• Latest

Презентирани владините мерки за финансиска поддршка на инвестирањето пред прилепските компании

June 21, 2018
Злосторникот и соучесниците

Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

August 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Статистиката не е економска политика, гласање ќе има, ама ќе нема избирање

August 28, 2026

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ: Ние прашуваме, тие бегаат од одговори – која е вашата порака до политичарите денеска?

August 28, 2026
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
Фотографија: Википедиа

Дрон со експлозив меѓу лежалки и чадори: војната во Украина сè поблиску до романското крајбрежје

August 27, 2026
Украина, Сумска област, 27 август 2026 (фото извор: ДСНС)

Ден 1646, руски терор врз цивилите во Украина: Нападнати Кијив и Одеса – оштетени училишта, здравствена установа и станбени објекти

August 27, 2026
Скриншот од видео на Би-би-си

Катастрофални поплави на Хималаите: најмалку 165 загинати, речиси 1.500 исчезнати

August 27, 2026

ВЛЕН и ДУИ: Кој е заслужен за неизградбата на автопатот Скопје – Блаце?

August 26, 2026

Мицкоски коленичи пред Трамп, а Северна Македонија ја нуди како коцкарски жетон

August 26, 2026

Податочни центри во Северна Македонија: Помеѓу технолошката неопходност, локалните реалности и зелените стратегии

August 26, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Презентирани владините мерки за финансиска поддршка на инвестирањето пред прилепските компании

June 21, 2018 15:49
in ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Прилепската регионална стопанска комора со формирање комисија ќе им помогне на компаниите правилно да аплицираат за владината финансиска поддршка во инвестирањето, но и за изготвување бизнис план, беше соопштено од Регионалната стопанска комора во Прилеп при денешната средба на прилепските стопанственици со министерот без ресор, задолжен за странските инвестиции Зорица Апостоловска и со претставник од Фондот за иновации и технолошки развој.

Според Ирена Јакимоска, претседател на Прилепската регионална стопанска комора, компаниите и комората ги поддржуваат владините мерки.

– Во Прилепско има компании кои се претежно извозно ориентирани, добро етаблирани во македонските стопански текови. Ги поддржуваме сите мерки кои  ги донесе Владата за стимулирање на инвестициите, и пред се, на извозните компании и најбитно е што мерките се носат заедно со барањата на членките на Стопанската комора. Ние ќе им помогнеме на нашите членки да аплицираат за владино субвенционирање и во изработката на бизнис планот. За брзо ќе формираме работна група која ќе им помогне на компаниите да дојдат до владините субвенции, рече Јакимоска.

Министерката Апостоловска нагласи дека денеска пред прилепските компании Владата ги приближува сите услови, финансиски поддршки и можности со кои може да се запознаат компаниите и додаде дека подршката е подеднаква за домашните и странските компании.

– Во рамките на пакетот за економски развој и раст на државата беше донесен Законот за поддршка на инвестициите, а потоа и правилниците за спроведување на тој закон, така што е создадена правната рамка за имплементирање на тој пакет што ќе значи поддршка на инвестирањето. Овде сме да ги приближиме сите услови, финансиски поддршки и можности со кои може да се запознаат компаниите од Прилепскиот регион. Со финансиските мерки државата е подготвена да им даде поддршка не само на странските, туку и на домашниоте компании, и не прави никаква разлика, а тоа ќе се одвива транспарентно, изјави Апостоловска.

Ќе има поддршка, прецизира, за нови вработувања, во извозот, во доменот на освојување нови пазари, во воспоставувањето технолошко-развојни центри.

– Посебно вмимание ќе се обрне на соработката на домашните со странски компании како нивни партнери во производствениот циклус на странските инвеститори кои се веќе етаблирани во државава, а и тие што допрва би дошле. Оценивме дека е добро на средбата да биде присутен  и претставник од Фондот за иновации и технолошки развој поради малите и средни претпријатија, посочи Апостоловска.

За прилепскиот градоначалник Илија Јованоски ова е потврда на владината, но и на заложбата на локалната самоуправа за економски раст и развој.

– Оваа средба е потврда на промоцијата за раст и развој на економијата и за странското инвестирање во Прилепскиот регион, а ги промовира локалната и централната власт. Ова значи дека се стимулира економијата, а локалната самоуправа сесрдно ќе помогне во тој процес, рече Јованоски. (MIA)

Tags: економијакомпанииподдршкаПретпријатијапромоција
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ