• Latest

Нуланд: Ги охрабрувам активистите и новинарите за нивната јуначка работа!

July 11, 2016
Илустрација ВИ

Поради неизвесност на светските пазари, продолжена кризната состојба во снабдувањето со нафта и нафтени деривати

July 17, 2026

Црна Гора од 1 октомври воведува визи за руски државјани во рамки на усогласувањето со ЕУ

July 17, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик се менува во нетранспарентен процес и без јавна дебата: Ниту една партија не покажа интерес за мислењето на јавноста

July 17, 2026

Политичкиот инженеринг на летниот вакуум

July 17, 2026

Која е вашата порака, барање или прашање до политичарите? – граѓаните прашуваат, политичарите (не) одговараат

July 17, 2026

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Нуланд: Ги охрабрувам активистите и новинарите за нивната јуначка работа!

July 11, 2016 16:58
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

Помошник државниот секретар на САД за европски и евроазиски прашања, Викторија Нуланд изрази поддршка за работата на Специјалното Јавно обвинителство и охрабрување за истражувачките новинари и граѓанските активисти во Македонија. Таа денеска во Скопје се сретна со лидерите на партиите-потписнички на Договорот од Пржино, со тимот на СЈО на Катица Јанева и со истражувачки новинари и претставници на цивилниот сектор

Victoria-Nuland

„Имав прилика да разговарам со активисти од граѓанското општество и со новинари и да ги охрабрам за нивната јуначка работа. Си заминувам охрабрена дека во наредните денови ќе се постигне некакаков напредок. Денеска видов дека има политилчка волја. Продуктивен беше овој многу важен ден за Македонија. Се обидуваме да ја надминеме политичката криза од минатата година. Има некаков прогрес, но сега е време за завршување на работата“, рече Нуланд.

Gruevski-Nuland-1-940x627

Актуелните политички предизвици, модалитетите за надминување на политичката криза, како и стратешкиот интерес на Македонија за членство во НАТО, биле теми на разговор меѓу претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевскии и помошникот државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања во Стејт Департментот. Во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ се наведува дека соговорниците се согласиле оти суштински важен е излезот од политичката криза, за што, како што посочуваат, е потребен ангажманот и придонесот на сите политички чинители во постигнување на решенија кои ќе внесат доверба во процесите. Груевски посочил дека изборите се единствен излез од наметната политичка криза од опозицијата, дека ВМРО-ДПМНЕ ги посакува и е подготвена за нив.

Zaev Nuland1

Од СДСМ соопштуваат дека на состанокот со Нуланд се разговарало за политичката криза во Македонија и за начините за нејзино решавање. Истакнато е дека ова е клучен период за постигнување договор за неопходните услови за фер и регуларни избори, кои би требало да се оддржат во ноември.

„Заеднички е констатирано дека мора да се обезбеди прочистен, доверлив Избирачки список и објективно известување на медиумите и дека со исполнување на овие услови, исто така заеднички, е констатирана можноста за одржување на предвремените парламентарни избори во текот на месец ноември. Исто така, потенцирана е неопходноста за формирање Влада што ќе организира и спроведе регуларни избори на коишто ќе одлучи слободната волја на граѓаните, како и дека без разлика на промените што ги прави власта во Законот за внатрешни работи, Владата мора да биде формирана согласно сите аспекти на Договорот од Пржино“.

Претседателот Заев порача дека брзи фер избори ќе ја спасат Македонија од економското и финансиско тонење на државата и недемократскиот начин на владеење што штети на евро-атлантските перспективи.

„Власта со намерата за ново големо задолжување преку еврообврзница, со законот за владино рекламирање, со законот за МВР, им нанесува дополнителни огромни штети на интересите на граѓаните на Македонија“, изјавил претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

286874-dpa-politichkata-kriza-e-nelogichna

Лидерот на ДПА, Мендух Тачи, по денешната средба со Нуланд,  во американската амбасада, изјави дека во наредниот период ќе се направат напори да се дојде до политички договор за надминување на кризата и да се оддржат предвремени парламентарни избори.

„Имаме голема среќа што САД, како наш партнер, се заинтересирани да ни помогнат да ја оставиме зад нас политичката криза. Сега е моментот сите да работиме да не трае повеќе оваа политичка криза. Мислам дека повеќе се работеше за стратешко начело на Македонија што побрзо да се надмине оваа криза“, изјави Тачи.

На новинарско прашање дали е по посетата на Нуланд може да се очекува лидерска средба, Тачи одговори: „Не сум баба Ванѓа!“. Сепак, тој посочи дека конкретната порака била дека сега е моентот да се надмине кризата и да се договорат избори.

23443golema-620x418

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети на денешната средба со Нуланд, ја информирал за предлозите на ДУИ за чистење на Избирачкиот список и за медиумите.

„Соочувајќи се со ризик од различни влијанија, Ахмети побара поддршка од САД за следење на нашиот пат кон интеграцијата во НАТО и ЕУ, при што Нуланд истакна дека тоа е наша заедничка цел. Овој компромис треба да резултира со сеопфатни, веродостојни и демократски избори што е можно поскоро“, соопшти ДУИ.

Д. Муратов

Tags: Али АхметиВикторија НуландЗоран Заевизбори во ноемвриМендух ТачиНикола Груевскиполитичка кризасредба Скопје
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ