• Latest

Зеленски предупредува на „отворен пат“ низ источна Украина доколку Русија го заземе Бахмут

March 8, 2023

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

Зеленски предупредува на „отворен пат“ низ источна Украина доколку Русија го заземе Бахмут

March 8, 2023 08:50
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ИНТЕРВЈУ, СВЕТ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Руските трупи ќе имаат „отворен пат“ да ги освојат клучните градови во источна Украина доколку ја преземат контролата над Бахмут, предупреди претседателот Володимир Зеленски во интервју за Си-Ен-Ен, додека ја бранеше својата одлука да ги задржи украинските сили во опколениот град.

„Ова е тактичко за нас“, рече Зеленски, инсистирајќи на тоа дека воените сили на Кијив се обединети во продолжувањето на одбраната на градот, откако неколкунеделните руски напади го оставија на работ да падне во рацете на московските трупи.

„Разбираме дека по Бахмут би можеле да одат понатаму. Тие би можеле да одат во Краматорск, би можеле да одат во Славјанск, тоа би било отворен пат за Русите по Бахмут до другите градови во Украина, во правец на Доњецк“, изјави тој за Волф Блицер на Си-Ен-Ен во ексклузивно интервју од Кијив. „Затоа нашите момци стојат таму“.

Неделниот напад на платеничките трупи на Вагнер, кој забрза во последните денови, принуди илјадници луѓе да го напуштат градот и ја десеткува неговата инфраструктура. Но, украинските трупи, исто така, направија цврста одбрана на областа, спречувајќи го напредокот на Русија.

Зеленски рече дека неговите мотиви да го задржи градот се „толку различни“ од целите на Русија.

„Ние разбираме што сака Русија да постигне таму. На Русија и треба барем малку победа – мала победа – дури и со уништување на сè во Бахмут, само убивање на секој цивил таму“, рече Зеленски.

Тој рече дека ако Русија може да го „стави своето мало знаме“ на врвот на Бахмут, тоа ќе помогне „да се мобилизира нивното општество за да се создаде оваа идеја дека тие се толку моќна армија“.

Иако Бахмут сам по себе нема значајна стратешка вредност, неговите патни врски со Краматорск и Славјанск – два густо населени, индустриски урбани центри на северозапад – значат дека тие градови ќе бидат следни на радарот на русите доколку успеат да ја преземат контролата.

Се појавија шпекулации дека некои команданти и офицери од пониско ниво ја доведуваат во прашање оправданоста за држењето на Бахмут поради зголемениот број на жртви и зголемениот ризик дека стотици или дури илјадници украински војници би можеле да бидат отсечени.

Но, Зеленски ги отфрли тие грижи, велејќи дека „никогаш не слушнал такво нешто“ од неговите команданти.

„Треба прво да размислуваме за нашите луѓе и никој не треба да биде опкружен, опколен – ова е многу важно“, рече тој. „Имав состанок со началникот на Генералштабот вчера и со главните воени команданти онлајн и офлајн… и сите тие зборуваат дека мораме да застанеме цврсто во Бахмут“.

Тој додаде дека секако треба да се размислува за животите на украинските војници, но, мора да се стори сé што може додека украинската армија добива оружје, залихи и  се подготвува за контраофанзива“.

„Војската сама гледа дека треба да останеме силни таму и покрај фактот што Русија го уништи целиот град и сè таму“, додаде Зеленски. „Војниците им помагаа на децата, цивилите да го напуштат градот – дури и до денес луѓето го напуштаа Бахмут. На сите им помагавме.

Речиси 4.000 цивили, вклучително и 38 деца, остануваат внатре во погодениот град, рече вицепремиерката на земјата Ирина Верешчук на друго место во вторникот.

„Имаме специјални тимови за евакуација, кои помагаат и оклопни возила. Но, луѓето често остануваат во подрумите, не оставајќи никакви информации за нивното место на живеење“, рече таа во телевизиско обраќање. „Ова ја отежнува евакуацијата“.

Во меѓувреме, разузнавањето на НАТО проценува дека за секој убиен украински војник бранејќи го Бахмут, руските сили изгубиле најмалку пет, изјави во понеделникот за Си-Ен-Ен воен претставник на Алијансата. Службеникот предупреди дека односот 5 спрема 1 е информирана проценка заснована на разузнавачки информации.

Советникот во украинското претседателство, Михаило Подољак, во понеделникот за Си-Ен-Ен изјави дека во одбраната на Бахмут, Украина има две главни цели: да купи време за да ги надополни своите сили и да им нанесе големи загуби на руските армии.

„Ги постигна своите цели за 1.000 отсто“, рече тој. „Дури и ако военото раководство во одреден момент одлучи да се повлече на поповолни позиции, случајот со одбраната на Бахмут ќе биде голем стратешки успех за украинските вооружени сили како основа за идната победа“.

Подготви: Д. Мишев

Tags: БахмутВолодимир Зеленскиодбранаруска агресија врз Украинаукраински вооружени сили
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ