• Latest

Незаситноста на „груевизмот“!

July 1, 2016

РЕАКЦИИ: Србија по студентската победа – надеж за промени или страв од повторување на старите грешки?

October 27, 2026

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026
Насер Селмани

Случајот Селмани пред Уставниот суд: Јавна расправа за слободата на изразување

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Повик за помош на амбуланта во близина на фронтот

October 27, 2026

Горивата во Македонија пред нова ценовна одлука по турбуленциите на светските пазари

October 26, 2026

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

Лула повторно претседател на Бразил, нов предизвик за Трамп во Латинска Америка

October 26, 2026

Бугарија оди во втор круг: Јотова во водство, Ѓуров ја бара поддршката за пресврт

October 26, 2026
Александар Вучиќ го призна поразот( Фото: Скриншот од видео на EuroNews Србија)

По поразот на Вучиќ: Реакции од регионот и Европа

October 26, 2026

ИЗБОРИ ВО СРБИЈА | КЛУЧНИ МОМЕНТИ: Постизборна дискусија на ЦИВИЛ – Вучиќ падна – што се случи и што следува? (ВИДЕО)

October 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Незаситноста на „груевизмот“!

July 1, 2016 14:09
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

Кога и студентските се насилни, можни ли се воопшто  фер и демократски избори во Македонија?

13552576_1278745482153632_505341580_n

Бруталност, насилство, страв, понизност, диктатура без право на реакција…, се пораките кои ги испрати владејачката ВМРО-ДПМНЕ, преку својата извршна власт вчера, два дена откако највисокиот законодавен орган, Собранието на Република Македонија, без присуство на опозицијата, го донесе законот со којшто ќе го формира новиот Универзитет „Дамјан Груев“ по свој терк!

И уште јавноста не се созеде од овој недемократски чин на пратениците од власта, која демонстрираше едноумие од највисок степен во држава со уставен плуралистички политички модел, која патем, претендира и да влезе во ЕУ, се случи вчерашната драма. Се реализираа студентски избори со украдени гласачки кутии, вдомени под буџетска капа – партиски кадри од внатрешноста беа ангажирани како „контрадемонстранти“ на младите студенти – борци за правда и демократија.

studentski plenum

И кога незадоволството на студентите ескалираше и протестот продолжи пред канцеларијата на Студентскиот пленум, државата ја ангажира Единицата за брзо распоредување, а полицајците насилно ги бркаа студентите… На нефер, нерегуларни и недемократски избори е избран новиот студентски лидер, Давор Поповски, повторно, два дена откако експремиерот и лидер на ВМРО- ДПМНЕ, Никола Груевски по средбата со европските дипломати во Брисел, вети продолжување на патот на Македонија кон евро-атланските интеграции!? Чиста хипокризија е изјавата на Груевски дека се бараат начини за намалување на штетите во државата од политичката криза, впрочем, вчерашниот ден е потврда за уште поригидните политики на власта, со кои се параат шевовите и од остатоците од парчосаната демократска традиција на Македонија.

Ако низ историјата, задушените студентски протести биле најава и императив за  процесот на враќање на демократијата – милум или силум, а премисите секогаш водат до конклузија, тогаш какви парламентарни избори ја очекуваат Македонија по вчерашниот брутален студентски изборен процес?!?

13563342_1278747382153442_1258776672_n

Овој 30-ти јуни, всушност, треба да биде порака и за меѓународниот фактор, дека веќе простор за преговори и договори и седнување на заедничка маса со политичарите од власта – нема! Дека нема простор за демократски и регуларен изборен процес! И дека само насилство и имплементација на диктатурата на уште повисоко ниво, не очекува во иднина.

Впрочем, и избраниот студентски „лидер“ и неговите приврзаници се продолжена рака на груевизмот. Време е за итна акција на меѓународните дипломати, за да се спречат последиците од новите насилни методи кои власта очигледно, нема да се воздржи да ги примени, при секој натамошен обид за решавање на политичката криза и враќање на владеењето на правото и демократијата, за конечно да се стави крај на еднодецениските погубни политики на Груевски.

Моника Талеска

Tags: груевизамМакедонијаполицијастудентиЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ