• Latest

Пред молкот – ден деветнаесетти

October 13, 2017

Изданија на ЦИВИЛ достапни во „Или-Или“ по пријателски летни цени

June 9, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик повторно отвори политички судир: ЛДП се заканува со повлекување, Министерството возвраќа, а дебатата за една изборна единица останува нерешена

June 9, 2026

Политика на множење со нула: Од дигиталните илузии до европските скенери

June 9, 2026
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Пред молкот – ден деветнаесетти

October 13, 2017 23:52
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Последен ден од предизборната кампања. Нешто старо, по нешто малку ново, многу „позајмено“, и ништо свежо. Од првиот, до последниот ден од кампањата.

Старо е тоа што го ветуваат сите, по нешто малку ново се некои од кандидатите, по нешто „позајмено“ – се програмите на кандидатите. Како да си ги позајмуваат еден на друг, па на моменти не ти текнува за која партија/кандидат се работи, промоција и ветувања на и за исти работи. Свежо, во смисла на некое освежување во вид на квалитетен кандидат со некоја свежа идеја, свеж изглед, свеж израз и свеж настап – нема(ше). Како и да е, во текот на средно-глупавите обиди за успешно, паметно, интересно, иновативно, креативно или достоинствено претставување на програмите, како и себепретставување, да ви кажам право, освен што се нервиравме, и доообро се изнасмеавме. Онака, на дневна основа, на речиси секоја изјава од  ценетите ни кандидати.

Изградба и санирање на одводи, улици, патишта, мостови, зелени градови, чист воздух, велосипедски патеки, понекоја детска градинка, поправка или изградба на училишни покриви, културна ренесанса, започнати па заборавени проекти, нови проекти…ова се главните заложби и ветувања на кандидатите.

ВМРО -ДПМНЕ доживеа пресврт во својата реторика, почнаа да комуницираат и на друг јазик освен на македонски. Барем по билборди. Се задавивме од смеење.

Се случи најневеројатната коалиција, или соработка помеѓу две партии коишто за јавноста беа како мачка и глушец, или едната – трн во окото на другата, а другата, окото на третата, напуштената. СДСМ и ДУИ. Напуштената знаете која е. Додуша, соработката се случи многу порано, пред парламентарните избори на 11 декември 2016. Кога Али му фалимендеруваше на Зоки што го штедел во бомбите…Ама ете,  како што некако кажа Али Ахмети – политика е ова. И така, ќе си ги поддржуваат кандидатите меѓусебно, а гласачите (оние нивните, традиционалните) во недела ќе се чувствуваат како заеднички носители на нов живот во Македонија, како што впрочем гласат нивните изборни слогани. Свечено и во духот на взаемна благодарност и почит. Секој на својата страна од Камениот Мост. И, што има тука ново? Ах, да, СДСМ во Арачиново. Се задавивме малку повеќе од смеење, па на крај дури и ни преседна.

Сигурно „ќе победат“, заедно!

Вечерва одржаа митинзи Беса и ВМРО – ДПМНЕ. Беса фала богу си ги собра кандидатите на едно место и конечно ја покажа својата кандидатка за градоначалничка на Град Скопје, којашто со својот говор ги засени другите кандидати на Беса за градоначалници на општини. Ништо чудно што не ја промовираа до вечерва. И дури сега ми стана јасна причината зошто ја немаше на јавните телевизиски дебати. Се спремала за завршниот митинг!

И да, „ ќе победат“!

А ВМРО-ДПМНЕ  својот централен или како веќе го нарекуваат, завршен митинг го одржа пред Влада, со припреми од рано утро и блокирање на сообраќајот. По теркот на СДСМ пред неколку дена.

Не можев да следам што се случува на  нивниот митинг, но од вечерашното следење на кампањата од моите колеги, дознав дека наеднаш пред Влада снемало струја, па митингашите направиле „ѕвездено небо“, и дека било многу романтично. Најверојатно и тие „ ќе победат“. Апсолутно романтично!

Таравари и Села сигурно ќе победат во Гостивар и Струга. Мислам, глупаво би било да не победат по нивното бегство од „Алкатразите“ им златни – Собрание и Министерство за Здравство. Ако не  се премислат до 12 часот вечерва.

Кандидатите за Град Скопје. Не, вечерва нема да направам осврт  за секој од нив поединечно. Само ќе констатирам дека жените меѓу нив заслужуваат сто пати поголема доверба и шанса на овие избори. А на овие избори, победата некако мириса на недозреано грозје, исклукано од жедни врапчиња во жешко лето. Со акцент на жеШко.

И за крај, сакам да им порачам на кандидатите и на нивните партии дека ние, потенцијалните и евентуалните гласачи, приближно знаеме каков ќе биде исходот од изборите. Не дека сме до толку интелигентни, туку дека вие сте предвидливи.

До следни избори!

https://www.youtube.com/watch?v=YFD2PPAqNbw

 

Дијана Тахири

 

Tags: БесаВМРО-ДПМНЕДУИкампањакандидатиЛокални избори 2017СДСМ
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ