• Latest
Промоција на првиот прирачник за комуникација на знаковен јазик на албански јазик, Валдета Касапи, Аделина Хаскај
фото: Коха.мк

Објавен првиот прирачник за знаковен јазик на албански јазик во Северна Македонија

July 1, 2024
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
АЛТА БАНКА И покрај сета помош од државата има многу малку шалтери во Србија, но отсега во секоја полициска станица ќе може да прима клиенти!

Државата „жнее“ богати клиенти за Алта банка, омилена на Вучиќ

July 8, 2026

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Харкив, Кијив, Запорижја и Чернигивската област под напад, Украина бара итна ПВО поддршка

July 8, 2026
Фото: МИА архива

Брисел и Софија со јасни позиции: Нема политички гаранции, уставните измени остануваат услов за напредок кон ЕУ

July 8, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОБРАЗОВАНИЕ

Објавен првиот прирачник за знаковен јазик на албански јазик во Северна Македонија

July 1, 2024 12:23
in ВЕСТИ, МУЛТИКУЛТУРА, ОБРАЗОВАНИЕ, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Промоција на првиот прирачник за комуникација на знаковен јазик на албански јазик, Валдета Касапи, Аделина Хаскај
фото: Коха.мк

Промоција на првиот прирачник за комуникација на знаковен јазик на албански јазик, Валдета Касапи, Аделина Хаскај фото: Коха.мк

Share on FacebookShare on Twitter

Комуникацијата преку знаковен јазик, за членовите на албанското општество во Македонија отсега ќе има дополнителна можност.

Здружението за култура и социјален развој – Kомуникација што ја објави првата книга/прирачник на знаци на албански јазик „Знаковен јазик на албански“ од авторките Валдета Касапи и Аделина Хаскај, која беше промовирана минатата недела  во Институтот за духовно и културно наследство на Албанците во Скопје, известија медиумите на албански јазик  во Северна Македонија.

„Книгата доаѓа како голем благослов за луѓето кои комуницираат преку знаци, за нивните семејства и воопшто за албанското општество во Северна Македонија, бидејќи ќе ја олесни меѓусебната комуникација“, рече директорот на Институтот, проф. д-р. Скендер Асани.

Ценејќи ја високо одличната работа на Касапи и Хаскај во однос на зајакнувањето на инклузивноста, Асани рече дека вратите на ИДКНА  секогаш ќе бидат отворени за соработка од ваков карактер.

Идејата за изработка на ваков текст, како што објасни авторката Касапи, се родила пред неколку години, во времето кога таа истражувала за својата докторска дисертација од областа на комуникацијата.

„Во националните медиуми на Белгија, покрај прашањето за употребата на јазиците, односно лингвистиката, во сите национални телевизиски програми на таа земја беше регулирано и прашањето за употребата на знаковен јазик.

Но, и овде во Северна Македонија националните телевизии на македонски јазик почнаа да практикуваат присуство на знаковен јазик, но не и албански јазик“, посочи авторката Валдета Касапи.

Авторката Аделина Хаскај, која работи со ученици со посебни потреби во ОУ „Иднина“, рече дека во отсуство на книга на знаковен јазик, односно комуникација, Албанците досега учеле на македонски јазик.

Универзитетскиот професор Авзи Мустафа, вели дека оваа книга, освен што ќе ги задоволи потребите на овие студенти, може да послужи и како добар модел за составување на образовните програми од страна на Бирото за развој на образованието. Тој, исто така, побара од универзитетите да го вклучат знаковниот јазик како модуларен дел од нивните студиски програми.

Д. Тахири

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ