• Latest

Потребна е итна детоксикација на медиумската сфера!

July 14, 2016

Нема таква сила што може да ги заплаши луѓето – ни тенкови, ни звучни топови, ни батинаши! (ВИДЕО)

October 25, 2026
Алис Вајдел (фото извор: Wikipedia)

Хакирани мејлови откриваат детали за нелегалните донации на германската АфД, Алис Вајдел под лупа

October 25, 2026

Судири во Лазаревац, колона на Жандармеријата кон Белград и полициски возила во центарот (ВИДЕО)

October 25, 2026

Србија гласа: Висока излезност, насилни инциденти и стравувања од постизборна криза – се зборува за „план Б“ на Вучиќ (ИНФОГРАФИК / ВИДЕО)

October 25, 2026
Панчево, Србија, 25 октомври 2026

Маскирани напаѓачи со метални шипки и факели нападнаа млади луѓе во Панчево (ВИДЕО)

October 25, 2026

Маневски за ЦИВИЛ МЕДИА од Белград: Сериозни изборни нерегуларности, долги редици и сведоштво за генерацијата што бара правда (ВИДЕО)

October 25, 2026

Пет дизајнери што го променија лицето на урбаната мода

October 25, 2026

Србија гласа: До 11 часот излезноста достигна 27,3 отсто – речиси двојно повеќе од изборите во 2023 година. Што може да значи тоа?

October 25, 2026

Хоџиќ и Андонов: Изборите во Србија може да ја променат политичката слика на Западен Балкан

October 25, 2026

Референдумска атмосфера во Србија, речиси 20 отсто излезност до 10 часот, долги редици и во Њујорк (ВИДЕО)

October 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Потребна е итна детоксикација на медиумската сфера!

July 14, 2016 11:54
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

Политичките партии-потписнички на Договорот во Пржино и по една година ги кршат копјата околу медиумите. Реформите во медиумската сфера се статус кво, а власта го крие клучот за креирање јавно мислење врз основа на новинарските начела за објективност, вистинитост, точност и балансираност во процесот на информирање.

Власта никако да ги тргне канџите од медиумите и да дозволи професионализација на кадрите и уредувачки медиумски политики во електронските и печатени гласила коишто ќе ја донесат конечно вистината за македонската реалност на виделина.

Досега безуспешни се и препораките на меѓународниот фактор. И покрај отворените насоки на претставниците на ЕУ и на САД – да се постигне консензус околу ова прашање, позицијата во парламентот самата го изгласа и Законот за владино рекламирање во медиумите по свој терк.  Опозицијата пак, со сосема спротивни ставови, бара радикални реформи во оваа сфера, коишто ќе значат црвено светло за сите владини мегафони кои бескруполозно презентираат медиумска слика на „македонски рај“, и тоа, со силна финансиска поткрепа на власта, на општините, на компаниите блиски до власта.

Според тоа, без промени во оваа сфера, во отсуство на точна информација за сите општествено-политички и економски чекори и последици од работата на власта, за сите кривични дела чии осомничени актери се функицонери или политичари во владејачката ВМРО-ДПМНЕ, невозможно е да се реализираат фер, демократски и кредибилни избори.

Во таа насока, како што оценува уредникот на ЦИВИЛ Медиа, Синиша Станковиќ, неопходна е итна детоксикација на општеството, преку радикални реформи во медиумската сфера.

„Нашиот основен проблем ќе биде третото барање, да ги решиме медиумите. Ние имаме ‘едно чудо’ новинари, кои мислат дека се новинари и дека ова што го прават цела деценија е новинарство?! Дека медиуми се овие ‘диригираниве’ од Центарот за пропаганда. И, што е најголема трагедија, луѓето се цврсто убедени, затоа што не виделе поинаку. Тоа се две-три генерации кои мислат дека така треба! Дека треба да има фантомски портал од Белизе,којшто нема сопственици. Кога имаме фантомски гласачи, зошто да немаме и фантомски портали. И сега, национални електронски медиуми, телевизии, цитираат портал со непостоечки сопственици, којшто арчи стотици илјади евра за овие две години. Тоа е поганење на професијата! Тоа ќе биде најголемиот проблем на Македонија, детоксикација на општеството, убедување на обичниот граѓанин и граѓанка, дека може и да прочита и да чуе и да види во медиумите – спротивставени страни“, смета Станковиќ.

Во изминатите 10 години, Владината уредувачка политика во најголем број македонски медиуми е според принципот ‘копи-пејст’ од центрите на моќ. Се лиферуваат прилози и текстови со филигранска тантела за наводните успеси и реализирани капитални проекти, всушност, власта жолчно се бори да го задржи кормилото во оваа сфера, избегнувајќи ја притоа секоја прилика, јавно да даде отчет за своето работење.

„Ние имаме кукавици на власт, кои не смеат да се соочат со нережирано прашање. Имаме прес-конференции на коишто министер вели ‘ова е прес конференција, не можам да одговарам на прашање’, или ‘не е тема на денешниот прес’?! Премиерот за 10 години, откако уништи една телевизија, излезе на нережирано интервју во дворот на Владата. Мојот песимизам е пред сé на планот на заздравување на медиумската сцена, сé друго мислам дека може да се реши“, заклучува Станковиќ.

Политичкиот аналитичар д-р Сашо Орданоски пак, предвидува дека до изборите, коишто би се одржале до крајот на годинава, ќе се случат драматични промени во медиумската сфера, што вклучува и затворање на голем број медиуми.

„За медиумите, очекувам дека ќе дојде до драматични промени во медиумите, до ноемвриските избори. Дури, очекувам дека некои од медиумите коишто сега постојат, нема да ги има до ноември, за време на изборите. Очекувам дека и државните независни институции за регулација на медиумите, исто така, ќе претрпат одредени промени коишто ќе гарантираат една повисока норма, во тоа како ќе се известува, почнувајќи од МРТВ, преку Агенцијата за медиуми и други регулаторни тела коишто имаат одредени надлежности“, смета Орданоски.

Моника Талеска


 

Ставовите на Станковиќ и Орданоски беа презентирани на промоцијата на публикацијата „Слободни избори: Услов без кој не се може“, којшто е дел од едногодишниот успешен проект „Слободни избори за слободни граѓан(к)и“ во реализација на ЦИВИЛ – Центар за слобода

Tags: „Слободни избори за слободни граѓан(к)и“Агенција за медиумиМедиумиМРТВреформиСашо ОрданоскиСиниша СтанковиќСЛободни избори: Услов за кој не се преговараЦивил - Центар за слобода
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ