• Latest

Останува посветеноста за изнаоѓање решение за името

April 26, 2018

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
АЛТА БАНКА И покрај сета помош од државата има многу малку шалтери во Србија, но отсега во секоја полициска станица ќе може да прима клиенти!

Државата „жнее“ богати клиенти за Алта банка, омилена на Вучиќ

July 8, 2026

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Харкив, Кијив, Запорижја и Чернигивската област под напад, Украина бара итна ПВО поддршка

July 8, 2026
Фото: МИА архива

Брисел и Софија со јасни позиции: Нема политички гаранции, уставните измени остануваат услов за напредок кон ЕУ

July 8, 2026
Илустрација: Синергија меѓу новинарската работа и вештачката интелигенција – под човечка, професионална и уредничка контрола.

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026
Фотографија: НАТО

Самитот во Анкара: НАТО договори нови одбранбени инвестиции, Европа презема поголема безбедносна одговорност

July 8, 2026

ЗНМ: Нов Кодекс на новинарите – етичка рамка која одговара на дигиталната ера

July 8, 2026

СВЕТСКИ СКАНДАЛ: Авторитаризмот на Трамп и корупцијата во ФИФА поразени од пркосот на тимот од една мала европска држава

July 7, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Останува посветеноста за изнаоѓање решение за името

April 26, 2018 09:37
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Оценката на медијаторот Метју Нимиц по вчерашната заедничка средба со шефовите на дипломатите на Македонија и на Грција Никола Димитров и Никос Коѕијас во Виена е дека двете страни се посветени на постигнување решение и оти во таа насока процесот ќе продолжи во следните недели.

Тој по средбата што се одржа во канцеларијата на ОН во Виена, Нимиц во куса изјава рече дека имало интензивна дискусија во која двете страни покажале меѓусебна почит, но не прецизираше повеќе детали.

Посочи дека со оглед на тоа дека вакви состаноци веќе се одржуваат изминатите неколку месеци, во кои разговорите меѓу двете земји се интензивираа, прашањата кои се предмет на дискусија се веќе познати.

Министрите Димитров и Коѕијас по средбата, која траеше околу три часа не дадоа изјави за медиумите. Двајцата министри по завршувањето на разговорите со Нимиц, исто како и по претходната средба во Виена, синоќа имале работна вечера.

Премиерот Заев претходно, изјави дека очекува да биде направен исчекор на средбата во Виена.

– Верувам дека креативноста на двајцата министри, тимовите зад нив и јас и Ципрас од другата страна даваме поддршка и охрабрување за да се изнајдат конструктивни и креативни решенија кои буквално ќе ги задоволат двете страни во нивните очекувања и ќе бидат достоинствени за двете земји и нивните граѓани, рече Заев.

Во пресерет на вчерашната нова рунда разговори за името се огласи и грчката Влада преку портпаролот Димитрис Ѕанакопулос. Рече дека Атина во преговорите направила отстапки, и сега е време и Скопје да ги направи неопходните чекори за постигнување договор.

Реакции пред вчерашната средба во Виена имаше и во грчките медиуми, кои ја карактеризира како клучна и решавачка. Новинарите кај јужниот сосед, потсетуваат дека разликите остануваат непроменети, а тоа се грчкото барање за ерга омнес, односно име за севкупна употреба и уставна ревизија.

Министрите Димитров и Коѕијас, како што веќе беше соопштено по нивната средба во Охрид, ќе се сретнат и на двете конференции кај јужниот сосед, едната на 3 и 4 мај во Солун, другата една седмица подоцна во Сунио.

Прашањето за името, според грчките медиуми, се очекува да биде тема на разговор и на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг  и шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас на нивната денешна средба.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, од прес центарот на НАТО соопштија дека Столтенберг и Коѕијас денеска ќе остварат средба во седиштето на НАТО во Брисел.

Извор: МИА

Tags: ДимитровДоговорКоѕиассредба
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ