Македонската граѓанска организација Цивил и германската youth4media ќе одржат прес конференција посветена на дезинформациите и пропагандата денес, петок, 9 декември, во хотел Сити Парк (кај општина Центар) со почеток во 13 часот. Средбата со медиумите е дел од програмата на првото издание на Меѓународната недела на новинарството отпорно на дезинформации и пропаганда. Дел од програмата во текот на изминатата недела беше и Меѓународниот семинар „Отпорно новинарство во борба против дезинформациите и пропагандата“ во чија практична работа и продукција учествуваа медиумски професионалци од Северна Македонија, Германија, Ерменија и Косово.
Прес конференцијата се одржува и по повод Меѓународниот ден на човековите права (10 декември), со слоганот Дезинформациите и пропагандата ги кршат човековите права. Спротивставете се!
На прес конференцијата ќе се обратат Џабир Дерала од Цивил и д-р Волфганг Ресман, прв човек на меѓународниот проект Медиумски дијалог. За изјави ќе бидат на располагање и Катерина Соколова од Институтот за новинарство во Кијив, Украина, Мкртич Тонојан, мултимедијален уметник од Ерменија. Како и сите други настани на Цивил, настанот е отворен за сите заинтересирани граѓанки и граѓани.
Проектот го поддржува Владата на Северна Рајна-Вестфалија, Дизелдорф, Германија.