• Latest

Постреферендумска неизвесност: избори, да или не?

October 9, 2018

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Во утринско обраќање во живо, Рама тврди дека е спречен напад со експлозивен дрон, најавува нови полициски интервенции и одбива оставка

October 18, 2026
Општина Брвеница

Брвеница избира градоначалник: Шест кандидати во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Цвет од мигдал

October 18, 2026
Patxi Beltzaitz, Berria, CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

Генерацијата на гневот: Младите ја тресат Европа, полицијата возврати со бруталност и грубо кршење на човековите права

October 18, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Истрага како сирење

October 18, 2026
Полициска бруталност, Албанија, октомври 2026

Полициска бруталност во Албанија: Млади демонстранти тепани и приведувани, ЕУ бара истрага, ЦИВИЛ со директна порака до Еди Рама

October 17, 2026
Харкив, 17 октомври 2026 (ДСНС)

Домови, трговски центри и електрани во пламен – рускиот терор врз цивилите во Украина за време на „енергетското примирје“

October 17, 2026

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Постреферендумска неизвесност: избори, да или не?

October 9, 2018 14:58
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Владата иницираше постапка за Предлог за пристапување кон уставни измени, кои веќе се пристигнати во Собранието. И покрај започнувањето на постапката за уставни измени неизвесно е дали ќе има доволен број пратеници (80) за нивно носење или ќе се оди на предвремени парламентарни избори. 

За многумина во Македонија, но и за претставниците на ЕУ и НАТО предвремени парламентарни избори не се решение за излез од оваа ситуција која настана по референдумот, кога излезноста беше околу 37 отсто, а опозициските пратеници кажаа дека нема да поддржат уставни измени.

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека не може да потврди дали е постигнато двотретинско мнозинство за донесување на уставните измени што се обврска од договорот од Преспа, но изрази оптимизам дека низ инклузивна дебата, како што рече, ќе победи прогресивниот елемент.

„Тоа не може никој да го каже. Тоа може да се каже на моментот на одлучувањето, секако низ дебатата во Парламентот. Јас верувам и ќе видиме сите дали тоа мнозинство постои или не. Нема да дозволиме ништо да се упропасти“, изјави Заев.

„Граѓаните кои одлучија да учествуваат на референдумот, со  над 90 проценти дадоа јасен патоказ каде треба да се движи Македонија. Сега работите преминуваат во институциите на системот. Владата вчера ја отвори иницијативата за уставни измени и таа истиот ден беше доставена во Собранието. Очекувам Парламентот денеска или утре да ја почне постапката пред Уставната комисија за отворање на дебатата“, истакна премиерот Зоран Заев на денешната дебата насловена: „Мостови или ѕидови? Македонија и Западниот Балкан во Европа“, организирана во рамки на Форумот за граѓанско општество Скопје 2018.

Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, во интервју за австриски „Стандард“ вели дека е запознаен со закани од опозицијата против пратеници кои сакаат да ја напуштат партиската линија и да го поддржат Договорот со Грција во Собранието. Тој од ВМРО-ДПМНЕ побара да се откаже од, како што вели, деструктивниот пристап, и интересите на земјата и граѓаните да ги стави пред партиските.

Професорите  Далибор Јовановски, Никос Чаусидис, Људмил Спасов, Ана Чупеска-Станишковска, Фахри Рамадани и Кица Колбе се членовите на Заедничкиот интердисциплинарен комитет на експерти (ЗИКЕ) за историски, археолошки и образовни прашања од македонска страна, на чело со амбасадорот Виктор Габер.

Во Кривичниот суд во Скопје денеска продолжи судењето за настаните во Собранието на Република Македонија на 27 април минатата година. На минатото рочиште беа сослушани четворица сведоци, кои ги објаснија нивните дејствија за време на протестите пред Собранието, како и на критичниот 27 април минатата година.

ЦИВИЛ – Центар за слобода најостро го осудува урбанистичкото дивеење во општина Аеродром и изразува силна поддршка на незадоволните граѓанки и граѓани кои за денеска најавија протест.

„Го потсетуваме градоначалникот на општина Аеродром, Златко Марин, дека неговата функција и задача е да биде на страна на граѓан(к)ите и нивните интереси. А интересите на овие граѓан(к)и кои живеат во најзагадената општина во Скопје секако не се новите висококатници, туку чистиот воздух и здравата животна средина“, стои во соопштението на ЦИВИЛ.

А. Петровска

Tags: Влада на Република МакедонијаВМРО-ДПМНЕГрцијадебатаДоговор со ГрцијаЕУЗоран ЗаевНАТОСобрание на Република Македонија
Share7TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ