• Latest

Политичка хаварија на островот преполн со гладни змии

October 7, 2018

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА КОМПАС

Политичка хаварија на островот преполн со гладни змии

October 7, 2018 12:22
in КОМПАС, СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

На една тет-а-тет средба со премиерот Заев, речиси веднаш по воспоставувањето на владата, една од четирите теми за кои разговаравме беше очекувањето правдата да биде задоволена час поскоро: носителите на криминалниот режим да одговараат.

Џабир Дерала

“Друже, никогаш, на ниеден начин не мислам да се одмаздувам. Нема да се мешам во судските процеси, ниту ќе вршам притисок. Не сум Груевски и немам намера да бидам. Режимот ќе го победиме низ процес и со законитост. Тоа нема да биде брзо, но правдата ќе биде задоволена.“ – ми рече. Сѐ уште имаше видлива лузна од нападот на Собранието на 27 април, минатата година.

Режимот сѐ уште е жив

За само една и пол година, премногу вода протече под гротескните мостови над Вардар. Надојдените политички води често се закануваа дека ќе нѐ поплават. Земјата е премногу мала и сиромашна, со сѐ помал број жители, за да издржи толку турбуленции, да добие толку ветувања, да има толку надежи и речиси исто толку разочарувања. Но, некако се турка… Со многу препнувања и трк во место… Многу настани и причини за славење, но и големи грешки, намерни и ненамерни, некои и со епски размери.

И, ете, уште не се прибравме од едно, а веројатно ќе треба да одиме на ново гласање. А потоа уште едно напролет. Со сите тешки системски фелери на таа патека до избирачките места…

Една од најчестите констатации на луѓето со кои се среќавам оваа година е дека режимот на Груевски сѐ уште е жив и дека неговите луѓе грчевито ги бранат своите позиции, менуваат капи, се премачкуваат со разни бои, а некои добија потврда на нивните позиции, ако не и дополнителна моќ.

На улица, на состаноци, на настани, луѓето не пропуштаат да го искажат своето разочарување од бавноста на реформите, коруптивните скандали, сјаши-Курто-узјаши-Мурто симптомите. Се чини дека тоа најмногу се должи на предолгиот период во кој осомничените, Груевски и неговото криминално здружение, уживаат во својот продолжен политички живот, особено преку своите марионети како Мицкоски.

Долга е раката на ВМРО, но…

Сега, кога е сосема извесно дека Груевски, сепак, ќе го гледа светот од внатрешната страна на затворските ѕидови, ќе настапи период на пресметки за преживување во новите услови. Еден од двајцата главни ликови на Фамилијата е нокаутиран, а деновиве ќе паднат уште неколку пресуди, меѓу кои и една за уплаканата – „никогаш не сум вршела притисок“ – Гоца Шлем. За голем дел од останатите, вклучувајќи го и Братучедот, се водат судски процеси или се привршуваат истрагите во СЈО. Сега треба да се преживее. Тоа нема да биде многу тешко, бидејќи владата на Заев и онака не се однесува одмазднички.

Што се случува во грдата палата на гревот и глупоста, веќе одамна не е тајна. Мицкоски е во грч. Тој недоветен политичар ќе ја заокружи политичката хаварија на најголемата опозициска партија. Кога се прават споредби меѓу него и неговиот ментор, се вели дека Груевски е промислен криминалец со план, некој што ги употребува политичките флоскули и национализмот за свои цели, а дека Мицкоски верува во сето тоа. Овие двајца создаваат една одлична драмска ситуација за секој комедиограф во иднина, но во сегашноста и двајцата се на по една страна од истата паричка.

Краците на режимот се долги, заплеткани и бројни, нели, „долга е раката на ВМРО“. Тие (уште еднаш) го покажаа своето лице и го истурија сиот радикализам во текот на референдумскиот процес, но на тој начин се разобличија и самите себе си и своите спонзори. Оваа земја многу пати ги искуси тешките последици од нивната незаситност за моќ. Видовме дека можат да одат многу далеку и да бидат невидено брутални. Нападот на Собранието во 2017-та е само еден од многубројните примери за суровото лице на една клептократија во залез.

Но, таа долга рака стаса и до самото ВМРО, така што сега партијата е потресена од уште една чистка. „Организацијата е народот и народот е организацијата“ е експресија на една длабоко конспиративна и заканувачка позиција, нешто што нема врска со граѓанското организирање во политички партии. Поаѓајќи од овој став, Мицкоски и неговите налогодавачи од сенка, наскоро и од ќелија, ќе продолжат да му задаваат удари на секој обид за демократизирање на ВМРО.

Чистките во ВМРО

Во минатото, чистките и внатрепартиските пучеви во ВМРО често биле придружени со долги цевки што, за среќа, не испукале (многу) куршуми (сѐ уште), но биле дел од начинот на „комуницирање“ на политичките ставови, поточно, апетити. За сега, Петар Богоевски и неговите колеги, реформатори и модерни политичари од редовите на ВМРО, се истиснати. Многу други „здрави“ кадри, но и ултра-радикали кружат околу тронот на моќта во најбогатата политичка партија во Европа (иако, контрадикторно, има и дебела хипотека за зградата на седиштето).

Како и да се развива тревожната и комплицирана приказна на ВМРО, едно стана јасно во овој период – некогаш монолитната структура со карактеристики на милитантна (и криминална) организација е разединета и разнишана.

Кога го имате Мицкоски и неговите лајтнанти на политичката трпеза, заклучувате дека Груевски е лик што, сепак, имал (малку) сенс и за политика, не само за организирана пљачка на јавните пари за време на неговото налудничаво и насилничко владеење. Во еден миг, ќе слушнеме дека дури и Груевски го моли Мицкоски да се вразуми, но ќе биде предоцна. Со ова тврдоглаво и слепо јурење низ вртоглавата политичка реалност во Македонија, ВМРО ги прекинува и последните контакти со реалноста и останува на својот остров преполн со гладни змии. Како што би рекла една госпоџа – тажно! Но и опасно.


фотографија во прилог на текстот: Јана Поповска/kolektif.mk

Објавено и во Плусинфо и Слободен печат

Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста 

Преземање на содржините под различни услови од наведените НЕ Е ДОЗВОЛЕНО, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ. Повредата на авторските права е забранета со закон.

Tags: вмроЗаевМицкоскиправдареформичистка
Share127TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ