• Latest

Од Шарена до Црна револуција!

March 1, 2017

Синдикатот на „Нова“ и „Радар“ бара повлекување на одлуките за затворање на весникот и отпуштање на соработници

October 28, 2026
Немања Каровиќ, Студентска листа

Каровиќ, Студентска листа: Власта во заминување се обидела да извлече милијарда динари од банка во Србија

October 28, 2026

Израел по изборите: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена околу формирањето нова влада

October 28, 2026
Неуморни и сеприсутни: Државната служба  за вонредни состојби на Украина (ДСНС): Кијив, 27 октомври 2026

Студот и темнината како оружје на рускиот агресор – Комисија на ОН: воени злосторства и злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Протести во Франција: Владата најави мерки од 5 милијарди евра, нови протести на 31 октомври и 5 ноември

October 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Кој ќе биде оревокршач во Македонија

October 28, 2026
Амбасада на Израел, Белград,  28 октомври 2026 (Фото: Министерство за внатрешни работи на  Србија)

Втор напад за две години пред израелската амбасада во Белград, прогласено црвено ниво на закана

October 28, 2026

ШТО Е СНОБ: Легендата за sine nobilitate и опседнатоста со докажување на сопствената вредност

October 28, 2026
Џелал Хоџиќ

Време е да се растераат темните облаци на Путин над Западен Балкан

October 28, 2026

РЕАКЦИИ: Србија по студентската победа – надеж за промени или страв од повторување на старите грешки?

October 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Од Шарена до Црна револуција!

March 1, 2017 12:24
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Пролонгирана политичка криза, етнички прашања секој ден на „мени“, за појадок, ручек и вечера, селективен патриотизам, борба за поудобна фотелја, националистичка манипулација како македонска, така албанска, говор на омраза, некомпетентни политичари, политичка култура на апатија, зачинета со демократскиот зачин – „протести“…

Пишува: Климентина Ѓорѓиоска

А, она што треба да направиме е да застанеме за момент и да се прашаме, што ни се случува?

Од Шарена стигнавме до Црна револуција, од сплотеност – до омраза, од казна за криминалот – до потенцијално редефинирање на законите, од желба за конструктивни промени – до целосна деструктивност.

Време е граѓаните на оваа земја да станат малку поодговорни кон иднината на наредните генерации. Треба да сфатат дека патриотизмот не значи љубов кон географската одредница за оваа територија, туку љубов кон луѓето кои живеат тука, почит, квалитетно образование, добро здравство, систем што функционира и што нуди реални шанси за младите, систем што ги почитува граѓанските права, што ги почитува и валоризира работниците, што работи секојдневно на намалување на сиромаштијата и на коефициентот на нееднаквост, на надминување на културните разлики и на индивидуалните и колективните стереотипи…

Ако сакаме да градиме мостови на добра комуникација и заеднички живот и да бидеме меѓусебно перцепирани како еднакви, треба да работиме заеднички на тоа поле. А, заеднички значи кога критикуваме да ги критикуваме сите, а не да се повлекуваме кога станува збор за припадник на иста националност… Да прекинеме еднаш и засекогаш со супериорноста, да станеме повеќе свесни дека на Македонија ѝ треба мир, разбирање, љубов и градење заедничка општествена реалност.

Потребна ни се, сега непостоечката – социјална држава, профил на политичари кои управуваат со земјата на чесен начин, според концептот на граѓанско општество. Потребно ни е да се работи со младите и врз перспективите. Зборот перспектива, покрај тоа што убаво звучи, упатува на можностите кои луѓето, а особено младите, ги имаат за личен и професионален прогрес, нешто што во Македонија, иако е во зародиш, со ваквите негативни феномени може само да добие негативен тек.

Ако политичарите ни се карикатури, а политиката ни се сведува на пазарење, зошто сме оптимисти дека сме само на чекор кон подобро општество­?

Во овој момент, од нашата реалност, кога дел од младите се полни со етничка омраза, дел се заминати од земјава, а голем дел од нив се крајно незаинтересирани за политичката и севкупна општествена состојба. Или се полни со себеси и само со себеси…

Се прашувам колку делчиња од мозаикот треба да се пронајдат за да почнеме одново да ја градиме Македонија со поздрави, поцврсти темели, со повеќе емпатија, одговорност и компетентност?

Tags: емпатијаетничка омразакомпетентносткризапазарењестереотипиЦрна револуцијашарена револуција
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ