• Latest

Новинарите бараат заштита и одговорност на напаѓачите, иницијаторите и полицијата!

March 1, 2017
Марш за слобода, Приштина, 12 септември 2026 (фото: LIRIA KA EMËR)

Двојна стапица: Зошто било каква одлука од Хаг ќе послужи како политичко оружје

September 14, 2026
Европска централна банка (фото: Wikipedia)

Каматите не ги диктира само Франкфурт: Колку е точна приказната дека кредитите мора да поскапат?

September 14, 2026
Џабир Дерала (фото: Рилинд Сулејмани)

Војна на бројките – власта брои успеси, опозицијата брои лаги, земјата тоне

September 14, 2026

Теророт на рускиот агресор врз Украина: За една недела 2.100 дронови, 1.700 наведувани бомби и 78 ракети

September 13, 2026

Со кое право барате отчет?

September 13, 2026

Алгоритмите, стравот и подемот на радикалната десница

September 13, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Комуњарски-вмровци

September 13, 2026

Да не ги увезуваме и туѓите стравови

September 13, 2026
Марш за слобода, Приштина, 12 септември 2026

Десетици илјади на „Маршот за слобода“ во Приштина – собир што ги надмина партиските поделби

September 12, 2026

Бурни 12 дена во светот на вештачката интелигенција: Нова генерација модели и глобални предизвици

September 12, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Новинарите бараат заштита и одговорност на напаѓачите, иницијаторите и полицијата!

March 1, 2017 12:08
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во Министерството за внатрешни работи е најавена средба на претседателот на Здружението на новинари на Македонија, Насер Селмани со министерот Агим Нухиу. Како што пренесува ТВ Телма, претходно, министерот Нухиу имал средба со директорот на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков.

Претседателот на ЗНМ, денеска ќе бара одговор од Нухиу за потфрлањето на безбедносните служби на вчерашниот инцидент, каде новинарот Александар Тодевски и камерманот Влатко Желчевски од порталот А1 Он, беа брутално претепани, додека професионално го следеа протестот на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.

Според МВР, Неколку лица се приведени како осомничени за нападот врз новинарската екипа. По укажаната помош во Ургентниот центар, повредените новинари се пуштени на домашно лекување.

Во вчерашната изјава, Насер Селмани, го повика лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски, да ги повлече насилниците од улиците.

ВМРО ДПМНЕ, исто така, излезе со осуда на вчерашниот инцидент.

„ВМРО-ДПМНЕ го осудува нападот на екипата на Интернет порталот А1 Он. ВМРО-ДПМНЕ принципиелно, како и досега, смета дека е крајно недемократски и непримерно да се напаѓаат медиуми и екипи поради нивното известување за настани и случувања“, се вели во соопштението на партијата.

Понатаму, во осудатана вчерашниот инцидент, од партијата потсетуваат дека претходно ги осудиле нападите врз новинарската екипа на МРТ на митинг на СДСМ, како и нападите врз новинарите Антонио Димитриевски, Јанко Илковски, Дејан Николовски и Ивона Талевска. Останува нејасно дали ВМРО ДПМНЕ ги заборава или намерно ги дели новинарите и нападите врз нив, бидејќи во своето соопштение, како и во минатите, не ги спомнува другите новинари кои изминатата година беа напаѓани, тепани и уценувани, како Саше Ивановски, Мухамед Зекири, Владимир Бошковски, Јане Мамучовски, Горан Наумовски, Огнен Теофиловски, Наке Батев, Борче Поповски, Томе Георгиев, Никола Угриновски, Кристијан Ландов, Сашо Денесоски, Павле Беловски…

Со осуда на вчерашните случувања излезе и Самостојниот синдикат на новинари (ССНМ), кој потсетува на фактот дека „токму ваквиот однос кон новинарската професија, меѓу другото, придонесува Македонија секоја година дополнително да тоне на меѓународните листи за слобода на печатот и да гравитира поблиску до земји како Северна Кореја, отколку до современите демократии“.

И Советот за етика во медиумите (СЕММ) побара итна реакција на надлежните во државата за расчистување на случајот, но и ги повика новинарите да работат на смирување на тензиите, а не на нивно дополнително разгорување.

„Советот за етика во медиумите забележува дека во изминативе неколку денови сè почести се случаите на злоупотреба на улогата на медиумите и нивно искористување како платформа за потпалување на ситуацијата и за засилување на тензиите во општеството“, се вели во соопштението од СЕММ.

ЦИВИЛ – Центар за слобода изрази згрозување и најостра осуда на актите на насилство во Скопје и во другите градови во Република Македонија, по вчерашните протести на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, упати повик за одговорност од сите политички апарати во земјата, како и апел до граѓан(к)ите да не наседнуваат на провокации.

„Одговорни за говорот на омразата и за повиците на етничко и политичко насилство во земјата се токму структурите на моќта кои сè уште се на власт, а чии високи претставници се под истрага за сериозни криминални дела, злосторничко здружување, тешки злоупотреби и изборни измами“, стои во реакцијата на ЦИВИЛ.

Tags: апелиЗНММВРнападнати новинариНасер СелманиосудаСЕМССНМЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ