• Latest

(ИЗБОР) Албански медиуми: Во Албанија и Косово на меѓународниот ден на жената се протестира и прославува; инсталација „Црвени чевли“ во Тирана; имотното наследство предизвик за косовските жени

March 8, 2023

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026

Од нордиски звучни пејзажи до ремикс во живо: Вечерва три концерти на Скопскиот џез-фестивал

October 16, 2026

Војната во сенка ескалира: Мета се системите што ја одржуваат Украина

October 16, 2026
Фото: Скриншот / Х

Пропадна енергетското примирје: Трамп го обвинува Кијив, ЕУ го засилува притисокот врз Москва

October 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Можело и пристојно

October 16, 2026
Протести во Тирана, октомври 2026 (фото извор: https://www.facebook.com/karin.mueting)

Жестоки протести во Тирана: Рама одбива оставка, ЕУ повикува на дијалог

October 16, 2026
Илустрација ВИ

Брвеница на предвремени избори: Шест кандидати во трка за градоначалничката функција

October 16, 2026
Пребарување на морето – во барањето на преживеани ама и на евентуално непријателски бродови учествува бугарската и романската морнарица и воздухопловство ( Credit: US DEPARTMENT OF WAR / Cpl. Hernan Vidana)

Од членот 4 до членот 5: Колку ескалацијата во Црното Море го приближува НАТО до колективна одбрана?

October 16, 2026
Скриншот од камера во живо на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП)

„Швајцарско сирење“ на македонски начин – рецепт за бегство од правдата

October 16, 2026
ДАВОР МАЦУРА Преку Битола ќе ја „европеизира“ својата банка што не ја „мирисаат“ во Европа

На српскиот бизнисмен Давор Мацура, сопственик на Алта банка, му е забранет влез во Црна Гора

October 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

(ИЗБОР) Албански медиуми: Во Албанија и Косово на меѓународниот ден на жената се протестира и прославува; инсталација „Црвени чевли“ во Тирана; имотното наследство предизвик за косовските жени

March 8, 2023 11:49
in AL-PRESS, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Во Албанија и во Косово се прославува и се протестира по повод Меѓународниот ден на жената, 8 март. Во Тирана е поставена инсталација „Црвени чевли“, според идејата на мексиканската уметница Елина Шове “„Los Zapatos Rojos“. Во извештај од Еурофонд се вели дека Работниците Албанци, и машки и женски, имаат најдолго работно време во Европа, достигнувајќи и до 50 часа неделно. Ова е дел од изборот на редакцијата на ЦИВИЛ Медиа за денешниот избор од албанските медиуми во регионот.

ТВКлан: 8 Март, прослава и протест! Инсталација „Црвени  чевли“ во Тирана

„На плоштадот „Мајка Тереза“ во Тирана денеска е поставена инсталација „Црвени чевли“, по повод Меѓународниот ден на жената, 8 Март.

Идејата за црвени чевли датира од пред години, кога мексиканската уметница Елина Шове ја започна инсталацијата „Los Zapatos Rojos“ во чест на нејзината сестра, која го загуби животот како последица на семејно насилство. Од 2009 година црвените чевли се меѓународен симбол.“, пренесе албанскиот медиум КланТв.

Панорама: Мажите во Албанија ја имаат „моќта“ над парите и бизнисот, жените ја зголемуваат својата тежина во политиката

„Работниците Албанци, и машки и женски, имаат најдолго работно време во Европа, достигнувајќи и до 50 часа неделно, се вели во извештајот на Еурофонд за работните услови и идните импликации, кој ги вклучува и земјите-членки на ЕУ.-, Обединетото Кралство, Норвешка, Швајцарија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија.

Мажите Албанци работат околу 50 часа неделно, додека жените околу 45 часа неделно. По Албанците се рангирани Грците, Србите, Црногорците, Романците и граѓаните на Косово.“, пишува меѓу другото во статијата на албанскиот дневник Панорама.

Коха: 8 март – Меѓународниот ден на жената, во Косово се протестира и прославува

„По повод 8 март, колективот „Маршираме, не славиме“ ќе организира протест. Маршот започнува од Палатата на правдата и по собирањето на плоштадот „Захир Пајазити“ продолжува до Владата на Косово. Универзитетот во Приштина ја организира конференцијата „Жени – мир – безбедност“, а конференција ќе одржат и членовите на Одборот на жени пратеници на Собранието на Косово.

Дискусија по повод 8 март ќе организира Агенцијата за родова рамноправност на која ќе учествува и премиерот Албин Курти“, пренесе косовскиот дневник Коха.

Економиа Онлајн: Насилството и имотното наследство, еден од предизвиците со кои се соочуваат жените во Косово

Насилството врз жените и имотното наследство се дел од проблемите кои мора да се решат според Илира Зајми. Таа рече дека недоволно се бори против насилството врз жените како феномен, за што виновни биле институциите, пренесува Економиа онлајн.

Бота Сот: Германија и НАТО со силни пораки за дијалогот Косово-Србија, на средбите што ги имаа со лидерите на Албанија

„Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека планот на Европската унија за дијалогот Косово-Србија е добар и треба да биде спроведен од двете страни. Тој изјави дека е постигнат голем напредок во дијалогот и дека е среќен за конструктивните резултати што ќе се постигнат.“, пренесе  дневник Бота Сот.

Коха: Имиграциските политики ја „убиваат“ Европа!

„Претседателката на Европската комисија Урсула Фон дер Лајен вети дека ќе ги „удвои напорите“ против илегалната имиграција. Не се сомневам во нивната лична искреност. А сепак, институциите што ги водат сносат одговорност за континуираната загуба на човечки животи во Медитеранот.“, извадок од колумната „ Имиграциските политики ја „убиваат“ Европа!“, од авторот Лоренцо Марсили, објавена во косовскиот дневник Коха.

Д. Тахири

 

 

Tags: 8 марталбански медиумиизборинсталацијаКосовопрославаПротестирегионТирана
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ