• Latest

Политичарите ќе „донесат“ чиста вода, чист воздух, ама и нова ера! Ден петнаесетти!

October 10, 2017
АЛТА БАНКА И покрај сета помош од државата има многу малку шалтери во Србија, но отсега во секоја полициска станица ќе може да прима клиенти!

Државата „жнее“ богати клиенти за Алта банка, омилена на Вучиќ

July 8, 2026

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Харкив, Кијив, Запорижја и Чернигивската област под напад, Украина бара итна ПВО поддршка

July 8, 2026
Фото: МИА архива

Брисел и Софија со јасни позиции: Нема политички гаранции, уставните измени остануваат услов за напредок кон ЕУ

July 8, 2026
Илустрација: Синергија меѓу новинарската работа и вештачката интелигенција – под човечка, професионална и уредничка контрола.

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026
Фотографија: НАТО

Самитот во Анкара: НАТО договори нови одбранбени инвестиции, Европа презема поголема безбедносна одговорност

July 8, 2026

ЗНМ: Нов Кодекс на новинарите – етичка рамка која одговара на дигиталната ера

July 8, 2026

СВЕТСКИ СКАНДАЛ: Авторитаризмот на Трамп и корупцијата во ФИФА поразени од пркосот на тимот од една мала европска држава

July 7, 2026

РЕАКЦИИ: Од семејството до институциите – каде граѓаните го лоцираат проблемот со врсничкото насилство

July 7, 2026
Илустрација ВИ

До 15 јули рок за договор: Политичките партии сѐ уште без консензус за гласањето на дијаспората

July 7, 2026
Фото: НАТО

Самит на НАТО во Анкара: Европа го засилува вооружувањето, Украина останува во фокусот

July 7, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Политичарите ќе „донесат“ чиста вода, чист воздух, ама и нова ера! Ден петнаесетти!

October 10, 2017 12:16
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Политичките табори на позиционата коалиција предводена од СДСМ и опозиционата од ВМРО-ДПМНЕ, ја крстарат Македонија петнаесет деноноќија. Сите се во избори. Се ветува сѐи сешто, од „нова ера“, па до зелени ливади, чиста вода и чист воздух. Вработувањата и економскиот развој се само попатни станици, на изборното патување на сиромашните граѓани од едната до другата опција. Иако поискусни со досегашната плуралистичка практика и избор на нова локална власт по шести пат, граѓаните и овој пат останаа подвоени во политичките табори, и од македонскиот и од албанскиот блок. Ги следат митинзите, на средбите со кандидатите „ги голтаат“ ветувањата и се надеваат. Впрочем по 26 години нерешени елементарни проблеми, вода, струја, пат,тоа им остана. Принудени се, зашто ова се граѓаните коишто немаат роднини да ги „подземат“ во Шведска, Швајцарија, Германија … ниту успеаја да извадат бугарски пасош, за да се спасат од оваа политичка какафонија.

Митинг на СДСМ и коалицијата во општина Арачиново

Еве дел од изборниот мозаик вчера.

СДСМ и позиционата коалиција во скопската општина Гази Баба се обврзаа дека ќе градат граѓанско општество и администрација, која што ќе работи само во интерес на граѓаните.

„Бараат поддршка од граѓаните за нов мандат,бараат уште 4 години од нашите животи, за да го запустат зеленилото. Гази Баба да стои во место. Овој пат тоа нема да го дозволиме, ќе свртиме нова страница“, порача Борис Георгиески, кандидат за градоначалник на општина Гази Баба.

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев им објасни на жителите на Гази Баба, зошто треба да го својот глас за оваа коалиција.

„Македонија отвора нови перспективи. Како е возможно 11 години да бидеме скарани со сите соседи, а за четири месеци да изградиме пријателство со сите наши 5 соседи. Возможно е! Немало пари?! Како е возможно за 4 месеци, да заштедиме 45 милиони евра, тоа е основен буџет за Гази Баба! Толку заштедивме за 4 месеци! Само треба чесна работа, со чесни политичари“, порача Заев.

Никола Груевски на митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Валандово

Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, одржа митинзи во Валандово и Гевгелија, каде ја промовираше програмата ветувајќи нова ера.

„Ние не бараме само победа на овие избори. Ние размислуваме, им даваме приоритет на утрешните генерации. Ние размислуваме 10 години однапред, размислуваме 20 години однапред, имаме соништа, визија, имаме храброст, љубов и вера, ја имаме новата ера, новиот проект, новата стратегија, новото утро“, им порача лидерот, Никола Груевски на валандовчани.

А, досегашниот градоначалник на Валандово од ВМРО-ДПМНЕ, Николче Чурлиновски, по четврт пат ја побара поддршката, најавувајќи многу проекти, убеден дека направил за овој економски пуст град во источна Македонија.

„По четврт пат ја прифатив номинацијата за градоначалник на општина Валандово, затоа што ја почитував волјата и барањето на мојата партија, ВМРО-ДПМНЕ. Се надевам дека тоа е израз и на волјата на сите правилно определени граѓани, коишто ги следат резултатите од моето работење, во изминатите три мандати“, рече Чурлиновски.

Висар Ганиу, кандидат за градоначалник на о. Чаир од ДУИ

„Во Чаир има премалку паркови, паркинзи и јавен простор, којшто често е узурпиран. Прва работа штом стапнам на градоначалничката позиција, ќе биде ревизија на деталните урбанистички планови“, вети Висар Ганиу, кандидат за градоначалник на Чаир од ДУИ.

Една од најважните задачи, како што рече пред граѓаните на Чаир, „ќе ми биде формирање на претпријатие за комунална хигиена. Чаир е во центарот на Скопје и сакаме нашата општина да биде гордост на градот. А, во рамките на претпријатието ќе се формира одделение, коешто ќе се грижи за бездомните кучиња што ги има во Чаир“, најави Ганиу.

Билал Касами, кандидат од Беса, за градоначалник на Тетово

Концептот на водомери, за да се контролира потрошувачката на вода, ќе го врати Билал Касами, доколку биде идниот градоначалник на Тетово од Беса.

„За одредена количина вода ќе има разумна цена, додека за оние кои што ќе трошат без контрола, ќе мора да платат многу повисока цена. Со ова ќе овозможиме и намалување на постојното ниво на плаќање за вода“, најави Касами барајќи ја поддршката од тетовци, кои што бараат не само чиста вода, туку и чист воздух како жители на најзагадената македонска општина.

„Според пресметката што ја направивме, сегашната водоводна инсталација е долга околу 40.000 метри, од кои 30.000 метри, треба да бидат целосно поправени. Исто така сегашната мрежа за снабдување со вода за пиење, треба да се прошири во целата урбана област“, рече Касами.

Изборниот караван продолжува и денеска. Останаа 3 дена до изборниот молк. А, со тоа растат и тензиите меѓу политичките ривали. Сите се убедени во својата победа. Сите се гледаат на новата раководна позиција. Само кај граѓаните расте неизвесноста, што по овие избори? Нова ера – нов живот или празна Македонија, со нова генерација невработени млади и очи вперени кон светот!

Моника Талеска

 

Tags: Билал КасамиветувањаВисар ГаниуВМРО-ДПМНЕЗоран Заевкампањалокални избориНикола ГруевскиСДСМ
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ