• Latest

Прегласување во Чаир: Факти и очекувања

November 8, 2017

Четворица загинати во Харкив, балистички ракети врз Кијив – рускиот терор продолжува и по најавеното примирје

October 13, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Се снајде на туѓа сметка

October 13, 2026
Михаил Звинчук, аеродром Шереметјево, Москва, 11 октомври 2026

(ДОСИЕ @RYBAR) Звинчук се врати во Москва: „Рибар“ најавува продолжување на активностите на Балканот – се открива улогата на руските разузнавачки служби и „Ростех“

October 13, 2026
Ива Михаилова (фото извор: МРТ)

Случајот „Ива Михаилова“: Меѓу правото на лекување, бегството од правдата и политичкото профитерство

October 13, 2026

ВОЈНАТА СÈ ПОБЛИСКУ – Црното Море, бојно поле пред портите на НАТО: Дронови потопуваат бродови, Бугарија бара одговори од Москва и помош од НАТО и ЕУ

October 13, 2026

Безглави агенти

October 12, 2026
Референдумско изјаснување во Словенија, 11 октомври 2026 (Wikimedia Commons)

Словенија на четири референдуми: Пораз за законот на Јанша, поддршка за построги социјални мерки и неизвесност за јавниот сервис

October 12, 2026

Kога боксовите и клоците се во полициска униформа – кој ќе ги штити граѓаните?

October 12, 2026
Харкив, 11-12 октомври 2026 (ДСНС)

Трамп прогласи енергетско примирје, рускиот терор продолжи – загинати цивили и нови напади врз Украина [ДОПОЛНЕТО]

October 12, 2026

(ДОСИЕ @RYBAR) Протеран од Црна Гора, засолнет во Србија: Михаил Звинчук и руските мрежи за влијание на Балканот

October 11, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Прегласување во Чаир: Факти и очекувања

November 8, 2017 15:23
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Кој ќе биде градоначалник на општина Чаир, одлука ќе донесат жителите од три улици, кои гласаат во избирачкото место 2901, на прегласувањето во недела, 12 ноември, откако Управниот суд ја уважи жалбата на Движењето Беса, по што и ДИК донесе одлука за прегласување, откако претходно ги одби сите приговори.

Беса, незадоволна од начинот на спроведување на изборниот процес во вториот круг во Чаир, до ДИК поднесе 89 приговори. Оние што се однесуваа за избирачки места во Чаир, најмногу се однесуваа на броењето на гласовите, каде овластените претставници на партијата констатирале дека за неважечки се прогласувале оние гласачки ливчиња каде, како што се вели во приговорите, е јасно изразена волјата на гласачите, токму за нивниот кандидат за градоначалник.

„Во избирачкото место 2901, Општина Чаир, при сумирање и утврдување на гласовите, гласовите кои се дадени за Беса се сметани за неважечки и покрај тоа што била јасно изразена волјата на гласачите. Ниту во постапката за гласање, ниту во постапката за сумирање и утврдување на резултатите, на нашите овластени претставници им е извршен уште поголем притисок да не ставаат забелешки во записникот бр.16. Исто така, врз нив е извршен уште поголем притисок да не достават забелешки до Општинската изборна комисија во рок од 5 часа по завршување на гласањето, согласно член 117 став 6 од Изборниот законик“, стои во приговорот на Беса, конкретно за избирачкото место 2901 во кое ќе се прегласува.

Според извештајот на ДИК за приговори во вториот круг од локалните избори, Беса нема приложено докази за ниту еден приговор. ДИК, како една од причините за одбивање на приговорите, го наведува и овој недостаток.

Сепак, Управниот суд ја поништува одлуката на ДИК и ја уважува поднесената жалба на Беса, по што ДИК позитивно одговори и одлучи да се прегласува во 2901, ОУ „Иднина“.

Изборниот процес во Чаир досега, и во двата круга, според наодите и извештаите на ЦИВИЛ започна со кршење на изборниот молк, а продолжи со обиди за поткуп на гласачи, а не недостасуваше и нарушувањето на гласачкото право, проблемите со Избирачкиот список, семејното и групно гласање и незаконитото однесување на Избирачките одбори. Во неколку случаи, беа пријавени физички и вербални конфликти, во кои, во еден пријавен случај учествувале и активисти на Беса и ДУИ.

Избирачкото место 2940, ОУ „Рајко Жинзифов“ се покажа како најпроблематично, пополнувајќи ја секоја од категориите на изборни нерегуларности по кои се раководеа набљудувачите на ЦИВИЛ и во двата круга на локалните избори.

ЦИВИЛ – Центар за слобода ќе го набљудува прегласувањето во недела. Во организацијата се констатира дека неизвесноста ќе трае до утврдување на конечниот резултат. Не се исклучени обиди за поткуп на гласачи, закани и притисоци, како „вообичаени“ алатки на партиска агитација и пропаганда.

Резултатите во оваа избирачко место се одлучувачки. Во него се запишани  719 гласачи, што е повеќе од доволно за да се сменат крајните резултати за градоначалник на оваа општина.

Кандидатот за градоначалник на ДУИ, по вториот круг беше во предност за 209 гласа на ниво на целата општина.

Беса е оптимистична дека Чаир ќе биде нејзин, но ДУИ, како долгогодишен домаќин, ветува борба до крај. Да се надеваме дека прославата на победникот овој пат ќе помине без пукање.

Биљана Јордановска

Tags: 2901БесаДУИлокални изборипрегласувањеЦивилЧаир
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ