• Latest
Биљана Јордановска

Политички акробации: Уставните измени и безидејното условување за предвремени парламентарни избори

February 22, 2023

Изданија на ЦИВИЛ достапни во „Или-Или“ по пријателски летни цени

June 9, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик повторно отвори политички судир: ЛДП се заканува со повлекување, Министерството возвраќа, а дебатата за една изборна единица останува нерешена

June 9, 2026

Политика на множење со нула: Од дигиталните илузии до европските скенери

June 9, 2026
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

Политички акробации: Уставните измени и безидејното условување за предвремени парламентарни избори

February 22, 2023 14:04
in АНАЛИЗИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА, ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Биљана Јордановска

Биљана Јордановска

Share on FacebookShare on Twitter

БИЉАНА ЈОРДАНОВСКА

Безидејнотоста во континуираните барања за предвремени избори се гледа и во бескрајното и празно повторување на набројување на проблемите без аргументи и план како тие да се решат. Овие барања се засилија и деновиве, во пресрет на гласањето за реконструкција на Владата, а „таму некаде“ во агендата е и гласањето за уставни измени.

Во тој контекст, со оглед дека за гласањето за уставни измени и внесувањето на Бугарите и неколку други етнички заедници во Преамбулата на Уставот е потребно двотретинско мнозинство, реконструирањето на Владата, добра потег или не, остана како единствена опција на располагање. Чекор напред кон евроинтергациските процеси ќе биде нејзиното формирање и мнозинството „за“ во Собранието, потребни за уставните промени.

Широката коалиција за потиснување на опозицијата, која со власта би разговарала единствено за предвремени избори, за едни ќе не внесе во нова политичка криза, за други ќе го отвори патот кон ЕУ. Сепак, меѓународната заедница е на ставот дека земјава не треба да се занимава со предвремени избори, туку со реформите и со надминување на конфликтот со опозицијата околу влегувањето на Бугарите во Уставот.

Власта останува на ставот дека избори, по редовен пат, ќе има во 2024 година. Дотогаш и оние што претендираат да ги наследат, имаат обврска да се подготват за спроведување на сите реформи кои ќе го определат времето колку ќе чекаме пред вратата на ЕУ.

Иако, во сите свои говори, високите функционери на извршната власт се спремни на разговори и широка дискусија со опозицијата што би донело до меѓусебно разбирање и компромисно решение, јавно ВМРО-ДПМНЕ никогаш не се согласи, ниту се согласува, туку постојано условува со предвремени избори. Играјќи на картата на национализмот и квази-патриотизмот, немајќи друг џокер во ракавот, настрана бугарското прашање, поттикнуваат и друг тип на разгорување околу улогата на албанските партии и нивното партиципирање во одредувањето на судбината на Македонија.

Иако сѐ укажува дека влегувањето на Бугарите во Уставот може да биде придобивка, отколку инсистирањето тие или било која етничка заедница да бидат изоставена, прашањето е – под чија власт и под чии услови ќе се случи тоа. На крајот, поведението на опозицијата, всушност, нема врска ниту со етничките заедници и Уставот, туку со заслепеност од желбата за освојување на власта.

Дека цехот ќе го платат граѓаните, тоа е неминовно, но цената ќе биде уште повисока, доколку се дозволи одржување предвремени парламентарни избори.

Изборни реформи се нешто што одамна му е потребно на македонското демократско општество. Нивното одолговлекување ќе се прекине во моментот кога неминовно ќе бидат потребни за влез во ЕУ. Тогаш, Министерство за правда треба да има јасен концепт и временска рамка како ќе се одвива целиот процес, транспарентно и со вклучување на сите засегнати страни.

Новиот министер за правда ќе треба да најде решение и за надминување на изговорот на разрешениот Никола Тупачески, дека работната група за изборни реформи не можела да почне со работа поради недостиг на предлог за учесник од ВМРО-ДПМНЕ.


Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0.
Tags: владаизбориопозицијапредвремени парламентарни избориуставни измени
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ