• Latest

Поповски: Екологијата и зелените инвестиции се потценети, ќе дојде време кога околу овие прашања ќе се организира и изборниот натпревар и јавната дебата

October 9, 2023
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ

Поповски: Екологијата и зелените инвестиции се потценети, ќе дојде време кога околу овие прашања ќе се организира и изборниот натпревар и јавната дебата

October 9, 2023 15:25
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕНИ, ИЗЈАВИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

„Можеме, емпириски да заклучиме дека кај нас, имаме голем инвестициски заостаток, за шал не знаеме прецизно колку, затоа што тие пресметки се  доста сложени Она што го имаме како сознание е дека, на пример, во националната студија за води од 2016 година, потребите за зелена инфраструктура во областа на водите изнесува некаде околу една милијарда и петстотини милиони евра“, рече екологистот и политиколог Тони Поповски, зборувајќи за реалните состојби на инвестициското поле на зелени политики.

Поповски на панелот на ЦИВИЛ на тема „Македонската зелена агенда: Реалност или тешко остварлива цел?“, смета дека скоро и да не инвестираме во нашите заштитени природни подрачја.

„Станува збор за еден буџет годишен, на ништо друго да не го трошите за да го лоцирате за овој инвестициски јаз. Тоа не е можно. Затоа треба да имаме план како да ги дистрибуираме овие инвестиции на 10, 12 години и подолго. Да можеме да ги издржиме и да создадеме партнерства. Кога говориме за ЕУ, тоа е една нужност, нашата држава нема компетативен буџет. Имаме големи инвестициски заостаток и едноставно не можеме да го совладаме без да имаме продуктивно партнерство со ЕУ“, вели Поповски.

„Треба да се изгради свеста дека кога говориме за одржлив развој, говориме и за социјални, економски, зелени политики, ако да бидат интегрирани  и како да имаме поголем бенефит и да придонесат до некаква благосостојба. Треба да се бидеме посериозни, што бара и надпартиски пристап. Колку имаме предизвици, толку имаме и можности… Она што можам да дополнам, од аспект на програми на политичките партии и во рамки на коалициски влади, да речеме, кога се прави некаква програма, се објавува јавно, оди  и во Собрание при избор на Владата, од мое искуство, е дека со најголемо внимание треба да се чита фискалната стратегија на Владата. Што и да пишува во владината програма, а на неа и претходеле изборните програми на партиите, нивната рефлексија ќе ја најдете во фискалната стратегија на Владата. Овој документ е во основа како ние буџетираме. И таму може да се види, на пример, како ние ги распределуваме средствата за капитални инвестиции и во кои сектори. И веднаш може да се виде каде е зелената инфраструктура, односно каде е намерата на Владата реално да инвестира“, истакна Поповски.

Според Поповски тој документ не сме да помине без да се овозможи на јавноста да разбере за што станува збори што тој претставува.

„Екологијата и зелените инвестиции се потценети. Повеќекратно се помали отколку инвестиции во други сектори… неминовно ќе дојде време кога околу овие прашања ќе се организира и изборниот натпревар и јавната дебата наспроти ова што нам ни се случува веќе три декади. Да доминираат друг тип на прашања, не толку развојните, отколку политички проблеми, исполнети и неисполнети очекувања, проблеми со соседите“, заклучи Поповски.

Панел –дискусијата е дел од  проектот „Зелен форум“  што Зелен ЦИВИЛ го спроведува во соработка со Фондацијата Хајнрих Бел.

Биљана Јордановска

камера: Дехран Муратов
монтажа: Ариан Мехмети

Tags: зелена агендаТони Поповскифискална стратегија
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ