• Latest

Преглед на настани: Второто полугодие продолжува со комбиниран модел, неуспешен сајбер напад на ЦИВИЛ, Ковид центрите се затвараат

January 19, 2021
Скриншот од видео на ВВС

Нова политичка реалност во САД: изборите во Њујорк покажуваат инклузивност и промена во политичката култура

November 5, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (1): Виц што не е виц – дедо и внук во спротивни „изборни“ улоги

November 5, 2025
Скриншот од видео на Х

Хоџиќ: Мамдани победи во битката за Њујорк, но му даде надеж на светот!

November 5, 2025

Шефот на ОН предупредува дека силите за стабилизација во Газа мора да имаат меѓународен легитимитет

November 5, 2025
Скриншот од видео на
Baku TV | RU

Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

November 5, 2025

Ројтерс: Кина забранува странски чипови за вештачка интелигенција во центри за податоци финансирани од државата

November 5, 2025

До ДИК се поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 5, 2025

Координативното тело на Кодексот за однесува во онлајн просторот: 8 преставки за прекршувања на новинарски и политички етички стандарди во изборниот процес

November 5, 2025

Македонија меѓу амбицијата и застојот, Уставните измени – тест на зрелоста за европската иднина

November 5, 2025

Вонредна седница на белгискиот Совет за национална безбедност поради инцидентите со дроновите

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Преглед на настани: Второто полугодие продолжува со комбиниран модел, неуспешен сајбер напад на ЦИВИЛ, Ковид центрите се затвараат

January 19, 2021 16:44
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: Второто полугодие продолжува со комбиниран модел

Министерката за образование и наука Мила Царовска во гостување на ТВ Клан изјави дека второто полугодие ќе продолжи да се спроведува со комбинираниот модел.

„Во првото полугодие најголем предизвик беше како наставниците ќе се снајдат со онлајн наставата. Но овој предизвик е надминат и второто полугодие го продолжуваме по веќе воспоставениот хибриден модел: онлајн, со физичко присуство и со следење на часови преку телевизија“, изјави Царовска.

Сојузот на средношколци на Република Северна Македонија соопшти дека заедно со матурантите ќе ја бојкотира наставата од второто полугодие која започнува во четврток, 21 јануари, се додека нивните барања не бидат прифатени од образовните институции.

Тие бараат на државната матура да има испити по два предмети, по примерот на Франција, со што задолжителен прв предмет да биде мајчин јазик (македонски, албански, турски итн.). Додека пак, вториот предмет да биде по избор на ученикот во завиност од своите планови и интереси за понатамошно образование.

ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ

Анкета: Поголем дел од граѓаните сакаат да се вакцинираат против Ковид-19

Успешно одбиен силен сајбер напад на медиумската платформа на ЦИВИЛ

Медиумската платформа на ЦИВИЛ беше мета на исклучително силен DDoS сајбер напад во доцните часови на 18.01.2021. Нападот предизвика потешкотии во функционирањето на медиумската платформа. „Битката“ за одбрана на интернет порталите на ЦИВИЛ траеше до раните утрински часови, кога тие успешно беа одбранети и вратени во интернет сообраќајот.

Организацијата им благодари на вредните систем администратори кои ја водеа оваа „битка“.

Со цел да се заштитат на ресурсите и полесно справување со настанатата ситуација, сајтовите беа недостапни за корисниците.

Како што информираат систем администраторите и експертите за сајбер безбедност со кои соработува ЦИВИЛ, состојбата сега е нормализирана и медиумската платформа на ЦИВИЛ непречено функционира.

ФЛЕШ ВЕСТИ 

Ковид центарот на Клиниката за Очни бочести од вчера е затворен, а во текот на денешниот ден ќе се префрлат и останатите четворица пациенти од центарот на Клиниката за уво нос и грло и во текот и тој центар ќе биде затворен.

Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива, во Скопје ја промовираше кампањата и платформата „shtetesia.mk” (државјанство). Оваа платформа, во име на коалицијата, ја презентираше Башким Бакиу, раководител на Аналитичкиот центар на Алијансата за Албанците.

Како што соопшти владината прес-служба, Националната комисија за УНЕСКО која е во координација со владиното интер-ресорско тело со кое претседава премиерот Зоран Заев е вклучена во подготовката на Извештајот за напредокот за 2020 година кој нашата држава треба да го достави до Центарот за светско наследство на УНЕСКО до 1 февруари оваа година.

Министерот за здравство Венко Филипче соопшти дека од 21 јануари угостителските објекти ќе работат до 21 часот, предлог усвоен на денешната седница на Владата.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 30 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 283 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, соопшти Министерството за здравство.

Само еден лобист е регистриран во нашата земја од 2008 година, кога стапи на сила Законот за лобирање до денеска, што покажува дека регулативата во пракса не ги остварува предвидените цели, се вели во образложението на новиот предлог-законот за лобирање за кој утре (20.01.2021) треба да расправаат членовите на собраниската Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања.

СЛОБОДНА ЗОНА

„Омразата ја говорат професори, политичари и новинари. Омразата ја говорат млади и стари, припадници на различни етнички заедници и уверувања, жени и мажи, … Се шири како пожар и граѓаните постепено почнуваат да ја прифаќаат како нормална, потребна, па дури и како составен дел на демократијата. Говорот на омраза може да е израз на немоќ нешто да се направи, меѓутоа сигурно не е решение. Тој не е орудие на демократијата, туку е оружје кое ја уништува демократијата“, пишува Мирјана Најчевска во колумната „Моќта и немоќта на говорот на омраза“.

„Што имаш ти од тоа што ги браниш реформите?“, „Интердисциплинарноста е во ред, туку многу лош ‘тајминг’,“ „Ти си апологет на власта, ги браниш реформите, договорот со Бугарија и Преспа, и сè вкупно,“ „Останавте пет предавници да го браните Заев.“

Очигледно, патриотскиот дел од академската и, пред сѐ, УКИМ-заедница се однесува како да не забележале – или можеби и навистина не забележале – како со години постојано повторувам дека во методологијата на администрирање сè уште не сме го надминале проблемот на „заробена и заробувачка држава,“ според моделот на европските хибридни или илиберални демократии – за да е појасно, идеологијата на Виктор Орбан и Матео Салвини. А постојано инсистирам и на домашната сцена и во меѓународни policy студии и на меѓународни настани – како конференцијата во Виена минатата година организирана со Institut für die Wissenschaften vom Menschen – дека ниту Итните реформски приоритети во својата суштина не се целосно исполнети, туку само површно“, пишува Катерина Колозова во колумната „Одговор на прашањата „што имам јас од ова“, но и „што имате вие од ова“.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ