• Latest

Пред да замине и последниот воз

July 19, 2018
Илустрација ВИ

Поради неизвесност на светските пазари, продолжена кризната состојба во снабдувањето со нафта и нафтени деривати

July 17, 2026

Црна Гора од 1 октомври воведува визи за руски државјани во рамки на усогласувањето со ЕУ

July 17, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик се менува во нетранспарентен процес и без јавна дебата: Ниту една партија не покажа интерес за мислењето на јавноста

July 17, 2026

Политичкиот инженеринг на летниот вакуум

July 17, 2026

Која е вашата порака, барање или прашање до политичарите? – граѓаните прашуваат, политичарите (не) одговараат

July 17, 2026

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА КОМПАС

Пред да замине и последниот воз

July 19, 2018 10:39
in КОМПАС, СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Да заокружиме… Ова е време на валкани политички игри кога лажните вести, теориите на заговор, насилството и црната политичка пропаганда повторно јаваат низ медиумскиот и јавниот простор. Дали ќе им успее, зависи од сите нас, а не само од политичарите. Идеално би било кога големите одлуки и важните процеси зависат од граѓанките и граѓаните и нивните храбри, мудри и далековиди политички претставници, а не од политичките профитери и насилници. Тие се збогатија и сѐ уште се богатат на грбот на даночните обврзници, а им го копаат гробот и Македонија, онаа што ја „бранат“ – одамна ја продале.

Пишува: Џабир Дерала

Овие денови е најостро изразена неминовноста на изборот пред секој човек што живее во Македонија или потекнува од неа. И наместо да живееме денови на разговор меѓу достоинствени граѓанки и граѓани, ние сме во грч поради алчните насилници што на сцената се качија (и никако да се симнат) со ароганција и деструкција.

Македонските граѓанки и граѓани се исправени меѓу две можности.

Едната можност е да живеат на дното на балканското беспаќе. Балкан потонат во криминал, радикализам и крв. Балкан, нестабилен и расцепкан од насилство, под власт на бескрајно лакоми насилници, оаза за организиран криминал и перење пари. Балкан поделен и упропастен од етничка омраза и конфликти. Балкан, опседнат со манијакална и болна омраза против непостоечки непријатели, неповратно изгубен во иморалниот гнилеж на етно-радикализмот. Македонија, парче земја без имотен лист, приклештена во балканскиот мрак… на дното. И тоа – не Македонија, туку ФИРОМ.

Другата патека, во спротивен правец, е евро-атлантска интеграција, во друштво со отворени и динамични општества, со демократски (и некои помалку демократски) влади, повеќето од нив искрени партнери на граѓанското општество. Држава во која институциите функционираат и се во служба на граѓанките и граѓаните, во која владее правото и се почитуваат човековите права и слободи.

Каква Македонија сакаме?

Сакаме Македонија во која постојано се работи на мирот и благосостојбата на граѓанките и граѓаните, дискриминацијата е забранета и се санкционира, владее родовата еднаквост, правдата и правичноста. Сакаме Македонија во која политичарите се одликуваат со одговорност и транспарентност. Сакаме Македонија во која владее социјална и еколошка правда, заштита на ранливите категории, почитување на политичките, економските и социјалните права на сите подеднакво. Македонија во која работодавачите имаат обврска да се грижат за вработените и го почитуваат нивното право на штрајк… Сето тоа и многу повеќе може да биде дел и од македонската иднина.

По долги години назадување, насилство и деструкција, македонските перспективи сега се посветли и ветуваат хармонизација со европските вредности во кои достоинството на човекот е на прво место. Нешто што изгледа како убав сон, а е толку реално и можно, само ако не им дозволиме на деструктивните сили да надвладеат и да го урнат ова што за толку кратко време се постигна.

Не е доволен само еден човек…

Сепак, пред да зачекориме кон таа македонска иднина, на патот ни се испречени арамии со сите бои премачкани. И бавни сме… Наспроти комплиментите и охрабрувањето од меѓународната заедница што ги препозна гигантските постигнувања, сите знаеме и некои од нас и гласно говорат дека неопходните реформи, сепак, мора да бидат поенергични и потемелни. Дека институциите се нефункционални и партизирани. Клиентелизмот и корупцијата се длабоко вкоренети во македонското општество, медиумите се во лоша состојба, а етничките и верските тензии сѐ уште се најдобрите и најевтините алатки во рацете на структури кои не ги сакаат прогресот и слободата.

И не е доволен само еден човек, добричина, тој чуден ентузијаст кој граби со невиден оптимизам, прибира признанија од целиот демократски свет, со заразна насмевка која не успева никој да му ја симне од лицето, како постојано да знае нешто повеќе… Не. Во оваа приказна се потребни сите. И оние што се колебаат и оние што до вчера вееле бајрак на омразата…

Има место за сите во оваа Македонија, опустена од глупост и алчност, но во која се роди нова надеж. Има место за помирување и започнување разговор, макар и со спуштени веѓи и повишени тонови.

Пред да замине и последниот воз.

 

 


Фотографија во прилог на текстот: архива на ЦИВИЛ

Објавено и во печатеното издание на „Слободен печат“ на 20 јули 2018 г.  

Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста 

Преземање на содржините под различни услови од наведените не е дозволено, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ. Повредата на авторските права е забранета со закон.

Tags: ЕУиднинаМакедонијанационализамоптимизампатриотизам
Share323TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ