ВЕСТ НА ДЕНОТ
Потпишан Договорот за изградба на Коридорот 8 и 10Д
Денеска во присуство на премиерот Димитар Ковачевски, првиот потпретседател на Владата Артан Груби, амбасадорката на САД, Ангела Агелер, од страна на министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми и претставници на меѓународниот конзорциум Бехтел Енка потпишан е Договорот за изградба на Коридорот 8 и 10Д.
ИЗЈАВА НА ДЕНОТ
Амбасадорката Агелер: Зајакнување на правосудството во земјава на сите нивоа е главен приоритет
Зајакнување на правосудството во земјава, на сите нивоа, е главен приоритет за Амбасада на САД, за мене лично и за Вашингтон. Тука сум од ноември и корупцијата во земјава е присутна подолго време. Тоа не е проблем што може да се реши за неколку месеци и постојат веќе системи, кои бараат проверка. Затоа е добра денешната посета, за да видам како се водат истрагите, порача Агелер.
ВОЈНА ВО УКРАИНА
Зеленски предупредува за Бахмут Руските трупи ќе имаат „отворен пат“ да ги освојат клучните градови во источна Украина доколку ја преземат контролата над Бахмут, предупреди претседателот Володимир Зеленски во интервју за Си-Ен-Ен, додека ја бранеше својата одлука да ги задржи украинските сили во опколениот град.
Украина негира вмешаност во саботажата на Северен тек Михаило Подољак, советник на шефот на Кабинетот на претседателот, изјави дека Украина нема никаква врска со експлозиите што ги погодија гасоводите „Северен тек“ во Балтичкото Море минатата година
ФЛЕШ ВЕСТИ
МАРШ ЗА ЖЕНСКИ ПРАВА Под слоганот „Ќе преживеат ли жените овде?“, денеска на Меѓународниот ден за економска, политичка и општествена борба за рамноправност на жените, на плоштадот „Филип II“ во Скопје ќе се одржи марш за женски права.
УНАПРЕДУВАЊЕ НА РОДОВИТЕ ПРАВА На дневен ред на првата пленарна седница исклучиво посветена на унапредување на родовата еднаквост е Информацијата за напредокот за родовите прашања во последните две децении во Република Северна Македонија. Информацијата ќе ја презентира министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска, а збор ќе земат и актуелни пратенички.
ПОДДРШКА ОД НАТО ЗА ОТПОРНОСТ КОН ХИБРИДНИТЕ ЗАКОНИ Денеска, по повод посетата на НАТО делегацијата предводена од заменик-помошникот генерален секретар за новите безбедносни предизвици, Џејмс Апатураи, на која домаќин е Секретарот на Советот за координација на безбедносно- разузнавачката заедница Даниела Илиоска, се одржа и состанок на експертско ниво на кое учествуваат и претставници на СКБРЗ како и членовите на Оперативниот тим на Советот.
ПЕКАРНИЦИТЕ СО ПРОФИТ ВО КОВИД КРИЗАТА Пекарниците и големите производители на леб уште од летото бараа субвенционирана цена на електрична енергија со цел граѓаните да не плаќаат скап леб, сепак тие ја искористија помошта, но одбија да ги намалат цените на лебот и да овозможат граѓаните во време на криза да купуваат евтин леб.
МИНИСТЕР ЗА ЗДРАВСТВО Сообраќајниот хаос на Клинички центар, ажурирањето на позитивната листа на лекови и зголемување на платите на здравствените работници, се меѓу главните приоритети на министерот за здравство Фатмир Меџити што ги најави на денешниот прв брифинг со новинарите.
ЗАКОН ЗА ИГРИ НА СРЕЌА Групацијата за игри на среќа при Стопанската комора на Северна Македонија уште еднаш јавно го изразува ставот на приредувачите на игри на среќа во пресрет на носењето на новиот закон за игри на среќа кој се наоѓа во собраниска процедура (изгласан на седница на Влада на 21 февруари 2023). За членките на Групацијата, постапката која се спроведува за носење на законот во Парламентот е спорна по неколку основи
(ИЗБОР) Албански медиуми:
Во Албанија и Косово на меѓународниот ден на жената се протестира и прославува; инсталација „Црвени чевли“ во Тирана; имотното наследство предизвик за косовските жени
СВЕТ
БЕЛОРУСИЈА Белоруската опозициска лидерка во егзил Свјатлана Циханускаја беше осудена на 15 години затвор во понеделникот, откако и беше судено во отсуство за предавство и „заговор за преземање на власта“, пресуда за која таа рече дека е казна за нејзините напори да промовира демократија
ГРУЗИЈА Илјадници луѓе во Грузија синоќа демонстрираа против предложениот закон против „странски агенти“. Пред парламентот во Тбилиси полицијата употреби солзавец и водени топови за да го растури протестот. Во еден момент додека полицијата ги гаѓаше демонстрантите со водени топови, една храбра жена се спротивстави на водените топови и со крајни сили не дозволи да и падне од раце знамето на ЕУ.
ИЗРАЕЛ Рација на израелските безбедносни сили во окупираниот град Џенин на Западниот Брег, чија цел беше апсење на осомничениот за фаталното пукање врз двајца еврејски браќа минатиот месец, прерасна во насилство во кое загинаа шест Палестинци, соопшти палестинското Министерство за здравство
СЛОБОДНА ЗОНА
АНАЛИЗИ
Љубомир Костовски: Рускиот мамец на панславизмот
Филмот „Една вера, еден јазик“ е добро смислен метод на интеграција на земјава во т.н. православното братство. Ова дело во тој миг беше само обид да се обезбеди долготрајноста на позитивните чувства на македонскиот православен народ кон т.н. Трет Рим во фаза на геополитичките промени на Истокот на Европа. Промените дојдоа по јасното решение на Вториот Рим – цариградското седиште на ортодоксното христијанство во однос на правото на самостојност на МПЦ во рамките на големото црковно семејство
Пред повеќе од две години, Агенцијата за филм, со соопштение „Како Милчо Манчевски извлекува милионски суми за проекти“ каде што ги повикуваат институциите да ги истражат постапките и да се позанимаваат „со хонорарите на режисерот Милчо Манчевски“, ставајќи ја на располагање на институциите целокупната документација.
.Д. Мишев