• Latest

Новинарство и граѓанско општество: Сојузници во борбата против пропагандата

December 6, 2022

Владина реконструкција: Пазарење со фотелји и партиски рокади на сметка на реформите

June 30, 2026

Децентрализација без демократизација – изгубениот глас на граѓанинот

June 30, 2026
Запорижја, Украина, 29 јуни 2026 (фото: ДСНС)

Русија со нов масовен напад врз Украина: загинати цивили во Днипро и Запорижја, Кијив бара засилена заштита на украинското небо

June 29, 2026

Мицкоски бара внимание

June 29, 2026
(архивска снимка) Максим Димитриевски на конференција на ЦИВИЛ

Политички дуел меѓу СДСМ и ЗНАМ: Кој е сателит на власта, а кој е во „политички стечај“?

June 29, 2026

ЛЕТНО ЧИТАЊЕ ЗА НЕМИРНИ УМОВИ: Ниски летни цени за изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press само во книжарницата „Или-Или“

June 29, 2026

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ го обвинува лидерот на СДСМ за молк по објавувањето на дипломатска нота од Бугарија

June 29, 2026

Не се „назадни“ жените што бараат пристап, назадни се исмевањето и омразата

June 28, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Вистини

June 28, 2026

Четири часа без мажи и цела држава во паника

June 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СТАВОВИ

Новинарство и граѓанско општество: Сојузници во борбата против пропагандата

December 6, 2022 16:17
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, МЕДИУМИ, СТАВОВИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ЛИНДА БАЛЕТА

Балкан Форум

Одвојте неколку минути да го одговорите на следното прашање: Дали има некоја вест што неодамна сте ја прочитале онлајн или сте ја гледале на телевизија што ја променила вашата емоционална состојба?

Потоа, запрашајте се: Како таа вест ве направила да се чувствувате? Дали ве поттикна да размислувате за преземање на одредена акција?

Доколку го одговорите првото прашање со „да“ и можете да си ги препознаете вашите реакции на следните две прашања, тогаш авторот на таа вест го постигнал резултатот што имал намера да го постигне. Односно, низ внимателно составена порака, да ве натера да размислувате и дејствувате на начин што й служи на агендата на авторот. Без разлика кој, која, кои иле кое е авторот.

Денешното општествено ткиво е под притисок на дезинформации, пропаганда, делумни вистини и фабрикувани факти. Таквиот комплексен информациски неред ја влошува веќе постоечката недоверба, поттикнувајќи тензии. Дигиталните платформи создаваат средина која е погодна за пропагирање на лажни вести и го хранат информацискиот неред. Секој може да креира и шири содржини.

Соочени со ова ниво на информациски неред, соработката помеѓу етичкото новинарство и граѓанскиот ангажман е круцијална за подигнување на нивото на пристап до проверени информации, до одговорна употреба на дигитални алатки и до развивање на критичко и аналитичко размислување.

Етичкото новинарство, образованието и граѓанскиот ангажман придонесуваат за развивање на вештини потребни за филтрирање на лажни вести и пропаганда и за инвестирање во мировен ангажман, создавање на придобивки што ги подобруваат животите на сите.

На работилницата „Отпорно новинарство во борба против дезинформации и пропаганда“ (5-10 декември, 2022 година) во Скопје, новинари и активисти од регионот иницираа мрежа на соработка со партнери од Украина и Германија. Како прв чекор во воспоставување на годишната Недела на отпорно новинарство и општество, ваквата мрежа придонесува кон медиумска писменост на сите нивоа.

За Балкан Форум

Балкан Форум поттикнува споделена визија за регионот врз основа на економска интеграција, просперитет и одржлив мир. Со олеснување на прекуграничниот и меѓусекторскиот дијалог, ние генерираме ново размислување во однос на регионалните предизвици и можности, помагаме во созревање на идеи за катализирање на регионални иницијативи.

 

 

 

Tags: дезинформацииМедиуминовинарска етикаотпорно новинарствопропаганда
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ