• Latest

ОД ЦРНИОТ ПОНЕДЕЛНИК ДО ИСПОВЕДНИОТ ПЕТОК: Случај Иџет Мемети

August 17, 2024

36 земји го отвораат патот за формирање Специјален трибунал за руското злосторство – агресија: „Правдата е неразделен елемент на трајниот мир“

May 15, 2026

Случајот „Мазут“: Како истрагата за 167 милиони евра се претвори во институционален судир

May 15, 2026
Илустрација ВИ

Нов закон за игри на среќа отвори фронт меѓу Владата и индустријата: Се најавуваат отпуштања, протести и правни битки

May 15, 2026
Фотографија: Скриншот од видео на Си - Ен - Ен

Трамп и Си со заедничка порака до Иран: Нема нуклеарно оружје, Ормускиот теснец мора да остане отворен

May 15, 2026

РЕАКЦИИ: Нема реформи без промена на системот – граѓаните со поделени ставови за капацитетот на Владата на Мицкоски

May 15, 2026

Спремна продажбата на N1 и други, а Шолак не сака да влезе во игра!

May 15, 2026

И на пазарот има мода

May 14, 2026

Инцидент со украински поморски дрон кај Лефкада ја вознемири Атина: истрага и дипломатски тензии

May 14, 2026

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: ЕУ бара реформи, но дали владата на Мицкоски има капацитет да ги спроведе?

May 14, 2026
Илустрација ВИ

Цените на нафтата стабилизирани по дипломатските сигнали од Вашингтон и Техеран

May 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ

    36 земји го отвораат патот за формирање Специјален трибунал за руското злосторство – агресија: „Правдата е неразделен елемент на трајниот мир“

    Случајот „Мазут“: Како истрагата за 167 милиони евра се претвори во институционален судир

    Илустрација ВИ

    Нов закон за игри на среќа отвори фронт меѓу Владата и индустријата: Се најавуваат отпуштања, протести и правни битки

    Фотографија: Скриншот од видео на Си - Ен - Ен

    Трамп и Си со заедничка порака до Иран: Нема нуклеарно оружје, Ормускиот теснец мора да остане отворен

    РЕАКЦИИ: Нема реформи без промена на системот – граѓаните со поделени ставови за капацитетот на Владата на Мицкоски

    Инцидент со украински поморски дрон кај Лефкада ја вознемири Атина: истрага и дипломатски тензии

    ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: ЕУ бара реформи, но дали владата на Мицкоски има капацитет да ги спроведе?

    Илустрација ВИ

    Цените на нафтата стабилизирани по дипломатските сигнали од Вашингтон и Техеран

    Кијив, 14 мај 2026 (извор: ДСНС)

    Државата-терорист продолжи со терор врз цивилите во Украина: Стотици руски дронови и ракети, Кијив под најсилен удар

    Фотографија: Скриншот од видео на Гардијан

    Трамп и Си Џинпинг во Пекинг: Договори за економија, тензии околу Тајван

  • ПОЛИТИКА
    • All
    • ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

    Случајот „ТЕЦ Неготино“: политички интервенции и валкана медиумска совест

    Политиката на Мицкоски кон ЕУ не е грешка

    ЦИВИЛ бара студентите привремено да бидат сместени во хотели додека се санираат студентските домови

    СКАНДАЛ: Студентски стандард – стаорци, студени тушеви, нефункционални лифтови, неисплатени стипендии

    ЦИВИЛ: Студентските домови не смеат да бидат симбол на државна негрижа

    Пред отворени европски порти, Мицкоски копа ров

  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
    • All
    • ИСТОРИЈА
    Илустрација ВИ

    Нов закон за игри на среќа отвори фронт меѓу Владата и индустријата: Се најавуваат отпуштања, протести и правни битки

    РЕАКЦИИ: Камерите не воспитуваат – сообраќајната култура и натаму на нула

    Гордана Дувњак (1965–2026)

    Гордана Дувњак (1965–2026): Тивко заминување на еден силен новинарски глас

    Меѓународен ден на Ромите: Култура, идентитет и континуирана борба против дискриминацијата, сиромаштијата и системската неправда

    Јирген Хабермас (Фото: Европска комисија/Szabolcs Dudás)

    Замина Јирген Хабермас, гигантот на модерната филозофија

    Илустрација ВИ

    Иницијатива што поврзува жени од Македонија, Шведска и Германија нуди поддршка за семејни кризи, насилство, родителски предизвици и економска несигурност

    Фото: Ариан Мехмети

    Кризата е тешка, законот може да се менува – ама платите не: Здружение на јавни обвинители со порака до пратениците

    Фотомонтажа: Скриншот од видео

    Отворено писмо до претседателката: Ако ви дошло до смеење, дојдете со мене на онкологија

    Моето име, моите корени, мојата земја

    Корубин: Селективен и селектиран устав

  • СЛОБОДНА ЗОНА
    • All
    • ES-PRESS-O
    • БЛИЦ
    • БРЗА ПОШТА
    • ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА
    • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
    • ЕДИТОРИЈАЛ
    • КОМПАС
    • ПО ДОПРЕН ГЛАС
    • САТИРА

    И на пазарот има мода

    Случајот „ТЕЦ Неготино“: политички интервенции и валкана медиумска совест

    Политиката на Мицкоски кон ЕУ не е грешка

    За меѓународните напори за враќање на незаконски депортираните Украински деца од страна на Русија

    Пред отворени европски порти, Мицкоски копа ров

    Од „наркомани и неонацисти“ до „господин Зеленски“: Што се крие зад промената во реториката на Путин?

    Да зборуваме за она што најчесто се премолчува на овој ден на мајките

    Не e  прашањето дали ќе има избори – вистинското прашање е – какви ќе бидат тие избори

    Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

    Браво мајсторе!

    Москва, 23 август 1939 година | Советскиот министер за надворешни работи Вјачеслав Молотов го потпишува Пактот за ненапаѓање. Зад него стојат Јосиф Сталин и германскиот министер за надворешни работи Јоаким фон Рибентроп.

    Крвното братство што тие сакаат светот да го заборави

  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result

Home АНАЛИЗИ

ОД ЦРНИОТ ПОНЕДЕЛНИК ДО ИСПОВЕДНИОТ ПЕТОК: Случај Иџет Мемети

Последната голема риба која се улови во мрежата на антикорупциска истрага новата власт ќе се обиде да ја искористи како доказ за потребата од целосен ремонт на правосудството – по свој терк. Ова значи дека пак се поаѓа од фактот дека овој народ има кусо помнење.

August 17, 2024 12:02
in (АНТИ)КОРУПЦИЈА, АНАЛИЗИ, ПОЛИТИКА, ПРАВДА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ЉУБОМИР КОСТОВСКИ

Специјално за ЦивилМедиа

Овој функционер, сега веќе поранешен член на Советот на јавни обвинители е секако последната голема ѕверка што ќе биде осудена за корупција. Секогаш постои она пребирање низ личната архива – имаше ли и други обвинители? Но четвртокот, 9 август, беше ден кога само се потсетивме на деновите кога обичната и стручната јавност му прости за неговиот молк на 24 декември 2012 г.- кога пратениците и новинарите беа исфрлени од Парламентот, а тој сето тоа го гледаше и чекаше да биде реизбран.

Дали се сеќавате на црниот понеделник, оној 24-ти декември 2012 година? Денот кога од Парламентот беа исфрлени пратениците, но и претставниците на медиумите? Јавноста практично беше за некој час во аут – немаше пренос, а единствен сведок на настанот беа снимките од телефонот на пратеничката Маринела Маричиќ. Сѐ требаше да остане во некаква полуанонимност за да не се види големиот срам што премиерот Груевски и неговиот најблизок соработник, министерот за финансии Зоран Ставрески го подготвија за да го ослободат народниот дом од присуството на своите политички опоненти и да го донесат Буџетот за следната година во за нив комотна атмосфера. Јасно, за да можат да ги трошат приходите онака како што намислиле.

А внатре во салата, додека се развиваше драмата, мислам во првиот ред, седеше народниот правобранител Мемети, кој чекаше Парламентот да му даде пас за неговиот трет мандат. Прв пат беше избран во 2004 година, потоа доби уште четири години, но не му беше доволно од толку долгото бранење на народните права, па очекуваше да продолжи да седи во истата фотелја.

Претходно, Комисијата за избори и именувањата му даде пас како на најсериозен кандидат и заради фактот што два пати добил високо одликување!

Иџет Мемети

Нему, на чуварот на правата на граѓаните и поредокот во поширока смисла, во тој кошмарен настан, практично еден вид на државен удар (припадници на органите за безбедност ги исфрлаа пратеници избрани на регуларни избори како да се – да ми простат исфрлените – вреќи со компири) – не му трепна окото. Како да беше во некаков стаклен ѕвонец, важно му беше да се врати редот и поредокот според правилата и замислите на ВМРО-ДПМНЕ, за да биде реизбран. Молчењето во таа ситуација секако му дуваше во грбот – си доби мнозинство без било какви колебања од остатокот од пратеници во салата. И ним окото никако да им трепне.

Тој со тоа јасно покажа на чија страна е и колку неговите етички начела се невидливи зад темните превези на полтронството и веројатно вродената рамнодушност. Каков совршен кадар за секоја власт – народот од нив треба да го брани оној кој е согласен да си постави брана пред моќниците?!

Не го заинтересираа ниту лелеците од балконот каде седеа новинарите, каде некои дури добија и ќотек, бидејќи сметаа дека овој чин мора да биде забележан! Но сѐ мораше да остане во некаква предвидлива дискреција. Впрочем, Груевски сметаше дека единствен релевантен судија во тој миг може да му биде западната демократија, која, во тој миг влезе во фуријата наречена – прослава на Божиќ!

Какво перверзно сценарио! Колку лесно Мемети стана дел од севкупниот мозаик на бесчестието.

И по овој малку подолг вовед да дојдеме до последното скалило од неговото последното кадровско качување до врвот на пирамидата кај третата власт. Иџет Мемети, роден на 8 јануари 1961 година во село Раковец, денес е член на Советот на јавни обвинители. Пардон, грешка. Беше во Советот до 9 август, кога му поднел оставка од функцијата на спикерот на Парламентот, бидејќи, со обвинителите, нели – колегите (!) се договорил да биде казнет условно, откако ја призна вината за земање поткуп. Претходно, по истрагата на Обвинителството за организиран криминал, соочен со нивните факти негирал дека е вмешан, тврдел дека се работи за подметнување и кога веројатно му била понудена условна осуда и тригодишно губење на секаква јавна функција, се согласил да ја признае вината во целина.

Јавноста веќе знае дека се работи за „трилатерален договор“ насочен кон лице кое треба да биде осудено за трговија со наркотици да му се изрече минимална казна затвор и да му се обезбеди „соодветен“ комфор во идниот затвор, каде ќе ја отслужува казната. Во игра бил аванс од 10 илјади евра и награда од 30 илјади евра после изрекување на „млаката“ пресуда. Таа цена била доволно импресивна за Мемети, кој навистина има богато досие на функции и надвор од онаа на народен правобранител.

Професионалното искуство го започнал во 1987 година како секретар во Основно училиште во село Требош. Подоцна бил избран за заменик-секретар на Владата на Република Македонија, функција на која бил сѐ до 1999 година. Во таа година бил номиниран за државен советник, а на двапати (во 2001, и ноември 2003) бил избран за министер за правда, а од мај до ноември 2003 работел како судија на Уставниот суд на Република Македонија.

Бил член на Државната комисија за избирачки списоци во Собранието на Република Македонија, член на Координативното тело на Владата на Република Македонија за справување со кризата во 2001 година, како и член на Правниот совет на Владата на Република Македонија.

Битен содружник, секако, во признанието на вина на Мемети е врховниот судија Наќе Георгиев, како првоосомничен. Него, како и членот на Советот на јавни обвинители Мемети, се гонеа поради барање поткуп, додека давател на поткуп е поранешниот градоначалник на Ново Село – Боро Стојчев, кој пак беше уапсен со поголема група поради шверц на марихуана. Патем, иницијатива за склучување на спогодба со Обвинителството поднел и судијата Георгиев, но тој не може да смета на благ третман кај своите колеги. Впрочем, Наќе Георгиев, кој за разлика од Мемети, се соочува со затворска казна од една до 10 години. Колку ќе добие со спогодбата со Обвинителството останува да се види.

Кај приказната за Мемети постои и еден друг актуелен момент. Врзан е за дневните обиди на штабот на црвено-црните за секој нов скандал, а ги има и по неколку дневно, да ги товараат своите претходници, како да е тој став некаква бесконечна прекривка.

На 24 декември 2012 година јасно се виде како пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и нивната влада практично акламативно го избраа Мемети за посакувана функција. Во никој случај тие не можат да се амнестираат себеси. Но без сомнение, оние кои ја подржувале неговата кариера е дел од сликата „ред се редат мале“. На пример, дека Мемети бил дел до „сваровски“ судството. Исто, секако, како и оние кои одлучувале во последната влада на социјализмот, а кои овозможиле да го направи квантниот скок и да влезе од позиција на „ќато“ во селско училиште во Секретаријатот на Владата!

Тоа се превиди во низа или едноставно се работи за некои кадровски ишарети кои овозможуваат инерција во сите системи и сите моќници сакаат да имаат такви поединци блиску до себе. Да речеме, тие лесно се вклопуваат во амбиентот во кој корупцијата, како во случајот, е просто како претпоставена препорака. Па видете само, по повод признанието на вина на двоецот Мемети-Георгиев се огласи само Судскиот совет, што беше веднаш прифатено од медиумите, бидејќи, оние кои се спогодуваат со Обвинителството за организиран криминал во иднина ќе имаат третман на примероци кои докажуваат дека третата власт е подложна на корупција од претходниот двоец СДСМ-ДУИ! Треба ли да заборавиме на црниот понеделник или на кадровските навики на првиот братучед на Груевски?

Специјално за ЦивилМедиа. Сите права се задржани.
Tags: ВМРО-ДПМНЕИџет МеметиКорупцијаНаќе ГеоргиевправдаЦрниот понеделник
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ