• Latest
Добро утро со Орданоски

Нов култ на личноста?

November 16, 2017
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски (фото извор: МДТ)

Денеска се промовира проектот „Везилка“: Центар за вештачка интелигенција вреден 6 милиони евра

June 24, 2026
Кривиј Риг, Украин, 23 јуни 2026 (фото извор: ДСНС Украина)

Продолжува рускиот терор врз украинските градови: Нападот врз Кривиј Риг однесе три животи, повеќе од 20 лица се повредени

June 23, 2026

CIVIL TODAY – СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ: Кремљовските наративи ја освојуваат Европа преку балканските мрежи за трансмисија

June 23, 2026
Крим, Украина (фото извор: ФБ страница Slava Ukraini)

Крим гори: Украина ги засилува нападите врз окупираниот полуостров

June 23, 2026

Роџер Касале: Најголемиот тест за Енди Бурнам ќе биде војната во Украина и заканата од Русија

June 23, 2026

Второто, восхитувачко лице на Џорџа Мелони

June 23, 2026

Меѓу европските амбиции и „српскиот свет“: СДА бара итна акција додека извештајот на ЕП поминува без јавна и политичка дебата

June 23, 2026
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Нов култ на личноста?

November 16, 2017 08:00
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: Сашо Орданоски

[dropcap]П[/dropcap]олека, но сигурно, го градиме култот на личноста на премиерот Заев. Тој извонреден политичар кој со својата харизма, со својата лична храброст и со успешно тестираниот карактерен интегритет, но и со својот – што е најважно – вистински политички концепт („Живот за сите!“, „Едно општество!“ и тн.) најсуштински придонесе за драматичната промена на курсот на Македонија од, до пред само година-две, една релативна безизлезност, до сегашните основани очекувања за силно унапредување на либерално-демократскиот и евро-атлантскиот курс на земјата; сега се плашам дека почнуваме да го „трошиме“ во непотребен пропагандистички проект од него да се прави нов „Татко на Нацијата“. Тоа е рецепт за продолжување на авторитарните модели за владеење во Македонија, од кои суштински не се еманципиравме во изминатите триесетина години пост-комунистичка држава.

Да, можеби погаѓате, станува збор за вчерашната пропагандистичка промоција, една евтина рекламерска политичка егзегеза – зборот означува теолошко толкување на Библијата – за тоа што е, наводната, задача на еден македонски премиер: Заев отишол на Државната клиника за гинекологија каде што државата, сопственик на клиниката, преку божествената интервенција лично на Заев, донирала (!?) нови инкубатори за новороденчињата кои, да ве потсетам, ни умираат со статистички количества на вински мушички!

Ова ме потсетува на двокатните кинески автобуси кои Груевски пред неколку години им ги „донираше“ – од НАШИ пари, како и сега, во случајов со инкубаторите – на граѓаните на главниот град! Па промотивно, пропагандистички, тогаш нѐ возеа со услужните „Миле-ми-текна“ и со директорот на ЈСП низ Скопје како мали деца во продавница за локум, плус десетина ТВ камери, за ниту една воодушевена импресија и насмевка да не се пропушти!

Слично како вчерашната „промотивна тезга“ на Заев на Гинекологија, во присуство на новата („негова“) директорка и мноштвото медиумски камери и фотоапарати, каде насмевката на Заев е главната вест: „Душички мили, види колку се убави!“, е цитиран премиерот во таа патетична прилика.

Ви се молам, кому му треба ова?! На Заев, сигурен сум – најмалку!

Јас разбирам, а по нешто и предавам на универзитети, дека политиката не може без сопствена пропаганда и дека градењето јавни перцепции и редовното комуницирање со гласачите е во центарот на тој занает. Но, ние тукушто се спасивме, а и не сме сосема опоравени, од онаа популистичка будала која, пред камери, ги испитуваше министрите до каде се со набавка на водни пумпи и гумени чизми по поплавите во Стајковци!? Аман, пак ли натаму одиме?!

Македонија мора да ја напушти практиката на промовирање на моделот на комплетно  персонализирана власт (Путин, Трамп и останато друштво) и да се врати на моделот на функционирањето на силни демократски институции – на пример, додека вчера на Гинекологија сите поданички му се воодушевуваа на премиерот, недостасуваше од никаде да се појави луцидноста на еден Саше Политико и агресивно, туркајќи се со неговите телохранители и со крената мобилка што снима, да го постави единственото новинарски точно прашање за Заев во таа прилика: „Премиере, во ситуација на катастрофални состојби во здравството, зошто со месеци ја држите Македонија без министер во тој ресор, а сте дошле тука да се сликате како ЛИЧНО, наместо ИНСТИТУЦИОНАЛНО, ги решавате проблемите на Гинекологија?“

Ви велам, полека, но сигурно, го градиме култот на личноста на премиерот Заев. Нот гуд.

 


Преземањето на оваа содржина е дозволено само по 12 часот, на денот на објавувањето. Потоа, важат вообичаените правила според лиценцата Creative Commons 1.0.

Tags: ГинекологијадонацијаЗоран Заевкулт кон личноста
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ