ВЕСТ НА ДЕНОТ: Панел дискусии на ЦИВИЛ: „Социјална правда и дискриминација“ и „Попис: Помеѓу политиките и статистиките“
ЦИВИЛ во рамките на Фестивалот на Слободата организира[E две панел дискусии, првата е насловена „Социјална правда и дискриминација: Премногу луѓе на маргините на општеството и политиката… До кога?“, додека другата панел дискусија е со наслов „Попис: Помеѓу политиките и статистиките“.
На првата панел дискусија како говорници ќе учествуваа Мирјана Најчевска, унивезитетска професорка, Елис Шаќири од Ромалитико и иницијативата АВАЈА и Љуљета Адеми, активистка и советничка во кабинетот на претседателот Пендаровски задолжена за односи со лицата со посебни потреби. Панел дискусијата ја модерираше Дехран Муратов.
Вториот панел се одржа со физичко присуство на учесниците, со строго придржување кон протоколите за заштита од Ковид-19. Учесници на панелот ќе беа Дончо Герасимовски, поранешен директор на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски, актуелниот директор на Заводот за државна статистика, и Џабир Дерала од ЦИВИЛ. Панелот го модерираше Дијана Тахири од ЦИВИЛ.
ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ
Герасимовски: Kвалитетот на податоците од пописот ќе ги задоволат потребите на државата
Адеми: Последниве години сме повидливи ние како лица со посебни вештини
Шаќири: Потребни се системски решенија за да се реши дискриминацијата кај нас
Најчевска: Државата треба да создаде услови за еднаквост за сите
(ВИДЕО) Џабир Дерала: Почитувајте, станете подобри луѓе од денеска, од сега!
СКЕН: Пандемија – културата на колена
ФЛЕШ ВЕСТИ
Државната изборна комисија извести дека до 14 часот сите пријавени лица позитивни на Ковид-19 или во самоизолација го оствариле своето право на глас на предвремените изборни за градоначалник на Општините Штип и Пласница.
На денешната 43-седница Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) едногласно ја усвои Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси со Акциски план 2021-2025 година, што ќе биде предадена во Собранието, каде треба да биде усвоена.
Собраниската комисија за одбрана и безбедност на денешната седница ја усвои и ќе ја проследни понатаму Предлог – одлука за одобрување на продолжување на рокот за постоење кризна состојба на територијата на Република Северна Македонија, заради заштита на јавното здравје во услови на постоење на Пандемија прогласена од Светската Здравствена Организација од заразната болест COVID-19 предизвикана од вирусот SARS-CoV-2 и заради спречување од негово ширење во зголемен обем со што се загрозува безбедноста на здравјето на населението.
Генералниот директор на А.Д. Пошта, Јани Макрадули очекува од 1 март следната година да бидат отворени шалтерите на Халк банка и граѓаните да можат да ги плаќаат сметките во пошта.
Претседателот Стево Пендаровски, денеска го потпиша Указот за прогласување на Законот за изменување на Законот за финансирање на политичките партии, со кој им се враќаат средствата запрени во услови на вонредна состојба заради нивно користење за справување со економските и социјалните последици од здравствената криза.
СЛОБОДНА ЗОНА
„Во целата рашомонијада од разновидни сериозни последици врз Македонија и врз регионалното евро-проширување предизвикани од унилатералното (и незаборавно!) бугарско вето за наше блокирање на преговорите со ЕУ, македонската јавност, со право, нема ни време, а ни интерес, да се занимава со другите комплексности на „преплетот на црева“ во кој е заглавена Европската Унија“, пишува Сашо Орданоски во колумната „Ах, Европо, крава ли си за молзење, ил Медуза главата да ти ја отсечеме?“.
„Чекална, по дефиниција е место/простор во кој луѓето седат или стојат додека не започне некое случување/настан. Во чекалните не се прави ништо посебно (можеби се читаат стари списанија, се слуша смирувачка музика, се разговара со некој друг што чека, се чита книга, се игра судоку, …). Зад вратата пред која чекаме се главните случувања кои треба да започнат во моментот кога ќе го преминеме прагот“, пишува Мирјана Најчевска во колумната „Чекална“.