Пишува: Љубомир Костовски
Денес на програмата на РТС цело време оди тематски програм – „27 години од НАТО агресијата врз Србија“. Не ми е познато дека РТС тоа го правела претходните години или барем не секоја година на овој датум, 24 март. Постојано се менуваат соговорници од различни градови кои се споменуваат на жртвите на бомбардирањето.
Јасно е дека кога е РТС во прашање тоа е директива одозгора.
Зошто сега?
Па до пред откажувањето на проектот на Кушнер со претворање на Генералштабот на Немањина во станбено-деловен комплекс сигурно одела друга директива – да не се споменуваат жртвите од истото тоа бомбардирање. Ама, сепак, народот излегуваше на протести иако најеклатантниот призор од тоа бомбардирање стоеше нечепнато повеќе од две децении!?
На лицемерието на Вучиќ му нема крај – тој е видливо исплашен од изборите во недела, на 29 март во судирот со студентските листи во десет општини, а згора е вложена голема енергија и пари во предизборната кампања.
Сега се дува „патриотизмот“ со назнака дека оваа, постојната гарнитура, била таа која го бранела народот и државата, а демек студентите се странски платеници … Се оди на она дека народот слабо памети, нели.
Што честопати е и точно.











































