ЦИВИЛ ќе одржи јавен настан на тема „На чија услуга е балансерот“, денес (24 ноември), со почеток во 12:30 часот во Прес студиото на организацијата во Бизнис центарот Палома Бјанка.
На панелот ќе се отворат прашања во однос на балансерот при вработување на административни службеници, а во контекст на процентуалната застапеност на етничките заедници во земјава, (зло)употребата на алатката, и можни решенија како што е понатамошното функционирање, но со поинаква регулација, или отстранување на истата.
Учесници ќе бидат Јетмир Асани, претседател на совет на Општина Чаир и Суад Скендери од Ромалитико.
Панелот е дел од проектот „Чекор напред кон мултикултурно општество“ кој ЦИВИЛ го спроведува во соработка со Министерството за надворешни работи и европски политики на Големото Војводство Луксембург.