• Latest

Новата влада да создаде амбиент за стабилен и долгорочен економски развој!

May 8, 2017

Коридорот на „старо железо“

June 3, 2026

Ќе го чепне ли Маѓар експремиерот Груевски на финансиски план?

June 3, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Новата влада да создаде амбиент за стабилен и долгорочен економски развој!

May 8, 2017 17:30
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Македонската економија во првиот квартал од годинава можно е да евидентира пад, наместо економски раст. Но, економските показатели не се најбитни во моментов, сметаат експертите, туку правецот во којшто ќе се насочи вниманието, фокусот на економските политики на новата влада. Што ќе рече, многу позначајно е да се создаде амбиент за да почне да функционира економијата во иднина, отколку во следните месеци да се достигнат прогнозите на ММФ за економски раст од 3.2 отсто.

Д-р Бранимир Јовановиќ

„Дали економијата ќе ги оствари прогнозите на ММФ, за економски раст од 3.2 отсто, зависи од тоа што ќе се случува во втората половина од годината, односно, дали ќе има трансфер на власта наскоро или ќе се одолговлечат работите. Но, податоците за првите месеци од годината не се многу добри и говорат дека е можно економијата да забележи и пад во првиот квартал. Сепак, не е ни толку важно каков ќе биде растот оваа година. Многу е поважно дали годинава ќе бидат направени промени, што ќе овозможат економијата да почне да функционира во годините што следуваат. За да дојде до тоа, нужно е да се воспостави владеење на правото, но и да се направат промени во економските политики коишто се водат. Мора да се престане со политиките од кои полза имаат пред сѐ богатите и моќните и да почнат да се водат политики насочени кон сиромашните и обесправените“, смета д-р Бранимир Јовановиќ, од Институтот за економски и хуманитарни науки во Скопје.

Продлабочената политичка криза во државата има свои негативни реперкусии и врз економскиот раст, вели за ЦИВИЛ Медиа, д-р Димитар Николоски од Економскиот факултет во Прилеп, осврнувајќи се на конкретните состојби.

Д-р Димитар Николоски

„Треба да се има предвид дека освен градежништвото, во изминатиот период на политички турбуленции, потфрлија главните генератори на растот, како што се финансиските дејности, секторот на информации и комуникации, но и преработувачката индустрија. Иако главниот акцент на привлекувањето странски директни инвестиции во претходниот период беше ставен токму на овие дејности, очигледно е дека отпочнувањето на нов инвестициски циклус е забавено и дополнително одложено“, вели д-р Николоски за ЦИВИЛ Медиа.

Тој додава дека во вакви услови, каде што маневарскиот простор на Владата е значително ограничен, вниманието треба да се насочи кон обезбедување на тековната ликвидност на стопанството и непречено исплаќање на социјалните трансфери, со цел – да се одржи финалната потрошувачка на домаќинствата и да се обезбеди минимум животен стандард на населението.

„Приоритетите за идниот период треба да бидат насочени кон враќање на довербата на инвеститорите, како и обезбедуваење фер третман на домашните и на странските инвеститори. Привлекувањето на странски инвестиции треба да биде мудро, во насока на поголема апсорпција на интелектуален труд и подобра синергија со домашната конјунктура“, посочува д-р Николоски.

Според оценките на д-р Јовановиќ, во Програмата на СДСМ, како релеватна партија во идната нова влада, има генерално добри економски и социјални предлози, како што се воведување гарантиран минимален приход, зголемување на минималната плата и на работничките права, зголемени јавни инвестициии…

„СДСМ, само треба да почне да ги спроведува овие политики! Дефинитивно, има простор за вакви политики, затоа што Македонија, освен што е економија со највисока сиромаштија во Европа, има и исклучително високи социјални разлики. Најбогатите 1% од населението во Македонија, имаат околу 12% од националниот доход, што е трето највисоко ниво во Европа! Учеството на профитите на компаниите во македонскиот национален доход е повеќе од 50%, што е исто така, едно од највисоките во Европа. Затоа, она што треба да се направи е државата да ги земе овие пари, кои сега воопшто не се користат продуктивно, и да ги инвестира во општествено корисни работи, како образование, здравство, социјални политики… Тоа е и нужно и можно“, заклучува д-р Јовановиќ.

Моника Талеска

Tags: д-р Бранимир Јовановиќд-р Димитар Николоскиекономијаекономски политикиекономски растЕкономски факултет-ПрилепИнститут за општествени и хуманитарни наукиМакедонијаММФпад на производствопроизводство
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ