• Latest

Нема жртви при нападите на САД, Британија и Франција врз Сирија

April 14, 2018

Уф, како се чувствувам безбедно!

June 27, 2026

Отчет низ розови очила: Статистиката на Тошковски наспроти реалната (не)безбедност и партизацијата на МВР

June 27, 2026

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Нема жртви при нападите на САД, Британија и Франција врз Сирија

April 14, 2018 14:05
in ВЕСТИ, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Нема цивилни, ниту воени жртви во нападите што САД, Велика Британија и Франција ги извршија рано изутринава во Сирија врз цели на силите лојални на претседателот Башар ал-Асад.

Според прелиминарните информации на руските сили, меѓу цивилите и меѓу сириската армија нема жртви, нагласи началникот на Оперативната управа на Генералштабот на руската Армија, генерал Сергеј Рудској.

На прес-конференција тој изјави дека од вкупно 103 крастосувачки ракети испукани кон Сирија, 71 биле пресретнати од сириската противвоздушна одбрана опремена со системи од советско време.

– Тоа сведочи за големата ефикасност на тие системи за противвоздушна одбрана и одличната обука на сириската армија од страна на наши експерти, изјави генерал Рудској.

Сириската армија располага со системи С-125, С-200, Бук, Квадрат и Оса.

– Москва разгледува можност за испорака на модерни С-300 противракртни системи за Сирија и други држави, дададе Рудској.

Аеродромите на сириските сили немаат значителна штета во нападите, но „постројки што се доведуваат во врска со т.н. хемиска програма на Дамаск се делумно уништени“

– Згради во тие постројки долго не се користени и таму нема ниту персонал, ниту опрема, додаде Рудској.

Русија претходно соопшти дека не ги користела своите системи за противвоздушна одбрана во Сирија за спротиставување на нападите од западни држави врз цели во Сирија.

Сириската армија утрово соопшти дека еден проектил погодил научен истражувачки центар во Барзех, во близина на Дамаск, а дека во Хомс се повредени три лица.

САД Велика Британија и Франција извршија воздушни напади врз цели во Сирија, како одговор на минатонеделниот напад на сирискиот режим наводно со хемиско оружје во Дума.

Британската премиерка Тереза Меј изјави денеска дека било исправно и легално да даде наредба за напади со крстосувачки ракети врз Сирија по нападот во Дума.

ина објави дека се противи на употреба на сила по ударите на САД, Британија и Франција, и побара враќање во рамки на меѓународното право.

Глобалната органзиација за спречување користење хемиско оружје соошти дека ја продолжува мисијата во Сирија со која врши анализи за наводниот хемиски напад во градот Дума.

Американскиот министер за одбрана Џим Матис и американскиот генерал Џозеф Данфорд објавија денеска дека нападите се извршени врз три постројки и оти се работи за „еднократен наапд“.

Погодени се истражувачки центар захемиско оружје во близина на Дамаск, скалдиште за хемиско оружје во близина на Хомс и скалдиште за хемиско оружје, како армиско командно место во близина на Хомс.

Нападот беше извршен во три часот по средноевропско време со ракети од бродови и авиони.

– Одредивме цели за да се намалат ризиците за руските сили, изјави Данфорд додавајќи дека американската армија ја известила Русија за користење на воздушниот простор над Сирија.

САД соопштија дека имаат докази оти сириските власти се одговорни за хемискиот напад во Дума.

– Уверени сме дека бил користен хлор. Во овој момент не исклучуваме ниту сарин, изјави Матис,

Според американски извори, нема докази дека сириската противвоздушна одбрана нападнала западни воени авиони и бродови.

Извор: МИА

Tags: Велика БританијанападиреакцииРусијаСАДСиријаФранцијаХемиско оружје
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ