 2025
Фото: Твитер

Украинските воздушни одбранбени сили неутрализираа 292 од 322 руски дронови преку ноќ

July 5, 2025

Мицкоски и рускиот ДУМА пратеник, тоа се тие афирматори на „данок на бездетност“

July 5, 2025

Прекината мерката притвор за Додик, според судот на БиХ веќе не претставува опасност по уставниот поредок

July 5, 2025
23 dead and more tha 25 children missing in Texas flood
Photo> screenshot Sky Tv

Поплави во Тексас: 24 мртви и до 25 деца исчезнати откако летен камп беше однесен од поплавите

July 5, 2025

One Stop систем за побрз проток и помалку чекање на граѓаните на ГП Табановце-Прешево

July 5, 2025
Бебиња умираат од глад во Газа
Фотографија/ скриншот од видео на ИТВ

Лекарите во Газа предупредуваат дека бебињата се пред умирање поради недостаток на млечна формула, „Бебињата се коска и кожа“, велат тие

July 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

НЕДЕЛНА АНАЛИЗА: Македонија – земја на протести, на шест дена пред историските избори!

December 5, 2016 16:54
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Државата ни наликува на еден голем плоштад, каде во секој агол, секоја од 11-те партии и коалиции, учеснички на предвремените парламентарни избори закажани за 11 декември – по само шест дена, ветуваат на „големи ѕвона“ поубава иднина, веднаш, од денот потоа…

prilep

Македонија врие! Граѓаните незадоволни од работата на власта, речиси секој ден се на протести. Околу 700 Југохромци реагираат, затоа што Инспекторатот за животна средина се одлучи да спроведува закони против аерозагадувањето, пред избори. Граѓанските организации бараат од државата да ги зголеми буџетите за борба против ХИВ, но и да се спречи аерозагадувањето кое е над нормални граници во многу градови во државата. Во најголемиот синдикат, Сојузот на синдикати на Македонија, се води битка за смена на лидерот Живко Митревски, којшто изрази отворена поддршка на власта, и тоа, во име, но без согласност на сите гранкови синдикати. Здравството се соочува со недостиг на кадар, докторите апелираат на прес-конференции. Претставници на Владата во работно време извршуваат партиски активности. Министерката за труд и социјална политика, Фросина Ташевска Ременски, со вакви обвинувања, директно посочи на својот колега, дополнителен заменик-министер од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Диме Спасов. Актуелниот дополнителен министер за внатрешни работи, Оливер Андонов пак, поднесе два приговора против министерот Оливер Спасовски и коалицијата предводена од СДСМ, за прекршување на Изборниот законик…

Федерализација или конфискација!

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“, по 10 години владеење, ветуваат отворање на работни места и борба против корупцијата. Експремиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски го обвинува неговиот најголем опонент, опозициониот лидер, Зоран Заев дека доколку дојдел на власт, ќе ја федерализирал државата и ќе воведел двојазичност.

gruevski-poster
Заев, лидерот на СДСМ, којашто ја предводи најголемата опозициона коалиција „За живот во Македонија“, потенцира дека нема да воведе „федерализација и двојазичност, туку конфискација на имотот и враќање на парите во државата“ (пари, кои според него, и претставници на дел од владите на Груевски, ги ефектуирале преку провизии и разни кривични дела) ќе бидат неговите императиви, ако биде премиер на Македонија.

Во период пред избори, „кочниците“ во работата на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) продолжуваат, иако согласно со Пржинскиот договор, а со посредство на меѓународната заедница, СЈО е формирано со „амин“ на четирите релевантни политички партии на македонската политичка сцена: ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА. Кривичниот суд по втор пат го одби барањето на СЈО за издавање наредба за пребарување на компјутерските податоци складирани во сервери, а кои се однесуваат на записи од кои може да се утврди кои телефонски броеви биле предмет на следење на комуникациите кај телекомуникацискиот оператор, што не соработувал со истрагата во прислушувањето. Според Судот, барањето на СЈО е непрецизно и нејасно.

Избирачкиот список е затворен, но не е пречистен!

Државната изборна комисија (ДИК) го затвори Избирачкиот список, според кој, во Македонија има 1.531. 368 гласачи. Увидот потврди дека од Македонија, на привремен престој и работа во странство се 230.122 гласачи, кои нема да гласаат и 20.573 граѓани кои исто така се на времен престој, но кои ќе гласаат на овие избори. Овие податоци говорат за масовното иселување на граѓаните, за што, и во извештаите на Светска банка и Организацијата за европска соработка и развој (ОЕЦД) се нотирани проценки дека од Македонија се иселиле околу 300.000 лица, од 1998 до денес. Но, неофицијалните проценки се и до 447.000 иселени лица, вклучувајќи ги граѓаните коишто немаат формални дозволи за престој, а заминале во потрага по подобра иднина, во изминативе 10 години. Светската банка ја рангира Македонија на 23-то место според стапката на емиграција, и тоа во 2012 година.
Избирачкиот списокот е затворен, но не е исчистен!

Присуство на „фантоми“ во ЦИВИЛ-Центар за слобода, пријавуваат граѓан(к)и од голем број општини во Македонија, кои се жалат дека и по пријавите во ДИК, не се извршени корекции во ИС. Се пријавуваат нерегуларности, злоупотреби на државни ресурси во изборни цели, злоупотреба на службена должност, притисоци врз администрацијата, злоупотреба на деца во изборни цели… ЦИВИЛ прогласи нулта торенција за изборни злоупотреби!

png-500x268

Јавното обвинителство на Македонија соопшти дека Комисијата за следење на изборните нерегуларности, со задача да постапува во сите настани каде постојат индиции за сторени кривични дела поврзани со изборите, досега оформила 42 предмета.
Потпретседателот на ДИК, Реџеп Прекопуца пријави дека му се вршени притисоци и уцени од главниот и одговорен уредник на „Лајм“, Фејзи Хајдари. Но, потоа ги повлече обвинувањата и исказот даден во битолската полиција! По реакција испратена до редакцијата на весникот „Лајм“, потпретседателот на ДИК, Прекопуца објасни дека сепак, не добивал закани од главниот уредник како што беше наведено во полицискиот билтен.
Медиумите и покрај мониторингот на ААВМУ и ад хок телото, како регулаторни тела, задолжени за балансирано известување во период од 100 дена до избори, и натаму продолжија, со своите досегашни уредувачки политики. Најголем број медиуми, остануваат со провладин дискурс и во време на избори.
Според сите овие случувања (иако е забележливо придвижување кон враќање на демократијата во општеството, особено од аспект на пријавување на притисоци, закани, уцени и разни злоупотреби на службената позиција и државни ресурси во партиски цели), во Македонија на шест дена пред изборите, не се стекнати сите услови за фер и кредибилни избори, потенцираат експерти на ЦИВИЛ.

Моника Талеска

Print Friendly, PDF & Email
Tags: анализаВМРО-ДПМНЕДИКЗоран Заевизбирачки списокконфискацијаЛајмНикола ГруевскиСДСМфедерализација
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • 24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Едногодишен помен

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ