Од почетокот на вооружената руска агресија, убиени се овеќе од 2.000 Украинци, не вклучувајќи ги тука загинатите бранители.
„Повеќе од 160 часа, Украина и украинскиот народ се бранат од подмолен и циничен напад на Русија и Белорусија. Секој час е изгубен живот на нашите деца, жени и бранители. Седум дена од војната, објави на Фејсбук Државната служба за итни случаи
Во овој период, Русија уништи стотици објекти за транспортна инфраструктура, станбени куќи, болници и градинки во Украина.
„Во овој период, освен нашите бранители, беа убиени повеќе од 2.000 цивили“, се вели во соопштението.
„Денес главните напори на спасувачите се насочени кон спасување на луѓето. Спасени се животите на повеќе од 150 луѓе, изгаснати се повеќе од 400 пожари по непријателските напади, над 500 луѓе се евакуирани. Пиротехничарите деактивираа 416 експлозивни направи“, известуваат од службата.
Како што е наведено, 10 спасувачи загинале, а уште 13 се повредени додека ја извршувале својата работа.