• Latest
Фото: Твитер

Полскиот Сенат бара брз пристап на Украина во НАТО преку вонредна процедура

May 12, 2023

РЕАКЦИИ: Србија по студентската победа – надеж за промени или страв од повторување на старите грешки?

October 27, 2026

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026
Насер Селмани

Случајот Селмани пред Уставниот суд: Јавна расправа за слободата на изразување

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Повик за помош на амбуланта во близина на фронтот

October 27, 2026

Горивата во Македонија пред нова ценовна одлука по турбуленциите на светските пазари

October 26, 2026

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

Лула повторно претседател на Бразил, нов предизвик за Трамп во Латинска Америка

October 26, 2026

Бугарија оди во втор круг: Јотова во водство, Ѓуров ја бара поддршката за пресврт

October 26, 2026
Александар Вучиќ го призна поразот( Фото: Скриншот од видео на EuroNews Србија)

По поразот на Вучиќ: Реакции од регионот и Европа

October 26, 2026

ИЗБОРИ ВО СРБИЈА | КЛУЧНИ МОМЕНТИ: Постизборна дискусија на ЦИВИЛ – Вучиќ падна – што се случи и што следува? (ВИДЕО)

October 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

Полскиот Сенат бара брз пристап на Украина во НАТО преку вонредна процедура

May 12, 2023 14:37
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ, ТОП 5
Фото: Твитер

Фото: Твитер

Share on FacebookShare on Twitter

Украина денес ја има најсилната армија на континентот со извонредно борбено искуство“, се вели во резолуцијата со која полскиот Сенат повикува Украина да биде примена во НАТО по вонредна процедура, како Финска и Шведска.

Како што пренесува Еуромаиданпрес, полскиот Сенат едногласно усвои резолуција за членство на Украина во НАТО, пренесува Polskie Radio. Резолуцијата ги истакнува безбедносните гаранции, „вонредната процедура“ за пристапување во НАТО, самитот во Вилнус и поддршката за Украина.

„По една година ужасна војна, знаеме дека Украина, спротивставувајќи се на Русија, ја брани Европа и е клучна алка која го штити континентот од агресија од Исток“, се вели во резолуцијата. Таа ја признава значајната воена сила на Украина, која е усовршена преку долгогодишното борбено искуство.

Во резолуцијата се наведува:

„Украина денес ја има најсилната армија на континентот со извонредно борбено искуство“, дека украинската армија брзо се вооружува со технологијата на НАТО и применува воена оперативна уметност и тактика што се развивале со децении меѓу западните сојузници.

Документот ја нагласува потребата од „вистинска поддршка“ за украинските бранители, што може да се постигне преку поблиска политичка и воена соработка со земјите-членки на НАТО.

Резолуцијата го нагласува самитот на Алијансата во Вилнус како „значајна фаза во подготовката на Украина за полноправно членство“. Полскиот Сенат смета дека пристапувањето на Украина во Алијансата треба да биде „политичка одлука“, како што беше случајот со Финска и Шведска, и тоа треба да произлезе од стратешката анализа на „предизвиците и заканите надвор од источната граница на Алијансата“.

Резолуцијата го повикува НАТО да ги примени истите „вонредни процедури“ за Украина што беа користени за пристапување на Финска и Шведска во Алијансата.

„Иако Шведска останува надвор од структурите на Алијансата, сојузниците одлучија да ја заштитат. Сенатот на Република Полска ги повикува земјите-членки на НАТО да применат слична вонредна процедура за Украина“, се вели во документот.

Сенатот, исто така, ги поддржа барањата на земјите кои граничат со Русија за „силни безбедносни гаранции за Украина“ и демонстрација на патот на Украина кон членство во НАТО. На 20 април 2023 година, генералниот секретар на НАТО Столтенберг изјави дека Алијансата се подготвува да и одговори на Украина во врска со членството на самитот во Вилнус.

Украинската амбасадорка во земјава, Лариса Дир, на својот Твитер профил ја поздрави одлуката на полскиот Сенат.

Сенатот на Полска усвои одлука со која ги повикува земјите-членки на НАТО да применат итна постапка за Украина ,како што беше со Финска и Шведска – ова треба да биде политичка одлука – како резултат на стратешка анализа на предизвиците и заканите надвор од источната граница на НАТ, пишува Дир во објавата.

Сенатот🇵🇱 усвои одлука со која ги повикува земјите-членки на НАТО да применат итна постапка за🇺🇦,како што беше со🇫🇮и🇸🇪-ова треба да биде политичка одлука-како резултат на стратешка анализа на предизвиците и заканите надвор од источната граница на НАТО@SobranieRSM@PLinNMacedonia pic.twitter.com/Ubc8wE3pWF

— Larysa Dir (@dir_larysa) May 12, 2023

Подготви: Д. Мишев

Tags: НАТОПолскаруска агресија врз УкраинаУкраина
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ