• Latest

Паднаа цените на основните прехранбени продукти, младите луѓе заминуваат од земјава, мултикултурализмот во фокусот на ЦИВИЛ

March 17, 2022

Евидентирани 1916 во Регистарот на ДКСК за службени возила на државни органи за локалните избори

August 20, 2025
Фото: Скриншот од видео на YouTube

Администрацијата на Трамп ќе проверува за „антиамериканизам“ во апликациите за имиграција, критичарите потегот го споредуваат со макартизам

August 20, 2025
Мигрантите депортирани од САД пристигнуваат во Хондурас. Фото: Скриншот од видео на
FRANCE 24 English

САД постигнаа договори за депортација на мигранти со Хондурас и Уганда

August 20, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Израел бара ослободување на сите заложници во Газа, фрлајќи сомнеж врз предлогот за прекин на огнот

August 20, 2025
Фото; Скриншот од видео на YouTube каналот на British Army

Околу 10 европски сојузници се подготвени да испратат војници во Украина, се забрзуваат разговорите за безбедносните гаранции

August 20, 2025

Избирачкиот список се отвора во сабота за увид и запишување и бришење податоци

August 20, 2025
Фото: Телеграм канал АСТРА

Геј порно снимено во православна црква во Русија

August 19, 2025

24 ЧАСА: ДИК без консензус за бројот на советници на локалните избори; Секое украниско дете киднапирано од Русија мора да биде вратено-децидна фон дер Лајен; Жестоки протести во Србија

August 19, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Медијаторите чекаат одговор од Израел на новиот предлог за прекин на огнот во Газа

August 19, 2025
Фото: миа.мк

Ивановска по распитот во Обвинителство: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

August 19, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Паднаа цените на основните прехранбени продукти, младите луѓе заминуваат од земјава, мултикултурализмот во фокусот на ЦИВИЛ

March 17, 2022 17:13
in Uncategorized, ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

НАСТАН НА ДЕНОТ

Мултикултурализам: Основа за развој, стабилност и почитување на човековите права и слободи

Денешниот онлајн настан – „Мултикултурализам: Основа за развој, стабилност и почитување на човековите права и слободи“, беше во „Во Фокусот“ на ЦИВИЛ.

На настанот свои излаѓања имаа: Роберт Алаѓозовски, Националниот кординатор за интеркултурализам и еднакво општество, проф. д-р. Рубин Земон, новинарот Сеад Ризвановиќ, проф. д-р. Мимоза Ристова, како и Биљана Јордановска и Дијана Тахири од ЦИВИЛ. Модератори на панелот беа Џабир Дерала и Дехран Муратов, ЦИВИЛ.

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Од денеска нула проценти ДДВ за намалени цени на основните прехранбени продукти, од полноќ нови цени на горивата

Од денеска стапи во сила мерката за намалување на ДДВ-то за основните прехранбени продукти од пет на нула проценти, која е дел од пакетот мерки што Владата ги донесе со цел зачувување на животниот стандард на граѓаните во услови на криза. Со оваа мерка, лебот, брашното тип-400, млекото со масленост од 2,8, од 3,2 и од 3,5 проценти масленост, белиот шеќер, сончогледовото масло, месото и други кланични производи за јадење, белиот ориз и јајцата, ќе се продаваат без ДДВ, а маркетите треба да издаваат фискални сметки за овие производи со ДДВ од 0 проценти.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Симовки: Илузија е да се очекува да има раст на населението кога има пораст на емиграција

–На Пописот секој граѓанин имаше право да се попише како што смета. Илузија е да се очекува да има раст на населението кога има пораст на емиграција, вели Симовски. Според него, демографска стратегија пред 16 години била многу погрешна.
-Ни емигрираат млади луѓе кои го носат наталитетот. Треба друг тип на политика. И кога ќе се направат најдобрите мерки не може да се очекува демографски бум. Секој од нас да има можност од квалитетна работа, втор фактор – можност за квалитетно образование, требаат и квалитетно здравство и добра комуникација и петто, човечките потреби да има можност секаде да се задоволат. Проблемот е и со миграцијата на внатрешно ниво, посочува Симовски.

ВОЈНА ВО УКРАИНА

Во денешниот воздушен напад на руските егресори врз студентски дом во Чернихив загинаа три деца и нивните родители, објави Државната служба за итни случаи на Украина на Фејсбук.
„При отстранување на рушевините од погодената зграда, спасувачите отстранија убиено семејство од пет лица: три деца, момче и девојче, 3-годишни близнаци, 12-годишна сестра и нивните родители. Сите тие беа убиени како резултат на непријателски воздушен напад врз студентски дом“.

Здравствени установи се повеќе стануваат мета во војната, предупреди денеска Светската здравствена организација (СЗО), нагласувајќи дека украинскиот здравствен систем функционира, но му треба поддршка.СЗО потврди 43 напади врз болници и здравствени установи во Украина.

Педесет и три цивили загинаа во руското гранатирање во Чернихив во последните 24 часа,  изјави Виачеслав Чаус, шеф на регионалната државна управа на Чернихив во соопштение објавено на Фејсбук, пренесува Укринформ. „Непријателот го изложува градот на системски артилериски и воздушни напади, уништувајќи ја цивилната инфраструктура на Чернихив. Во текот на изминатите 24 часа, 53 тела на цивилни жртви убиени од Русите се донесени во мртовечница. Вооружените сили на Украина возвраќаат со разорно Непријателот е во паника и има загуби“, рече Чаус.

Во Мариупол, во блокираниот Мариупол, руските авиони намерно фрлија тешка бомба врз Драмскиот театар во центарот на градот. Таму од гранатирањето се криеле стотици луѓе… Зградата е уништена. Бројот на загинатите се уште не е познат. Нашите срца се скршени од она што Русија му го прави на нашиот народ. Со нашиот Мариупол. Со Доњецката област, рече Зеленски. Граѓани на Русија! Како вашата блокада на Мариупол се разликува од блокадата на Ленинград за време на Втората светска војна? Кого го наследувате?

Кремљ одговори на одлуката на Меѓународниот кривичен суд на Обединетите нации за прекин на војната против Украина од страна на Русија. Тие одбија да го исполнат ова барање. Тоа го пренесува РБЦ-Украина повикувајќи се на руски „Интерфакс“.

Специјалниот известувач на „Слободен печат“ и „Утрински брифинг“, Кристина Атовска, е во Украина и го следи развојот на ситуацијата со бегалците. Таа денеска во воз од Полска до украинскиот град Лвов разговараше со неколкумина бегалци кои поради различни причини се враќаа во земјата. Еве ги нивните приказни:

ФЛЕШ ВЕСТИ

ЗАКАНА Рускиот амбасадор во Босна и Херцеговина, Игор Калабухов рече дека БиХ има право да одлучи дали да се приклучи на НАТО, но Москва го задржува правото да одговори. „Ако Босна и Херцеговина одлучи да биде учесник во нешто, тоа е внатрешна работа. Но, нашата реакција е друга работа. Ние покажавме што очекуваме со примерот на Украина. Доколку има закана, ќе одговориме“, рече Калабухов.

АНТИКОРУПЦИЈА Државната комисија за спречување на корупцијата, денеска организира тркалезна маса на тема: „Култура на интегритет – Пат до успех во борбата против корупцијата“. Настанот се одржува во конференциската (свечена) сала во Владата на Република Северна Македонија.

ЗЕЛЕНИ Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП) во текот на месец февруари годинава спроведе серија фокус групи со млади луѓе, а истражувањата покажаа дека чистиот воздух и заштитата на животната средина се едни од најважни теми за младите од Балканот, но потребно е подигање на еколошката свест уште од мали нозе

ПРАВДА Никола Наумоски, шефот на кабинетот на поранешниот градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов, ѝ поднел тужба за клевета на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, пренесува Фронтлајн.

СОЛИДАРНОСТ„На овој ден на Свети Патрик, Ирска се солидаризира со народот на Украина и луѓето насекаде во криза“, се вели во текстот. „Мислиме на вас“. Одделот истакна дека ирскиот Премиер „ја охрабрил мрежата на мисии на Ирска, кои обично светат зелено, да светат во сино и жолто, боите на знамето на Украина, и покани партнери кои вообичаено учествуваат во „глобално позеленување“ да ни се придружи во тоа“.

ИНТЕГРАЦИИ Регионалната соработка е реалност и сега, како никогаш досега, мора регионот да се обедини за полесно надминување на предизвиците со кои се соочуваме и ние, а и Европската Унија, истакна денеска вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ на експертска тркалезна маса „Регионална соработка за европска интеграција“, организирана во рамките на иницијативата „Балкански дијалози“,

МЕДИУМИ Серијата „Слуга на народот“ со Зеленски во главната улога отсега и на Канал 5, Глеј и Нетфликс. Телевизиска серија „Слуга на народот“, во која што професорот по историја што станува украински претседател го глуми токму Володимир Зеленски – сегашниот  вистински претседател на Украина.

ДИСТРИКТ

Ристова: Научниците сме космополити, ние не создаваме оружје, тоа е потеба и производ на политиката

Во Дистрикт на Цивил Прес Студио – интервју на Зоран Иванов со Мимоза Ристова, професорка, доктор на науки, физичар, научник на годината на УКИМ, авторка на стотина научни трудови. И писателка и колумнистка и борец за правда и еднаквост.

 

СЛОБОДНА ЗОНА

Добро утро со Орданоски

Добро е што, паралелно со уште една продолжена криза – руската брутална воена инвазија врз Украина и сите глобални компликации заради тоа – во Македонија повторно заживува дебатата за тоа до каде сме во земјава со борбата против криминалот и корупцијата. Јавната перцепција за тоа е подобрена минатата година, но нема кој ќе ви каже дека треба да сме задоволни од постигнатото. Долга е таа нива за орање., пишува Сашо Орданоски во колумната „Ќе се лизне ли и Ковачевски на истата кора од банана?“

 

Војо Маневски

Да го искористам воведот во мојата приказна за неразумното лице на војната, што го опишував во првиот дел и едноставно ќе продолжам да ви ги редам сликите кои мислев дека се закопани во моите сеќавања. Една моја драга пријателка само ме охрабри со зборовите „дај боже барем нешто од овие твои пишувања да дојде до овие неразумни глави, што по цел ден пишуваат по социјалните мрежи за теми за кои малку знаат“, пишува Војо Маневски во колумната „ Војната има мирис на нечовештво“

 

 

Џабир Дерала (фото: Биљана Јордановска / ЦИВИЛ)

Екстремниот десничар Апасиев го примил рускиот амбасадор Баздникин во Македонскиот парламент. Како што се пофалија овие (најблаго речено) политички будали, 90 минути разговарале без преведувач, на македонски јазик, за „денацификација и елиминирање на заканите од екстремно-десничарските и радикалните неонацистички политички движења, кои се опсаност за секоја современа демократија.“Што да се каже за „големата вест“ објавена на партиската веб страница и во медиумите?, читајте во колумната на Џабир Дерала „ Штетници во Македонскиот парламент“

 

 

 

Д.Мишев

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Скриншот од видео на
TRT World

    САД ги избришаа правата на македонското малцинство во извештајот за Бугарија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Карл Билд: СССР беше мизерно промашување како општество и како економија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ