Володимир Зеленски, украинскиот лидер, се очекува денеска да се сретне со претседателот Бајден во Белата куќа, а потоа лично да се обрати во Конгресот, пренесува Њу Јорк Тајмс повикувајќи се на персоналот запознаен со планирањето кои предупредија дека плановите може да се променат. Ризиците од таква посета се високи, а строга тајност го опкружувала секој таков напор.
На пат кон САД за да ја зајакнам отпорноста и одбранбените способности на Украина. Особено,
со Бајден ќе разговарам за соработка помеѓу Украина и САД. Ќе имам и говор на Конгресот и голем број билатерални средби, објави Зеленски на Твитер.
On my way to the US to strengthen resilience and defense capabilities of ??. In particular, @POTUS and I will discuss cooperation between ?? and ??. I will also have a speech at the Congress and a number of bilateral meetings.
— Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) December 21, 2022
Пoсетата на Зеленски на САД доаѓа по 10 месеци борби, при што лидерите и на Украина и на Русија ветија дека нема да отстапат. Вчера Зеленски отпатува во опколениот источен град Бахмут за да им оддаде признание на украинските војници.
Истокот се издржува затоа што Бахмут се бори. Ова е тврдината на нашиот морал. Во жестоки битки и по цена на многу животи, овде се брани слободата на сите нас. Бранителите на Бахмут ја заслужуваат нашата максимална поддршка и нашата благодарност. Затоа сум денеска овде со нив, тие се супермени, нагласи Зеленски.
Путин сè повеќе почна да ги признава руските потешкотии на фронтот, дури и ако неговите пораки сè уште го маскираат обемот на загубите. Во исто време, руската пропаганда ја претставува војната како егзистенцијална – тврдејќи дека вистинскиот непријател е НАТО што бара уништување на Русија – и се обидува да ги подготви Русите за понатамошни жртви.