• Latest
Добро утро со Орданоски

Пресврт: Договор, сепак, ќе има!

October 17, 2018

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
Премиерот Христијан Мицкоски, седница во Собранието за реконструкција на владата, 13 јули 2026 (фото извор: Влада)

Скандалозна реконструкција на Владата: Навредите на Стоиљковиќ – мрачен потсетник за состојбата на политичката култура и демократијата во земјата

July 14, 2026
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Сеќавањето на Сребреница е цивилизациска обврска – последната фаза од геноцидот е неговото негирање

July 14, 2026

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
РУСКА ДЕСТРУКЦИЈА: Мариупол, Украина (фото извор: Фејсбук страница - Mariupol Destruction and Victims)

Крвавиот објектив на Кремљ: Како преку престижна германска награда се пере рускиот геноцид во Мариупол

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Пресврт: Договор, сепак, ќе има!

October 17, 2018 08:00
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: Сашо Орданоски

[dropcap]В[/dropcap]ака сега: од добро информирани адвокатски и други висококвалификувани озборувачки кругови се дознава дека вчера и завчера се одвивала вистинска драма меѓу обвинетите за настаните од 27 април! Имено, откако Заев од собраниската говорница понуди амнестија за вмешаните во тие случувања – сирот Заев, се разбира дека и обвинетите така ја сфатиле онаа невешта понуда за „помирување“ – кај обвинетите дошло да голема еуфорија и раѓање на надеж дека сепак имало Господ (во нивната верзија, тој се вика Спасителот Великомаченик Зоран Заев Муртински) и дека за своите злодела нема да одговараат…

Но, за разлика од Господот, Ѓаволот ни ора, ни копа (во верзијата на обвинетите од 27 април, се работи за клето, двоглаво, непрокопсано суштество со две имиња, Никола Мицкоски, односно Христијан Груевски), па таквата понуда за амнестија од Заев била „принципиелно“ отфрлена од страна на ВМРО-ДПМНЕ, за да се зачува патриотската анти-НАТО и анти-ЕУ позиција на неменување на името согласно Преспанскиот договор, како најопортуна можност за враќање на власт.

Анти-климакс кај обвинетите: за злоделата, сепак, ќе си одговараат, за тероризам, според словото на Законот! Ај, беља работа!!!

Следствено, меѓу обвинетите настанал емотивно-политички „потоп“, чиишто вистински димензии се виделе на вчерашното затворено судење при сведочењето на загрозено-заштитениот сведок. Повеќемина од обвинетите побарале од своите адвокати итно да вртат телефони уште за време на судењето до двоглавото ѓаволско суштество Христијан Груевски и Никола Мицкоски и да им кажат вака: не се договорите ли во најскоро време за понудената итна амнестија, НИЕ, а не заштитените сведоци, ќе проговориме за тоа КОЈ и КАКО стои зад нарачката и командата на насилствата на 27 април во Собранието!

Сироти адвокати, почнале да вртат телефони до началството на Ѓаволот, од каде добиле упатство од двоглавото суштество како знаат и умеат да „купат време“, додека Нечастивиот не смисли стратегија како обвинетите да ги задржи со затворени муцки, додека ги преведува „жедни преку вода“!

Затоа и следувал хаосот во судницата, што судијката Кацарска, за да не дојде до „братоубиствена војна“ помеѓу следбениците на Ѓаволот и адвокатите на Ѓаволот, морала да го смирува и санкционира со казни за сите адвокати и привремен прекин на судењето. Но, сепак, малку време се купило.

Ама, сеа, шу прајме?! Иницијативата, наеднаш, е во рацете на Спасителот Великомаченик Зоран Заев Муртински! (Кому, патем, му е јасно дека, кога сето ова успешно ќе заврши, сметката за политичка наплата ќе стигне и на негово конто.)

Миракулно, доаѓа до драматична промена на атмосферата во Собранието кај пратениците од ВМРО-ДПМНЕ: чекајте, колеги од власта, можеби навистина има простор за договор, НАТО и ЕУ на сите ни се многу важни, па Мицкоски и Заев да ги заклучиме во соба додека не се договорат и потоа да ни кажат на сите што да правиме… И слични глупости. Оти и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не се глупави: сега тие треба да ја преземат историската одговорност и да ја спасуваат кариерата на двоглавиот Ѓавол кому беспоговорно му служат, бидејќи ако проговорат обвинетите за насилствата од 27 април, отиде и партијата и каузата – а и многумина од нив – низ историската канализација во Идризово!

Дополнително, власта ургентно ослободи двајца пратеници од домашен притвор, за да им покаже на следбениците на Ѓаволот дека намерите за амнестија ѝ се сериозни…

Ете, вака некако, до крајов на неделата треба да се очекува Македонија да си ги исполни своите обврски од Договорот од Преспа. Како и да го свртиш, целта ќе да ги оправда средствата.

Сепак, целата оваа епизода во македонската успешна евроатлантска приказна ќе остане за натамошни поучни анализи на тема: Зошто Македонија доби своја државност последна на Балканот? А и зошто може, сè уште, прва да ја загуби…

 

 


Преземање на содржините НЕ Е ДОЗВОЛЕНО, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ. Повредата на авторските права е забранета со закон. 

Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста 

Tags: 27 априламнестијаГруевскиЗаевМицкоскиСобраниеСпогодбауставни измени
Share755TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ