Последната рунда преговори за формирање на коалициска влада во Германија започнува денеска, а двете страни во преговорите, конзервативците и социјалдемократите, очекуваат крај на разговорите, меѓутоа не е исклучена можноста преговорите да бидат продолжени за уште два денови.
Ако денеска се постигне договор, тој треба да биде одобрен од членовите на Социјалдемократската партија.
Германската канцеларка Ангела Меркел наведе дека претстојат оптимистички, но тешки разговори при кои треба да бидат решени некои важни прашања.
Претставничката на Социјалдемократската партија Мануела Швезиг посочи дека „уште многу прашање останале отворени“.
Страните во преговорите го поставија денешниот ден како краен рок за постигнување на договор, меѓутоа оставени се уште два дополнителни денови, доколку е потребно.
[divide]
Извор: МИА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.