• Latest

Од декларации до реалност – учество во креирање политики, подигање на свеста и активизам за европските вредности, мултикултурализам и недискриминација

November 26, 2021
Фото: Фејсбук на Арбен Травари

Таравари си замина од владата на Мицкоски без испиено „сиктер кафе“

May 13, 2025

Денес: Вестминистерскиот сојуз за Украина се состанува во Лондон и онлајн за да ги зајакне демократското единство и поддршката за Украина

May 13, 2025

АНАЛИЗА: Внатрешниот долг за три месеци зголемен за 25,5 милиони евра

May 13, 2025
Фотомонтажа: Д. Мишев/ЦивилМедиа

Влатко Ѓорчев сега не го интересира изгор цената на црешите, важно краставиците да се евтини

May 13, 2025

Полска ќе му забрани влез на Додик

May 13, 2025

Нема да има реконструкција на Владата, ќе има само смена на министри

May 13, 2025

Јасна осуда на руската инвазија и дијалогот со Косово се клучни за европскиот пат на Србија, рече Кошта

May 13, 2025
Проф. д-р Љубомир Фрчкоски

(ДЕМАНТ) Фрчкоски: Срамен притисок врз критичарите на власта

May 13, 2025

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за излегувањето на Таравари од владата?

May 13, 2025
Фото: Скриншот Х

(ВИДЕО) Израел бомбардираше болница во Газа, „Хамас“ тврди дека меѓу убиените паценти е и новинарот Хасан Аслих

May 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Од декларации до реалност – учество во креирање политики, подигање на свеста и активизам за европските вредности, мултикултурализам и недискриминација

November 26, 2021 12:30
in АНАЛИЗИ, МУЛТИКУЛТУРА, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Во периодот април-јуни 2021, ЦИВИЛ одржа неколку настани и разговори со носители на државни функции, експерти и активисти на граѓанското општество поврзани со Националната стратегија „Едно општество за сите“ и активностите што се одвиваат од различни институционални и општествени актери во функција на спроведување на оваа стратегија.

19 мај 2021, ЦИВИЛ ја организираше панел дискусијата на тема „Еднаквост, недискриминација и мултикултурализам во Северна Македонија: Состојби, предизвици и перспективи“, на која учествуваа Директорот на АОПЗ, Еран Куртиш, заменик-директорот на АОПЗ Џелал Хоџиќ, Мерсиха Смаиловиќ од граѓанската организација „Легис“ и Ашмет Елезовски, директор на граѓанската организација „Национален Ромски центар“.

На 22 мај 2021, ЦИВИЛ одржа Јавен настан на тема  „Мултикултурализам и европски вредности во медиумите, на кој учествуваа Фиљана Кока, новинар во јавниот сервис НРТВ и потпретседателка на Здружението на новинарите на Македонија, Елида Зулбеари, уредничка на „Порталб“ и  Ана Цветковска уредничка во МИА.

На 26 мај 2021, ЦИВИЛ го одржа јавниот настан со наслов „Европските вредности – (не)возможна мисија: Еднаквоста, недискриминацијата и мултикултурализмот низ призмата на политиките и практиките на национално ниво“, на кој учествуваа вицепремиерот и министер за политички систем и одоноси меѓу заедниците, Артан Груби и Националниот координатор за интеркултурализам, Роберт Алаѓозовски.

Освен тоа, на 11 јуни, 2021, ЦИВИЛ организираше и продуцираше опширно интервју со Националниот координатор за интеркултурализам, Роберт Алаѓозовски, посветено на аспектите на спроведувањето на Националната стратегија „Едно општество за сите“.

Меѓу другото, ЦИВИЛ ги следеше и настаните на институционалните и други актери поврзани со активностите за спроведување на оваа Стратегија, при што како значајна активност беше следен Првиот состанок на Оперативното тело за развој на концептот за едно општество и интеркултурализмот, кој се одржа на 7 јули 2021.

ЦИВИЛ произведе над 30 медиумски содржини од овие настани, како и неколку анализи, кои беа објавени во овој период на веб страницата Цивилмедиа.мк и на страниците на организацијата на Фејсбук и Твитер.

Активност 1

Панел дискусија на ЦИВИЛ на тема „Еднаквост, недискриминација и мултикултурализам во Северна Македонија: Состојби, предизвици и перспективи“,  19 мај 2021.

Еран Куртиш „Во врска со правичната застапеност во јавната администрација, во последните две –три години гледаме дека има подобрување. Новите бројки од Министерството за информатичко општество и администрација  можеме да ги презентираме тука. Ние ги претставуваме заедниците кои се спомнати во преамбулата на Република Северна Македонија, а тоа се Турците, Ромите, Србите, Бошњаците, Власите, и за жал стојат уште околу дваесет заедници кои не се спомнати, а стојат како „други“ во преамбулата.

До крајот на 2020 година, Турци во јавната администрација, се вработени 2437, односно 2,18 проценти, Роми има 1578, односно 1,41 процент, Срби 1295, односно 1,16 проценти, Бошњаци 567, односно 0,51 процент, и Власи 551, односно 0,49 проценти.

Бројките секоја година се подобруваат, но за жал, според Рамковниот договор, треба  уште  многу да работиме во овој случај, и секојдневно ги следиме состојбите во оваа болна тема за заедниците. Бидејќи, како што ви е познато, во денешницава имаме балансер за вработување. И тоа, нам како припадници на помалубројните заедници, јас и припаѓам на турската заедница, ни претставува проблем при вработување. Но со тек на времето, мислам дека ќе се најде решение за надминување на оваа пречка.“

Џелал Хоџиќ

„Нашата држава има потреба од политики на позитивна дискриминација но тоа не смее да прерасне во чиста дискриминација. Правото на правична застапеност произлегува од Рамковниот договор, бидејќи ние 70 години никако да дојдеме до тој ред. Но балансерот како алатка за жал е несреќна алатка која повеќе дискриминира отколку да помага. Бројките се поправаат но треба уште да се работи на тоа.

Треба да се најде начин да се дојде до еден среден рок, да се дојде до тој момент нашата администрација да биде правично застапена.

Дискриминација е не секогаш етничка, многу често е родова и често ги погодува најсиромашните, оние со инвалидитет итн. Постојат разни врсти на дискриминација и внатре во самите етнички кампуси. Така да и од таа димензија треба да се гледа дека за жал останува тука многу работа на тие полиња.

Имавме доста конструктивна средба со директорот во тој дел. Највеќе што фали во тие редакции е кадар и јавниот сервис бара да им се дозволат вработувања затоа што имаат средства, бидејќи не може да биде редакција на ромски јазик со еден вработен. Во тој дел кадарот е најпроблематичен, и еве еден апел да конечно се направат напори од сите чинители во општеството да јавниот сервис добие квалитетен кадар во делот на вработувања во сите редакции на заедниците.

Ако го исклучите јавниот сервис, со сите предизвици кои ги има во работата, ние навистина, останатите медиуми, не можеме да кажеме дека го задоволуваат  тој мултиетнички елемент, односно програмите на јазиците на двете најмногубројни заедници, се некако програми кои се креираат сами за себе. Медиумскиот простор бара предизвик да креирате програма и да во нејзе едните учат за другите. И ако се прави емисија да кажеме за одредена етничка заедница, не е потребата да речеме бошњачката заедница да гледа само емисии за бошњачката заедница, туку напротив, таа емисија треба да ја видат сите останати. И обратно. Бошњачката заедница треба а види емисии квалитетно продуцирани и да научи нешто од културата на другите.“

 

Мерсиха Смаиловиќ

„Кога би зборувале во името на сите заедници, на сите маргинализирани групи, на секоја дискриминација, бидејќи дискриминацијата е слабост на еден државен орган, и сега можеби со факти и докази дека Ромите се нај дискриминирани, и ако ние молчиме на тоа, утре тој државен апарат ќе ги дискриминира сите други заедници коишто се помалку ранливи или во тој момент, бегалците, мигрантите, Бошњаците, Турците. Сметам дека антибиотикот за борбата со дискриминацијата е да реагираме на секоја неправда и подеднакво да реагираме на секоја дискриминација.

Собранието ја формираше комисијата за заштита од дискриминација,  и моментално брои шест члена и повторно има оглас за уште еден. И самата комисија која што треба да биде врвот на спречување на заштита од дискриминација, не ги исполнува сите сегменти. Имаме само една жена моментално, другите се мажи и ги немаме вклучено сите заедници. Комисијата која треба да биде на врвот на што значи вклученост, во суштина, во старт има одредени проблеми.

Во земјава креирањето на политиките доаѓа од политичките партии. Вклучувањето во политичкиот живот или во државните структури доаѓа од политичките партии. Вклучувањето на жената бошњакиња  во политичките партии е никаква. Ние немаме на некоја водечка позиција на политичките партии жена, и да има жена на таа не и е допуштено да се истакне. Кога беа пред изборните кампањи на бошњачките партии, тоа беше само присуство на мажи кои одат и ги претставуваат политиките на бошњачката заедница во која што дошле да слушаат само мажи. Климата во која функционира таа политичка партија воопшто не е демократска и инклузивна, состаноците се одвиваат во вечерните часови, во кафани или слично, каде што вие воопшто не се чувствувате комотно да придонесете нешто.

Тука е и образованието со кое што се соочува како проблем бошњачката заедница, го имаме правото да учиме на Босански јазик, имаме училишта во кои има босански јазик, но се случува да Бошњаците не сакаат да го искористат тоа право да учат на свој мајчин јазик кој е многу сличен со македонскиот и нема да влијае на вашиот понатамошен развој“.

Ашмет Елезовски 

„Присутна е дискриминацијата, расизмот, антициганизмот врз Ромите. Нема ниту еден претставник во законодавната власт, односно нема ниту еден министер кој ќе може да раководи со буџет и ќе може да носи одлуки. Има само неколку советници кои немаат некакво влијание во државата“ –

 

Проценка и препорака за имплементација на стратегијата „Едно општество за сите“

Настан: „Европските вредности – (не)возможна мисија: Еднаквоста, недискриминацијата и мултикултурализмот низ призмата на политиките и практиките на национално ниво“, одржан на 26 мај 2021.

Вицепремиер на Влада на Република Северна Македонија, Артан Груби

„Едно општество може да биде цело и хармонично само при еднаквост, што само по себе подразбира недискриминација туку еднаквост во права но и во обврски. Да се живее заедно значи да живееш еднаков бидејќи само еднаквите можат да живеат заедно.

Етникумот, религијата и културната припадност се разноликост, но во исто време се и извор на конфликт. Ние сакаме да ставиме крај и да не даваме никаков простор на било кој да го искористи овој момент на слабост на оваа разноликост и затоа  сме ангажирани за таква голема прослава во текот на крајот на јули, целиот август па се до средината на септември. Затоа е есенцијално значајна еднаквоста, недискриминацијата, толеранцијата, за да не се вратиме во периодот на разочараност.“

Етникумот, религијата и културната припадност се разноликост, но во исто време се и извор на конфликт. Ние сакаме да ставиме крај и да не даваме никаков простор на било кој да го искористи овој момент на слабост на оваа разноликост и затоа  сме ангажирани за таква голема прослава во текот на крајот на јули, целиот август па се до средината на септември.

Затоа е есенцијално значајна еднаквоста, недискриминацијата, толеранцијата, за да не се вратиме во периодот на разочараност.“

Национален координатор за интеркултурализам, Роберт Алаѓозовски

„Со стратегијата „ Едно општество за сите“ решивме да ги надминеме негативните појави, а тоа е дискриминацијата, нееднаквоста, родовата нееднаквост, недоволната грижа за најранливата категорија на граѓани, и поделеноста во општеството. Таа поделеност одеше на повеќе линии, меѓутоа етничката поделеност е една од нив. Секако дека нееднаквоста и дискриминацијата е една од главните причини за поделеноста и затоа оваа Стратегија и платформата на Владата се базирани на надминување на тоа.

Стратегијата е така конципирана да не прави поделби на „или-или“ ситуации, ние не се определуваме дали треба еднакво или едно општество, ние сме за тоа дека мултикултурноста мора да живее и да биде функционална, еднаквоста мора да постои на сите нивоа и на индивидуален план и меѓу заедниците, и таа мора да оди преку низа на категории како што се етничката, религиската, родовата и низа други кои се појавуваат и прават проблеми во општеството.“

 

Јавен настан – Мултикултурализам и европски вредности во медиумите, 22 мај 2021

Фиљана Кока, новинар во МТВ 1  и заменик претседател на ЗНМ

„Во јавниот сервис постојат редакции на јазиците на заедниците, освен на албанската, турската , српска, ромска, бошњачка и влашка. Ако проследите настан кој е покриен од сите заедници а се работи за инволвираност на припадници на различни заедниците често ќе се забележи дека секој го покрива настанот од аспект на интерес на заедницата на која и припаѓа заобиколувајќи ги основните стандарди и норми на професијата кои пред се произлегуваат од кодексот на новинарите. И тоа е најчесто кога се работи за меѓуетнички инциденти.  Тоа не е толку можеби еклатантно во јавниот сервис како што е очигледно во медиумите, националните ТВ,  на пример, Сител, канал 5 наспроти Алсат, Шења итн.  Уште позагрижувачко е што тоа се прави суптилно, на некој начин филувано…“,

Ана Цветковска уредничка во МИА

„Во МИА отсекогаш постоеле редакции кои што ги застапувале вестите на заедниците, можам да кажам дека се тоа двете најзастапени заедници, македонскиот сервис и албанскиот сервис, но не постои, особено изминативе  три четири години, стриктна поделба на тие две редакции, во смисла и во македонската редакција работат Албанци, и во албанската работат македонци. Ќе се обидуваме во иднина тој пристап да го одржуваме. Да не се делиме туку напротив да се спојуваме. Односно, во македонската редакција да имаме интервјуа и стории кои што ќе бидат на албански со превод и обратно, бидејќи на тој начин ќе го поттикнеме мултикултурализмот, отколку да се поделуваме во две посебни редакции. Мислам дека тоа е многу битно за унапредување на овој феномен, односно многу е битно, како да кажам, да не се двоиме како две различни редакции, туку напротив да се поврзуваме и јазично и во начинот на работата.“

Елида Зулбеари, уредничка во Порталб

„Мора да има постојано вести и информации за да ја информираат и другата заедница дека се соочуваме со истите проблеми. И од овој свет и од другиот има и криминалци и добри луѓе. Кога го креиравме Порталб,  направивме мост меѓу двете најголеми заедници во Македонија. За да можеме да го преведеме и кажеме тоа што се случува во македонската јавност, турската албанската, сите заедници. На пример, ако во општина Струга има проблем, мора да се рапортира на сите јазици за сите да можат да бидат информирани, а проблемот да не се игнорира од некого. Преку тој пристап сите се чувствуваат како дел од неправда, правда или дел од тој систем“.

 

 Роберт Алаѓозовски, интервју – 11 јуни 2021 „Обврска на секој политичар е да ја разбере и да ја имплементира Стратегијата „Едно општество за сите“

„Направена е анализа, многу брзо ќе го објавиме и официјално како документ на Владата за статусот на имплементација, веќе во 2028 година. Направена е една анализа во соработка меѓу Министерство за локална самоуправа и АДИ Гостивар, за несоодветностите и сите дисфункционалности на Комисиите за односи меѓу заедниците на локално ниво. Следува дополнување на Законот за локална самоуправа, во оној момент кога Министерството ќе ја предложи измената на законите, значи тој закон наскоро ќе се отвори бидејќи е донесен во 2004 година, и во периодот кој ни претстои ќе бидат внесени и тие законски измени со кои уште повеќе ќе се засили улогата на овие комисии, што не значи дека ние не ги поттикнуваме општините и во овој момент тие комисии да работат и да функционираат.“

Стратегијата во овој момент е на половина од својата имплементација. Меѓутоа, токму  за оваа половина го имаше големиот предизвик, а тоа е Ковид кризата. Ковид кризата нè упсори на многу начини, институциите го намалија капацитетот, интеракцијата, општеството на некој начин се затвори во своите дневни соби и, од тие причини, малку можеше да се направи.

Но нашиот извештај за 2020 година зборува дека, сепак, 30 или 40 отсто од активностите се или завршени или се во тек, односно многу брзо ќе почнат да се реализираат. Така што, во останатиот период, се надеваме дека пандемијата конечно малку ќе нè остави раат. Значи, имаме уште половина од проектираниот годишен рок да ја имплементираме. Во овој момент важи принципот: имплементација, имплементација, имплементација – тоа е нашата обврска. Да видиме како ќе ја истераме оваа фискална година. Имаме ветување дека и со ребалансот ќе добиеме средства за оние активности што треба да се спроведат. Тие се спремни, чекаат. И се разбира, во 2022 година ќе имплементираме сè што ќе преостане од самата Стратегија.

Битен чекор е конечно да го направиме и првиот состанок на таканареченото постојано оперативно тело. Тоа е она политичко тело кое се состои од дузина министри од владата и директорите на најзначајните институции. Тоа политичко тело треба на некој начин да го усвои она што е до сега сработено, но и да ги ревидира и усвои ревизиите на идниот план. Треба да провери како стои земјата во однос на новите препораки, новите извештаи, новите норми, директиви, заклучоци или препораки кои во изминатиот период ги донеле и домашните организации, и меѓународните тела.“

Прв состанок на Оперативното тело за развој на концептот за едно општество и интеркултурализмот 7 јули, 2021

Оперативното тело за развој на концептот за едно општество и интеркултурализмот го одржа првиот состанок на кој беа презентирани постигнатите резултати и беа разгледани состојбите и предизвиците во спроведувањето на Националната стратегија за развој на концептот едно општество за сите и интеркултурализмот (2020-2022 година), известија владините служби.

Заклучоци и препораки

Во овој период ЦИВИЛ забележува зголемена активност на државните институции во интензивирање на спроведувањето на Националната стратегија „Едно општество за сите“. Значаен позитивен сигнал во оваа насока е и одржувањето на првиот состанок на Оперативното тело за развој на концептот за едно општество и интеркултурализмот, иако ЦИВИЛ констатира дека оваа активност доцни. Во оваа насока, ЦИВИЛ ги охрабрува носителите на овие процеси, пред се Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците и националниот координатор за мултикултурализам при Владата на Република Северна Македонија, но и другите надлежни институции, да се фокусираат на доследно и уште подинамично спроведување на на Акцискиот план на Стратегијата.

Кај граѓанското општество, освен неколку организации кои перманентно работат на ова поле, се забележува отсуство на активности поврзани со мултикултурализмот и спроведување на Стратегијата „Едно општество за сите“. Препорака на ЦИВИЛ до граѓанските организации и особено до неколкуте мрежи кои го адресираат мултикултурализмот е да вложат повеќе напори во генерирање на конкретни активности и настани со кои ќе се промовира концептот и Стратегијата. Воедно, препорака и до други граѓански или мешовити мрежи кои работат на професионализација на медиумите и промовирање на медиумската писменост да ги приоритизираат активностите и содржините кои го опфаќаат овој аспект.

Слична е и состојбата кај медиумите, се забележува помал интерес за промовирање на мултикултурализмот, за сметка на зголемен интерес и поголем обем на содржини кои приднесуваат за поларизација, етнички поделби па и говор на омраза. ЦИВИЛ ги охрабрува и им препорачува на медиумските организации и професионалните редакции да покажат поголем и проактивен ангажман во следење на спроведувањето на Националната стратегија „Едно општество за сите“, како и промовирање на мултикултурализмот во земјата.

Во овој контекст, ЦИВИЛ ја повторува својата препорака до наделжните институции за санкционирање на говорот на омраза и ширењето на етничка верска и расна нетропеливост, кои се кривични дела, да покажат далеку поголем ангажман во сакнционирање на сторителите и овозможување на подобар амбиент за развој на мултикултурализмот во земјата.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    93 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ