• Latest

Нерегуларности поттикнати од партиски претставници и активисти

October 19, 2017

Изданија на ЦИВИЛ достапни во „Или-Или“ по пријателски летни цени

June 9, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик повторно отвори политички судир: ЛДП се заканува со повлекување, Министерството возвраќа, а дебатата за една изборна единица останува нерешена

June 9, 2026

Политика на множење со нула: Од дигиталните илузии до европските скенери

June 9, 2026
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Нерегуларности поттикнати од партиски претставници и активисти

October 19, 2017 15:04
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Од извештаите на мониторинг тимот на ЦИВИЛ во врска со нерегуларностите во изборниот процес, очигледно е дека активни во поттикнувањето на изборни нерегуларности се партиските претставници и нивните активисти.

Ова категорија во различни облици придонесуваше кон вршењето на изборни нерегуларности, вклучувајќи: кршење на изборниот молк, поткуп на гласачи, закани и притисоци, нарушување на тајноста на гласањето, опструкции на работата на набљудувачите и сл.

За нарушување на изборниот молк, ЦИВИЛ доби десетици пријави, како од социјалните мрежи, така и од терен.

Што се однесува на нарушување на изборниот молк на социјалните мрежи, го издвојуваме пријавениот случај од наш набљудувач, а се однесува на носителот на листата за советници во Општина Бутел, од партијата на Алијанса за Албанците. Тој на 14 октомври, на својот фејсбук профил, стави слика каде што ги повикува сите да гласат за број 9.

Од друга страна, во општина Аеродром, на булеварот Авној влез 46, ни стигна пријава од граѓанин дека во тој влез, а веројатно и во околните згради, во поштенските сандачиња, се оставени летоци на ВМРО-ДПМНЕ во кои пишува “Новата ера почнува, ново утро, нови победи, со почит и верба во вас, Никола Груевски“.

Исто така, на адресата на ЦИВИЛ беа пријавени случаи кои се поврзани и со поткуп на гласачи. Набљудувачка на ЦИВИЛ извести за случај во општина Шуто Оризари, О.У. “Браќа Рамиз и Хамид“.

Откако две жени го искористиле правото на глас, во дворот на училиштето биле пречекани од едно лице, кое на видно место им поделил по 500 денари.

Изборни нерегуларности, поттикнати од партиски активисти, се регистрирани и во категоријата закани и притисоци.

Набљудувачка на ЦИВИЛ, која учествуваше во броењето на гласовите во и.м. 1017/1, во општина Куманово, извести дека пред да започне броењето на гласовите, а откако се затвориле вратите на избирачкото место, двајца активисти на политичката партија Беса, со тропање и заканување барале да учествуваат во броењето на гласовите, по што избирачкиот одбор не можел да даде отпор на притисокот и ги примил внатре.

По ова пријава, ЦИВИЛ случајот го пријави во полиција, од таму имаше итна реакција и едниот набљудувач бил отстранет од и.м., ситуацијата е ставена под контрола.

И на овие избори, нашите набљудувачи забележаа повреда на тајноста на гласањето, која во неколку ситуации беше оневозможена, имено, во и.м. 2447 во општина Сарај, набљудувач од ДУИ гласал на местото на еден гласач, кој се жалел дека не гледа добро!

Во општина Битола, пред О.У. “Ѓорѓи Сугарев“, наш набљудувач бил присутен при опструкција на работата на набљудувачите, односно напад врз други набљудувачи од “Излези да гласаш“, кои фотографирале група луѓе што примиле поткуп за координирање на гласачите. Поткупувачите забележале дека ги сликаат и тргнале по нив, додека набљудувачите трчајќи отишле до полициското комбе. При инцидентот вербално бил нападнат и набљудувачот на ЦИВИЛ, како од прекршителите, така и од набљудувачите на “Излези да гласаш“ во моментот кога се обидел да дознае што се случува и се претставил како набљудувач на ЦИВИЛ. Епилогот на овој инцидент заврши во полициска станица каде биле одведени и напаѓачите и набљудувачите.

Ф.Х.

Tags: ААБесаБитолаБутелВМРО-ДПМЕДУИзаканиинцидентиКумановонерегуларностипоткуп на гласовиЦивилШуто Оризари
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ