ВЕСТ НА ДЕНОТ: Аболицијата не само што е спротивна на правото, туку и на моралот
Уставните судии го одложија вчерашното оценување на уставноста на член 11-а од Законот за помилување, со кој требаше да се расчисти дали поранешниот претседател Ѓорге Иванов можел да ја повлече аболицијата.
Според Кадриу, предлогот на Стојановски тогаш бил да се поништи или да се укине спорниот член 11-а, а сега предлогот на Костадиновски е да се запре постапката по ова одлучување. Според него, ова се дијаметрално спротивни предлози и затоа по оваа точка не треба веднаш да се одлучува, туку треба одново да се расправа.
ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ
Тетовчани со двојна болка за Виена и препорака: “Треба да пазиме сите, а особено вие новинарите”
Мирно, но застрашувачко. Голем револт, чаршиски муабети, но никој не се охрабрува јавно да зборува. Терористичкиот напад во Виена, тетовчани го доживеаја двојно трагично. Од една страна, меѓу себе, секој на свој начин ја искажува болката и жалоста за изгубените животи, а од друга страна загриженоста за тоа што еден од напаѓачите бил со потекло тетовчанец, Албанец и муслиман, како мнозинството од граѓаните на Тетово.
На кого (ќе) му одговараат етнички тензии во овој момент?
Додека пратениците во Собрание дебатираат за предлогот Добрила Кацарска да биде избрана за судија на Уставниот суд, дел од медиумите објавија дека Врховниот суд ја укина пресудата за убиството на Ангел Петковски на 30-ти септември од страна на 5-член совет. Веста ја објави телевизија Телма, повикувајќи се на судски извори.
ФЛЕШ ВЕСТИ
На состанокот на амбасадорско ниво КОРЕПЕР, на кој се разгледува преговарачката рамка, денеска е прекршен членот 2 од Договорот за добрососедство со Бугарија и ја имаме првата блокада. Тоа не значи дека шансите се изгубени, следуваат уште два состанока на амбасадорско ниво, по што ќе следи министерскиот состанок (ГАК) на 17 ноември, изјави денеска премиерот Зоран Заев.
ДКСК бара отворање на дебата за предвидување прекршочни одредби, бидејќи има прописти и слабости во законите за локална самоуправа и за јавни претпријатија што дозволуваат да продолжи неказнето именувањето и разрешувањето вршители на должност директор, било на централно или локално ниво.
ДКСК ја запре постапката по предметот на претседателот на Врховен суд Јово Вангеловски за набавка на службено возило во вредност од 40 илјади евра, бидејќи по добиените информации се утврдува дека јавната набавка е целосно законска и не може да се утврдат никакви неправилности.
Министерот за здравсто Венко Филипче денеска изјави дека целата зграда на Интерни клиники ќе биде наменета за третман на пациенти со КОВИД-19.
Mинистерот за надворешни работи Бујар Османи, учествуваше на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на Процесот за соработка на Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), во рамките на турското претседавање 2020-2021, во Анталија, Република Турција.
„Фронт 21/42“ бара нова јавна расправа за Нацрт-законот за прогласување на Шар Планина за национален парк.
Министерството за труд и социјална политика информира дека од денеска почнува исплатата на правата од социјална заштита за октомври.
СЛОБОДНА ЗОНА
„Во текот на вчерашниот ден, извесно лице од ДИК се јави во редакцијата на ЦИВИЛ Медиа, за да укаже дека насловот на објавениот текст што се однесува на истрагата од Обвинителството за гонење организиран криминал, за претседателот на ДИК, Оливер Деркоски и тројца членови на комисијата за јавни набавки, за набавка на софтверот на последните избори“, пишува Дијана Тахири во „Дали претседателот на ДИК, Оливер Дерковски, е член на ДИК, или е само вработен таму?“.
„Не ми е јасно што би можело уште да се напише или каже по повод новите билатерални барања од страна на Бугарија за одобрување на почетокот на нашите преговори за влез во ЕУ, а да се остане во рамките на пристојноста и да не се додаде масло на огнот од нервоза, провокации и навреди кои се закануваат да ги заплиснат односите меѓу двете земји не само во овој момент, важен и за нас и за нив, туку и за во годините што доаѓаат… Бидејќи, ако атмосферата во јавноста на двете земји стане „отровна“, какво било посредничко германско „маѓепство“ нема да може да ја помести работата во конструктивна насока“, пишува Сашо Орданоски во колумната „Упатно е да не се чачка таа мечка!“
А. П.