• Latest
Сцена од отворањето на Олимписките игри во Париз, 2024 (скриншот од видео преносот на Еуроспорт)

Олимпијада 2024: Дали „светот“ дозволува да се смеете на сè, како во Франција?

July 31, 2024

Пред отворени европски порти, Мицкоски копа ров

May 12, 2026
Харкив, 12 мај 2026 (извор: ДСНС Украина)

РУСКИ ТЕРОР ВРЗ ЦИВИЛИ: Кремљ ја прекина „делумната тишина“ со нови напади врз Украина: Над 200 дронови, погодена цивилна инфраструктура, Кијив бара засилен притисок врз Кремљ

May 12, 2026

Од „наркомани и неонацисти“ до „господин Зеленски“: Што се крие зад промената во реториката на Путин?

May 12, 2026
Реакции - идентитет

РЕАКЦИИ: ЕУ значи контрола и крај на корупцијата, ама ЕУ е и закана за националниот идентитет – граѓаните поделени за уставните измени

May 12, 2026

Дипломатски тензии меѓу Скопје и Софија по средбата во Брисел: Идентитетот повторно во фокус

May 12, 2026

Нафта, нуклеарни закани и геополитички притисоци – разгорување на тензиите меѓу САД и Иран

May 12, 2026

Путин призна: Инвазијата во Украина не беше за „ослободување“, туку за запирање на нејзиниот пат кон ЕУ

May 12, 2026

ВЛЕН бара нова фаза на децентрализација: Општините да добијат поголема финансиска и политичка моќ

May 12, 2026

Да зборуваме за она што најчесто се премолчува на овој ден на мајките

May 10, 2026

VSquare: Тивкото протерување — Како Унгарија засолнуваше руски шпион сѐ додека Орбан не падна

May 10, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
    Харкив, 12 мај 2026 (извор: ДСНС Украина)

    РУСКИ ТЕРОР ВРЗ ЦИВИЛИ: Кремљ ја прекина „делумната тишина“ со нови напади врз Украина: Над 200 дронови, погодена цивилна инфраструктура, Кијив бара засилен притисок врз Кремљ

    Реакции - идентитет

    РЕАКЦИИ: ЕУ значи контрола и крај на корупцијата, ама ЕУ е и закана за националниот идентитет – граѓаните поделени за уставните измени

    Дипломатски тензии меѓу Скопје и Софија по средбата во Брисел: Идентитетот повторно во фокус

    Нафта, нуклеарни закани и геополитички притисоци – разгорување на тензиите меѓу САД и Иран

    Путин призна: Инвазијата во Украина не беше за „ослободување“, туку за запирање на нејзиниот пат кон ЕУ

    ВЛЕН бара нова фаза на децентрализација: Општините да добијат поголема финансиска и политичка моќ

    Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026

    Зеленски дозволи одржување на парадата во Москва: Потпиша декрет за локализиран прекин на огнот

    Инфлација од 1,3% во април 2026: Најголем скок во храната и транспортот

    Фптп: Скриншот од видео на Guardian

    Нов правен пораз за Трамп – блокирани глобалните царини и најавени огромни рефундации

    Румен Радев / Фото: МИА архива

    Радев официјално ја презеде власта: Нова политичка ера во Бугарија меѓу реформите и геополитичките дилеми

  • ПОЛИТИКА
    • All
    • ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

    Пред отворени европски порти, Мицкоски копа ров

    Реакции - идентитет

    РЕАКЦИИ: ЕУ значи контрола и крај на корупцијата, ама ЕУ е и закана за националниот идентитет – граѓаните поделени за уставните измени

    Дипломатски тензии меѓу Скопје и Софија по средбата во Брисел: Идентитетот повторно во фокус

    ВЛЕН бара нова фаза на децентрализација: Општините да добијат поголема финансиска и политичка моќ

    Не e  прашањето дали ќе има избори – вистинското прашање е – какви ќе бидат тие избори

    Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

    Браво мајсторе!

    Дебата за политичките состојби во изборен контекст: Контрола на штетата и продолжување на политичкиот рок на траење на власта

    Предвремени избори за одржување на режимот

    Џабир Дерала (фото: Рилинд Сулејмани)

    Звукот на привикнувањето

    Светски ден на слободата на медиумите: Помеѓу европските реформи и реалноста

  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
    • All
    • ИСТОРИЈА

    РЕАКЦИИ: Камерите не воспитуваат – сообраќајната култура и натаму на нула

    Гордана Дувњак (1965–2026)

    Гордана Дувњак (1965–2026): Тивко заминување на еден силен новинарски глас

    Меѓународен ден на Ромите: Култура, идентитет и континуирана борба против дискриминацијата, сиромаштијата и системската неправда

    Јирген Хабермас (Фото: Европска комисија/Szabolcs Dudás)

    Замина Јирген Хабермас, гигантот на модерната филозофија

    Илустрација ВИ

    Иницијатива што поврзува жени од Македонија, Шведска и Германија нуди поддршка за семејни кризи, насилство, родителски предизвици и економска несигурност

    Фото: Ариан Мехмети

    Кризата е тешка, законот може да се менува – ама платите не: Здружение на јавни обвинители со порака до пратениците

    Фотомонтажа: Скриншот од видео

    Отворено писмо до претседателката: Ако ви дошло до смеење, дојдете со мене на онкологија

    Моето име, моите корени, мојата земја

    Корубин: Селективен и селектиран устав

    Фото: Државна лотарија на Македонија/ Фејсбук

    Државна Лотарија на Македонија – не, благодарам!

  • СЛОБОДНА ЗОНА
    • All
    • ES-PRESS-O
    • БЛИЦ
    • БРЗА ПОШТА
    • ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА
    • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
    • ЕДИТОРИЈАЛ
    • КОМПАС
    • ПО ДОПРЕН ГЛАС
    • САТИРА

    Пред отворени европски порти, Мицкоски копа ров

    Од „наркомани и неонацисти“ до „господин Зеленски“: Што се крие зад промената во реториката на Путин?

    Да зборуваме за она што најчесто се премолчува на овој ден на мајките

    Не e  прашањето дали ќе има избори – вистинското прашање е – какви ќе бидат тие избори

    Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

    Браво мајсторе!

    Москва, 23 август 1939 година | Советскиот министер за надворешни работи Вјачеслав Молотов го потпишува Пактот за ненапаѓање. Зад него стојат Јосиф Сталин и германскиот министер за надворешни работи Јоаким фон Рибентроп.

    Крвното братство што тие сакаат светот да го заборави

    Илустрација ВИ

    Предвремени избори како алатка за продолжување на политичката контрола

    Германски трупи парадираат пред платформата со високите офицери на германската и советската армија (Bundesarchiv Bild 101I-121-0011A-23, Polen, Siegesparade, Guderian, Kriwoschein)

    Заборавениот сојуз и пријателство „запечатено со крв“: Кога нацистите и сталинистите парадираа заедно

    Предвремени избори за одржување на режимот

    Новинарство без слобода не бива. Прашањето е – колкава е таа слобода

  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result

Home ФОРУМ КОНТЕКСТ

Олимпијада 2024: Дали „светот“ дозволува да се смеете на сè, како во Франција?

July 31, 2024 20:00
in АНАЛИЗИ, ГОВОР НА ОМРАЗА, КОНТЕКСТ, ОПШТЕСТВО, СВЕТ, ТОП 5
Сцена од отворањето на Олимписките игри во Париз, 2024 (скриншот од видео преносот на Еуроспорт)

Сцена од отворањето на Олимписките игри во Париз, 2024 (скриншот од видео преносот на Еуроспорт)

Share on FacebookShare on Twitter

Минатата недела, во петок (26 јули), светот ја проследи церемонијата на отворањето на летните Олимписки игри, што годинава се одржува во Париз, Франција.

Церемонијата  ја одбележа 130-годишнината од Меѓународниот олимписки комитет, стогодишнината од Летните олимписки игри во 1924 година и 235-годишнината од Француската револуција.

„Парадата на нациите“, на која учествуваа 10.500 спортисти-учесници од 204 национални олимписки комитети, категоризирани од нивната соодветна делегација, се одржа на реката Сена, а други церемонијални настани се одржуваа во Jardins du Trocadéro (Градините на Трокадеро).

Свечената церемонија годинава беше тематски поделена и подготвена во 12 секвенци, секоја по својата специфичност и значење – Enchanté , Liberté , Égalité, Fraternité, Sororité, Sportivité, Festivité , Obscurité, Solennité, Éternité.

Церемонијата на отворањето на Олимпијадата во Париз привлече околу 29 милиони гледачи во петокот вечерта, што е најголема гледаност на олимписките игри по оние во 2012 година, одржани во Лондон.

Доживувања и реакции

Од „грандиозна“, „храбар подвиг“, „авангардно“, „совршена“, „забава за сите векови – и „најдобрата церемонија на отворање за летни или зимски игри од Рио во 2016 година“, до – „богохулие“, „ужасно“, „потсмев и исмејување на христијанството“ и уште многу други реакции за уникатно креираните мултимедијални содржини, ја одбележаа свечената церемонија на отворањето на летните олимписки игри.

Католиците и други христијански групи, но и муслимани низ светот, се навредија од делот во стил на римски баханалии, во кој пејачот го глуми синиот Дионис, а според верниците, танчерите ја имитираа сликата на Да Винчи, „Тајната вечера“.

Католичката црква во Франција излезе совреакција дека церемонијата „вклучувала сцени на потсмев и исмејување на христијанството“. Италијанската бискупска конференција рече дека таа доби „неочекувано негативен пресврт, станувајќи парада на банални грешки, придружени со банални и предвидливи идеологии“.

Навредени беа и светски лидери, како и голем број верници ширум светот, но и во Северна Македонија. Следеа и реакции од низа интелектуалци кај нас, а дел од нив ќе ги поместиме во овој текст.

“Светата војна” за одбрана на моралот и правоверноста на современа манифестација со античка реминисценција, какви што се денес Олимписките игри, во основа не отстапува од вековниот тренд: доминација. Доминација врз вистината или наративот, како што денес би рекле. Доминација на која христијанството како вера, но пред се’ власт е навикнато. Сакрална или световна, сеедно. Но, парадоксот или несовладливата пречка, во духот на спортскиот жаргон, на која наидоа во Париз неволно ги замолчува “гласните”: па каква правоверност (христијанска) барате во секуларизмот на Републиката?“, коментира професорката и поранешна пратеничка, Никица Корубин, како одговор на многубројните реакции од дел од граѓаните.

Таа се осврна на индивидуализмот, како симболика на секоја Олимпијада.

„Дали сме спремни да ја „признаеме“ туѓата поединечна супериорност? Да го „простиме“ успехот на другиот? Олимпизмот е индивидулаизмот, толку вообичаено за античкиот агон и толку невообичаено за христијанството.

И токму тој индивидуализам, беше и е симболиката на било која Олимпијада, од антиката па се’ до денес. Кој перфектно и брилијантно беше претставен уметнички, како спектакл, сцена, појава или дух, каде ако не во Париз, каде ако не во Републиката.“, посочи Корубин.

Џабир Дерала од ЦИВИЛ го опиша отворањето на Олимписките игри во Париз како „планетарен уметнички спектакл кој ќе остане запаметен како исклучително храбра, провокативна и ангажирана уметничка и социјална порака“.

„Најгласните реакции по отворањето на Олимписките игри 2024 во Париз се однесуваат на перформансот „Тајната вечера“ на францускиот актер и режисер Томас Жоли. Јас се согласувам со изјавата на авторот Жоли дека овој перформанс, всушност, претставува промоција на инклузивноста. Но токму во инклузивноста и се состои проблемот. Секогаш кога еден прогресивен уметник, интелектуалец или политичар ги урива бариерите на општественото статус-кво, реакциите се жестоки и предизвикуваат говор на омраза и насилство“, вели Дерала.

Во својот одговор, Дерала се осврна на овие феномени и во поширок општествен контекст.

Општеството е во постојано движење. Тоа е супер комплексно и разнобојно, наспроти тенденциите на поголем дел од популацијата на оваа планета да го гледа и одржува како монохроматска и неподвижна маса. Општо земено, отворањето на Олимписките игри во Париз е планетарен уметнички спектакл кој ќе остане запаметен како исклучително храбра, провокативна и ангажирана уметничка и социјална порака. Целосно спротивна на изданието на Олимписките игри во, да речеме, 1936 година во Берлин кои, патем речено, беа киднапирани од нацистите, а оние во Москва во 1980 година, од советските комунисти“, вели Дерала.

„Симболиката е антиавторитарна, антипатријархална и слободарска лекција, не сосем за нас – секојдневниот мал човек, туку за клептократските авторитарци, вели професорката Емилија Целакоска.

Воедно, стада од празноглави овци искористени од извитоперувањето на слободата што им е дадена на тацна, се пронајдоа СЕБЕСИ на модната писта и под неа. А олигархијата е прикажана речиси како зомби, со главите в раце (историја, ама и не случајна сцена овде!). Додека, симболиката на Човекот со железна маска како носач на факелот во најризичните ситуации е антиавторитарната фигура (да се потсетиме дека Луј XIV е апсолутист), пишува проф. Целакоска.

Понатаму, таа вели дека оваа манифестација претставува „славење на слободата, еднаквоста, братството“ во општеството.

Славење на слободата, еднаквоста, братството, низ диверзитетот, истрајноста и признавањето т.е. негата кон сите вклучувајќи ги и најслабите во општеството, соодветно. ЖЕНСКИОТ ПРИНЦИП“, е дел од коментарот на професорката Емилија Целакоска, кој предизвика гневни одговори  и полни со говор на омраза и закани, од страна на дел од нејзините Фејсбук следачи, и не само.

Сцена од отворањето на Олимписките игри во Париз, 2024 (скриншот од видео преносот на Еуроспорт)

За овие ставови, Целакоска „заработи“ голем број коментари со говор на омраза и закани. Во одбрана на Целакоска во однос на говорот на омраза и заканите, но и поддршка и согласност со нејзиниот краток, но суштествен коментар за значењето на церемонијата, меѓу другите, со свој коментар излезе и колумнистот Бранко Тричковски.

“Ние сознаваме…ние навистина сознаваме! Мораме повторно да станеме свесни за тоа и да го почувствуваме тоа. А духот кој го носи и развива тоа сознание, мора да биде одбранет од недухот и неживотот.”

Овој крик на Макс Бензе од 1935 година е од студијата “Востание на духот-Одбрана на сознанието”.

Тоа е аксиом на интелектуалната етика.

Изгледите на тој аксиом во Северна Македонија се мали.

Целакоска го носи тој бензеовски дух односно неопходноста, па дури би рекол- страста, да сознаваме, да се осознаваме и тој дух да го користиме како ножици со кои ќе ја исечеме мрежата во која сме фатени како сардини, значи, инструмент кој ќе ни го врати океанот на слободата односно слободата во светот и во нас самите.“, вели Тричковски во колумната Духот на сознанието против недухот и неживотот.

Жарко Трајаноски од ИМА, ја додава и анализира и пропагандистичката димензија на нападот на церемонијата на отворањето на ОИ во Париз.

„Нападот на Олимписките игри во Париз со изразите „сатанизам“ и „сатанистички“ е дел од непријателската пропаганда на Путин против Западот, особено по руската воена агресија врз Украина во 2022 година. Руската милитантна пропаганда дека Западот е западнат во „сатанизам“ стана и официјална догма на Руската православна црква (РПЦ), која се претвори во воено-пропагандна алатка на Путиновиот режим“, пишува Трајаноски.

Според него, и Олимписките игри, и Париз, и Франција, и Западот повторно стануваат мета на оцрнувачка руска пропаганда со религиозни дезинформации и медиумски манипулации.

„Сосема беше очекувано Дугин најжестоко да го нападнеотворањето на Олимписките игри во Париз како израз на „сатанизмот“ на Западот – „Западот е ѓаволот“, а СВО („специјалната воена операција“) е „војна со сатаната, со Западот, со Олимписките игри“, напиша Дугин. Притоа, милитантниот идеолог на рускиот империјализам не само што го проколна Западот, туку и повика на оружје за уништување на „оваа сатанска цивилизација“, посочува Трајановски во однос на рускиот империјалист Дугин, кој експлицитно ги сатанизираше Украина и Западот, оцрнувајќи ги дури и САД како „Антихрист“.

„Може ли да се дебатира со непријателска пропаганда која не враќа во средниот век?“, прашува Трајановски.

Нема простор за никаква конструктивна дебата, кога едната страна користи говор на омраза и милитантно-пропагандни стратегии на оцрнување, демонизирање, сатанизирање на противникот, кој е веќе идентификуван и како „воен непријател“.

И новинар(к)ите треба да имаат вештини и капацитети да препознаат говор на омраза, дезинформации и милитантна пропаганда (во случајов, руска пропаганда која го злоупотребува православието за воено-политички цели), наместо да ги шират преку медиумите како „вести од социјалните мрежи“, заклучува Трајановски, во анализата “Руската воена пропаганда ги сатанизира и олимписките игри“.

Да заклучиме – „Во Франција, можете да се смеете на сè“. “

За крај, од низа коментари, реакции и колумни посветени на – за некои провокативно, за други контроверзно, за трети навредливо, сатанистичко или богохулно, а за сосема други ( кои се мнозинство), церемонијата на отворањето на Олимписките игри 2024, е мултижанровско, инклузивно, ЖЕНСКО, интимно, несовршено во својата совршеност и создавање интимност од слатка магла и историска поврзаност, но и можност на граѓаните и посетителите на ОИ во Париз, да го проследат овој спектакл од блиску, одбравме коментар од француско-британската новинарка, Шарлот Кан, објавен во британски Телеграф, “Церемонијата на отворањето беше прекрасно француско – но вие едноставно не го сфативте“.

„Церемонијата на отворањето во петокот вечерта беше токму тоа: бујна, гласна, бурна, дрска, не сфаќајќи се премногу сериозно, малку кич и одозгора, ужасно убава и трогателна понекогаш. Вистинска и сурова, несовршена“, пишува Кан.

Според неа, петочното шоу навистина го олицетворува емотивниот тобоган на тоа што значи да се биде Французин – еден момент сте исполнети со самоомраза, а следниот – блескате со национална гордост.

„Еден момент ќе застанете да му се восхитувате на врвот на величествената хаусманска зграда во главниот град, во сончев пролетен ден, срцето ви е исполнето со радост на присуството, полето на безгранични можности – следниот, газите по кучешки измет“, вели Кан.

„Од каде да почнеме?“ се прашува таа. Во одговор на тоа прашање, Кан ги набројува „полуголата француска пејачка и фигура на младоженец што се весели во џиновска чинија со овошје, во сцена која потсетува на „Тајната вечера“ на која присуствуваа брадести „драг“ кралици… Според неа, тоа беше горчлив десерт за француската христијанска заедница која врескаше – „богохулење“! Но, пишува таа, во земја која сè уште се опоравува од терористичките напади врз Charlie Hebdo и Bataclan, поентата на сето ова беше – „Во Франција, можете да се смеете на сè“.

Подготви: Дијана Тахири

Tags: говор на омразаОлимписки игрипрогресивностСпектакл
Share33Tweet21Send
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ