• Latest

Новаковски: Не се врати довербата во Избирачкиот список!

September 25, 2017

Коридорот на „старо железо“

June 3, 2026

Ќе го чепне ли Маѓар експремиерот Груевски на финансиски план?

June 3, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Новаковски: Не се врати довербата во Избирачкиот список!

September 25, 2017 16:39
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Каков ќе биде Избирачкиот список, ќе видиме на денот на изборите. Досега не е вратена довербата на граѓаните во Избирачкиот список. А, моите колеги во ДИК, треба да сфатат дека, имаат услови за работа, како никогаш досега“, оцени адвокатот, Александар Новаковски, член на Експертскиот борд на ЦИВИЛ и поранешен претседател на Државната изборна комисија (ДИК), на денешната конференција „Слободни избори за слободно општество“, што во организација на ЦИВИЛ – Центар за слобода  денеска се одржа во Клубот на новинарите во Скопје.

„Нашите препораки со ЦИВИЛ од последните предвремени парламентарни избори, може да се прочитаат во извештајот на ОБСЕ. На овие избори, ДИК треба да овозможи брзо објавување на резултатите и да не се доведува во ситуација, како на последните избори, за да нема простор за притисок на политичките партии врз ДИК. Секако ќе има приговори коишто ќе се издржани, но се знае кога тие се разгледуваат“, оценува Новаковски.

„Препораките на ОБСЕ и ОДИХР, не се исполнети ни 20 отсто, пред овие локални избори. Зборуваме за враќање на довербата. Но, ќе ја вратиме, не само доколку изборите поминат технички добро и ако се мирни, оти срамота е по толку изборни процеси, да се говори за мирни избори… Владата направи голем напор да ја бајпасира недовербата. Сите државни службеници се вклучени во изборниот процес. Но, битно е како ќе се однесуваат партиите. Но, за да имаме фер, слободни и демократски избори, државата треба да ги исполни условите. Треба да има поделба на власта, треба независните институции да профункционираат“, порача Новаковски.

Тој изрази очекувања дека по изборите, секоја институциија ќе си ја преземе обврската и ќе ги спроведе препораките на ОБСЕ и ОДИХР.

„Имаме повреда на Копенхашките критериуми, а за да бидат овие избори фер и демократски, треба да се исполат сите предуслови“, рече Новаковски.

 

Моника Талеска

Фото: Биљана Јордановска

Камера: Атанас Петровски и Дехран Муратов

Монтажа: Ермин Климента

 

Tags: Александар НовакоскиДИКзлоупотребаизбирачки списокизвештајконференцијалокални избориОБСЕ/ОДИХРЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ