• Latest

Преглед на настани: Сите ќе бидат вклучени во новата концепција за основно образование, интервенција на учебниците, ЦИВИЛ со панел дискусија за младите

December 23, 2020
Knesset, Death penalty bill Israel
Source- screenshot
ILTV Israel News

Израел пред нови поделби: закони за смртна казна и контрола на медиумите

November 11, 2025

Две американски компании од автомобилската индустрија ги затвораат фабриките во Северна Македонија

November 11, 2025
Последиците од нападот со руски дрон врз Днипро, доцна на 16 април 2025 година. Фото: Борис Филатов/Телеграм

Милиони Украинци се соочуваат со темнина и студ по еден од најголемите руски напади врз енергетската инфраструктура

November 11, 2025

Европарламентот ја поддржа целта за намалување на штетните емисии за 90 отсто до 2040 година

November 11, 2025
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Се подготвува нова разузнавачка единица во ЕУ под водство на Урсула фон дер Лајен

November 11, 2025
Фото: Цветан Трипуновски/Фејсбук

Времено стопирана исплатата на средствата од ИПАРД програмата

November 10, 2025
Скриншот од видео на ВВС

ВВС во криза по откритието на Телеграф дека радиодифузерот ги заведувал гледачите при известувањата од САД и со „системската антиизраелска пристрасност“

November 10, 2025
Креирано со помош на ВИ

Вештачката интелигенција – новиот фронт на суперсилите во светската пропагандна војна

November 10, 2025

Градоначалникот на Гостивар смета дека назначувањето на „владин повереник“ е неуставно, ќе поднесе иницијатива до Уставен суд

November 10, 2025
Nicolas Sarkozy
Source> screenshot France 24

Поранешниот француски претседател Никола Саркози ќе биде ослободен од затвор

November 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Преглед на настани: Сите ќе бидат вклучени во новата концепција за основно образование, интервенција на учебниците, ЦИВИЛ со панел дискусија за младите

December 23, 2020 17:06
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: Сите ќе бидат вклучени во новата концепција за основно образование, најави Царовска

Концептот е подготвен од релевантни универзитетски професори и наставници кои се во настава директно сега и можат да ги видат предизвиците. Универзитетските професори заеднички со наставниците изградија визија за тоа каква концепција за учење во основно образование треба да има во нашата држава. Најрелевантни се педагозите и психолозите. Ова денеска го соопшти министерката за образование Мила Царовска на прес-конференција, на која беше презентирана новата концепција за основно образование.

Одговорајќи на новинарско прашање за историја и географија да останат како засебни предмети, министерката Царовска посочи дека верува во транспарентност и додаде дека низ дискусија се носат најдобри одлуки. По денешната презентација на оваа концепција, најави дека почнува јавна дебата, а документот ќе биде јавно достапен и сите релевантни ќе можат да дадат коментар.

-Но, најважно е дека сите профили кои треба да создаваат наставни програми понатаму, како историчари, географичари, тие директно ќе можат да се пријават на конкурс, да учествуваат во подготовка на наставните програми. Тој процес исто така ќе го водиме транспарентно. Нема грижа дека некој нема да биде вклучен. Сите ќе бидат вклучени затоа што ова е значаен процес за нашата држава. Ова е значаен процес за образовниот систен, но и за економијта и иднината на државата, нагласи Царовска.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ: Царовска: Нема да дозволиме да има учебници со експлицитни, стереотипни и дискриминаторски содржини

„Има кратки интервенции, тоа веќе го направивме со повлекување на некои учебници кои имаа јасна и експлицитна содржина која не е соодветна во образование, но, исто така се подготвува и нов концепт за ученици кој треба да следи заедно со оваа концепција, а тоа е третата фаза за подготовка на материјали кои се уредени со прописи кои укажуваат на кој начин се носат учебниците“, одговори министерката за образование и наука Мила Царовска на прашање на ЦИВИЛ Медиа за тоа дали и на кој начин МОН и БРО планираат да се справат со дел од наставниот и стручниот кадар во училиштата, кои на учениците, посредно или непосредно и на родителите, им пренесуваат содржини со националистички пораки, а кои не се дел од наставните програми.

ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ 

Беса Арифи: Начинот на кој се однесуваме кон другиот е многу битен за односот што го градиме во општеството

Спасов: Има ентузијазам и оптимизам за реформи во правниот систем, да не се претворат во песимизам и апатија

Николовска: Измените во Изборниот законик не можат целосно да ја спречат корупција во политичките изборни кампањи

Сарачини: Електронското гласање не е единствено решение за да се направи чекор напред во остварување на правото на глас

Панел дискусија на ЦИВИЛ: Млади, перспективи…

ЦИВИЛ  организира панел дискусија насловена „Млади, перспективи…“ која ќе се одржи на 24 декември 2020 година, четврток, во Хотел Сити Парк, во Скопје, со почеток во 12 часот.

На панелот како говорници ќе учествуваат Стефани Спировска од МОФ, Борјан Ефтимов, Претседател на УСС, Ермин Климента, веб девелопер во ЕЛАМИ и Ангела Петровска, новинарка и дел од екипата на ЦИВИЛ Медиа. Панел дискусијата ќе ја модерира Дехран Муратов.

ФЛЕШ ВЕСТИ 

Штом ќе биде достапна вакцината против КОВИД во земјава, први ќе ја примат лекарите, медицинскиот персонал и сите други што се на првата линија во борбата со пандемијата, потоа хронично болните, возрасните граѓани, вработените во градинките и останатите на приоритетната листа, соопштија денеска владините портпароли, Душко Арсовски и Муамет Хоџа.

Собранието на денешната 28-ма седница, по скратена постапка, го усвои владиниот Предлог на закон за реализација на проектот „Нов Универзитетски клинички центар“ за изградба и ставање во употреба на комплекс на градби.

На неколку дена пред новогодишните празници инспекциските служби ги интензивираа надзорите на терен и во соработка со МВР во текот на минатата недела се спроведоа голем број координирани акции кај различни субјекти.

Претседателот и врховен командант на Армијата Стево Пендаровски, денеска во Домот на Армијата во Скопје, беше информиран од страна на началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски за состојбата и борбената подготвеност на Армијата на Република Северна Македонија во 2020 година.

ДКСК на денешната 44-та седница постапува по повеќе предмети оформени по пријави од укажувачи согласно Законот за заштита на укажувачите.

 

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ