Невладината организација ЦИВИЛ во целост постапува според својот мандат, во рамките на законските прописи, за мониторинг на севкупниот изборен процес во Република Македонија, во што спаѓа и следење и коментирање на работата на ДИК. Тоа ќе го правиме и во иднина, со цел Македонија да дојде до ситуација во неа да се одржат слободни, фер и демократски избори, како врвен јавен интерес на македонската демократија.
Изминатите години и непријатните искуства покажаа дека е неопходно континуирано и детално следење на работата на ДИК и од невладиниот сектор кој е специјализиран за тоа, за да се избегне повторувањето на состојбите во кои ДИК беше продолжена рака на партиите на власт. Впрочем, за изборните нерегуларности и за кршењата на изборната регулатива во Република Македонија во моментов се водат истражни постапки со голема основаност за сторени тешки кривични дела од областа на организираниот криминал, а кои се однесуваат на повеќе изминати изборни процеси.
Затоа, немаме намера да се воздржиме од укажувањата и предупредувањата за пропустите во работата и на сегашниот состав на ДИК.
ЦИВИЛ постои за заштита на демократските интереси на граѓан(к)ите на Република Македонија, а не за допаѓање или недопаѓање на членовите на ДИК.
ЛИНК до соопштението на Државна изборна комисија